Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со човек во кој не сте заљубени

Дискусија во 'Врски' започната од Hellobeautiful, 23 октомври 2019.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Научив со мозокот да одам а не со срцето веќе јбг изгледа поради некои што ме повредиле од минатото, така научив на никое машко да не верувам џабе ке се трудиш ко на крај со друга пак ке отиде ако не планираш со него брак нешто а сега за сега не планирам такви озбилни чекори по шо сум млада, џабе ке се заљубувам многу кога не планирам сега за сега ни во наредни 4 5 години ништо озбилно како брак, по со имам други цели. А со тој што сум сеа не дека ми е ептен без чуства имам чуства пак е некое сакање, подржување, поштување ми годи со него се можам да му кажам ама да се впуштам во длабока врска каде самата себе ке се погубам нее. Хаха извини на долгиот текст :D
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Посесивноста и љубомората не се знак на љубов. Јас ти посакувам да почувствуваш вистинска љубов. Тогаш нема да си ни посесивна ни љубоморна.
     
    На sj *O*, theowndemon, glosipgirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Ова води кон личен проблем, свест.
    Тоа што треба да ти годи е да поработиш на себе.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Баш си ми ја погодила темава! Темата ти е супер. Бидејќи и јас штотуку раскинав ваква врска ама баш исто се осеќав како тебе. А влегов во врска од што бев очајна и разочарана од машки кои не ценат а и мислев дека мн ме усреќува детето од што беше фер и ме ценеше ама јас сватив дека неможам да го засакам и арно на време раскинав и сега се осеќам слободна во душата. Едноставно си дадов шанса на себе да успеам да го засакам ама не биваше :( Се обидував ама не биваше :( Сеуште сакам еден глупак за жал :( А многу сум мечтаела да сум со некој кој ќе ме сака и конечно кога најдов пак јас немам чуства! :x Јбг воопшто немам среќа во љубовта. Ми е мака и ми е криво кога го гледам уништен и дури сеуште ми пишува ме моли да дружиме велејќи ми дека ќе ме чекал :^) и душата ми се кинеше кога ми плачеше на тел :( но што можам, не бива да се казнувам себеси и исто така арно што му кажав на време. Во беља само што си влегов :(
     
    На Gosh, sj *O*, poppie и 3 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не ми треба да сум заљубена, за да бидам во врска.
    Сега, колку време ќе трае, зависи од тоа дали има нешто што ме привлекува/ми е интересно итн...
     
    На stetoskop, hermosa, Dadusicka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Таков ми е карактеро јас кога сум стварно заљубена само за себе сакам и нејкам да делам со никој а у денешно време ретки се машките шо не кријат ништо од партнерките. Неможам да верувам и тоа е тоа
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ne se grizete denes 90% od vrskite i brakovite se bez ljubov no sepak si se zaedno.Samo labavo 8-|
     
    На sj *O*, stetoskop, Dadusicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Roxy1991

    Roxy1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Zavisi koj kako ja prifaka ljubovta ponekogas nesvesno vleguvame vo vrski , potocno se zatreskuvame vo pogresni osobi mislejki deka si ja nasla povtorno tvojata druga polovina no ete se se krsi se se rusi za mig koga doznavas i se budis od toj son deka ne e on licnosta koja so si ja zamisluval sosema e drug vo vrskata dodeka te osvoi dodeka ti go skrsi srceto i red taka natakaj
     
  9. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Иста ситуација и кај мене.
    Само што не знапочнавме врска, искрено му кажав како стојат работите од моја страна.
    Супер дечко (според тоа колку што го запознав), многу добро реагираше после моите зборови, дури и уште сме во пријателски контакт.
    Но кога не оди- не оди.
    Но сепак едно знам, среќна ќе е неговата идна девојка и навистина му посакувам се најубаво.
     
    Последна измена: 24 октомври 2019
    На Annora, sj *O*, poppie и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Одлична тема си отворила.
    Јас бев во таква врска 6 месеци ,на почетокот ми беше супер првиот месец дури мислев дека готово сум се заљубила и веќе вториот месец почнав да оладувам и воопшто немав емоции кон него но многу ми беше жал да му раскинам затоа што знаев дека премногу е заљубен во мене накај третиот месец пробав да му речам да правиме пауза до реков ќе му речам пауза па ќе го откачам некако ама никако не прифати почна да плаче и си реков што да правам греотка ми е и продолжив он постојано ми зборуваше како ме сака како не би можел да живее без мене и на крај последните два месеци толку го одбегнува што мислам дека еднаш во месецот излагавме и веќе не можев да издржам му кажав крај е он пробуваше да ме натера да останеме ама му реков дека сум цврсто одлучена кога дојдов дома ми пиша реферати како ме сакал како не можел вака и ме молеше за друга шанса преку други на крај го избришав од ФБ и другар ми кажа дека зборел по други дека сум му раскинала затоа што немал пари :|
     
    На Herrera, candy.cane и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Не сум била во таква врска, но еднаш имаше шанса да сум. Порано еден многу ми пишуваше, цели 2 години ми велеше дека ме сакал најмногу од се', сум му била живот, се' ќе направел за мене и сл (А тоа што во живо само еднаш ме имаше видено и ни едно здраво немавме разменето друго е).

    Така еднаш се мислев да му дадам шанса, можеби ќе го засакам и јас со тек на време, можеби ќе испадне добар за мене. Признавам и дека осамена бев, сакав партнер до себе, сите имаа и ме јадеше одвнатре. И сега си викам арно што долго се мислев дали да дадам шанса и што одлучив да не му дадам. Не долго потоа се запознавме со дм, човек во кој од почеток бев вљубена и супер ми беше.

    После тоа следеа пораки од овој што ме сакал во стилот што сум видела во некој постар од мене ме фатил за да ме жени, поубаво ќе ми било со него дека врсник. Long story short, после скоро 2ипол години јас сум уште во среќна врска, а тој првата што ја фати откако ме "преболи" ја ожена и дете имаат. :)

    За крај би рекла дека не можам да се замислам во врска со некој кој не го сакам, ниту можам друг да замислам што со години би се влечел со некој што не го сака. Мислам ајде, се работи за сопствената среќа, зошто да сме мизерни и да глумиме со некој. Едно е ако имало чувства на почеток па исчезнале, па после да следи раскинување, друго со години да глумиш чувства и да го лажеш другиот. Како беше она, има луѓе што одглумуваат цели врски, а јас не можам едно "здраво" да одглумам кон некој што не ми се допаѓа. :D
     
    На sj *O* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Сум била во врска без грам љубов, онака дечкото беше фин, ме сакаше и мислев дека јас ќе се приалгодам, но тешко е, многу. Секое негово јавување ме живцираше, секое излегување со него ми беше како товар, не го сакав, не можев да го сакам. Му раскинав, по 2 години пак пробавме, исто му раскинав без причина, не сакав да се гледаме. И оттогаш решив, вака веќе не, ако немам емоции за некого.
     
    На ku4ence, sj *O*, stetoskop и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Мене сегашната врска на почеток ми беше ваква. Ми се допаѓаше тој ама со него одев повеќе од што ми беше да речам интересно и поради тоа што немав дечко претходно па ајде да пробам отколку од заљубеност. Дури планирав да раскинам после некое време и не гледав толку во него партнер за долго. Некогаш ми беше тешко и се осеќав дека го лажам. Ама со тек на време како што се зближивме го засакав и многу поинаку го гледав. Сепак ми требаше време да се убедам сама дека навистина го сакам.
    После некое време му го кажав ова и ми рече дека и тој се осеќал исто, дури уште мислел на претходната ама сакал да ја заборави неа и да проба со некоја друга па тек отпосле се заљубил.
     
    На sj *O*, GirlRose, marija305 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    тоа и јас сакав да го кажам. Убави искуства сте споделиле ама колку луѓе влегле во брак без љубов.... Онака колку да се омажат/оженат да не се сами,к луѓе влегле во брак зашто биле долго во врска па ете да не им "пропаднат" годините заедно а и сите ги знаат дека се "еден за друг" .
     
    На mime87 и carangigia им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    36.101
    Пол:
    Женски
    Не сум имала таква врска. А и не би можела да бидам во врска со некој што не го сакам.
     
    На sj *O*, hermosa и elenaeli22 им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Сум била еднаш во таква врска, и од тогаш навака дечко немам фатено.
    Толку беше безвезе тоа, он ме сфиѓаше многу ја него уопште.Толку ме замараше ме бараше ми досаѓаше..а не го сфаќав нити трпев пошто грам емпатија немав према него.
    И ми збогтиса, и од тогаш навака еве сингл сум си 2 години хајхсјс
    Ако некој ми се сфиѓа би се фатила со него пошто можда ќе го засакам.Ама без тронка емоции веќе у таква врска не.
    Токсично е, нема страст, монотоно е и така
     
    На LadyInTheDark и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    26.927
    Јас па во животот мој до сега сум имала една врска и тоа е сегашната.
    Никогаш не би се впуштала во врски само ради реда.
    Со дм претходно бевме пола година само другари,потоа тој ми изјави дека има некои чувства,но јас не бев сигурна.Се сеќавам дека и кога тој ме праша за врска,а јас реков да,но,не бев сигурна.
    Но,со тек на време го засакав и се што правиме заедно знам дека е со љубов.И искрено не се сомневам во неговата љубов.Толку многу работи има направено за мене,а и јас за него.И во добри и во лоши мигови сме си биле поддршка.За мене барем тоа е љубов.Не ми наредува си имаме слобода, во смисла време со другари и другарки,фамилија,време и за себе итн.
    Можеби почесто така да се лутам за глупости пошто јас сум ептен „сензитивен“ карактер,демек.Ама љубомора во некои нереални граници никогаш не е имало ни од моја ни од негова страна.
    Не можам јас да се замислам да сум со некој кој не го сакам.
    Ако некогаш замре љубовта со тек на време,ќе му кажам.Се надевам дека и тој ќе ми каже ако има нешто такво.
    Пошто самата таа врска ќе стане токсична и ќе биде само како оврска и тортура.
     
    На sj *O* и candy.cane им се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Ја на кафе не можам да излезам со особа која не ме привлекува, дури не можам ни да четувам, а камо ли па врска да терам во која не чувствувам ништо. Мачење, ништо друго.
     
    На LadyInTheDark, Lunadeeztac, Dadusicka и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    465
    Во животот од најрана возраст сум имала тенденција да имам симпатии за чија што слика во глава создавав такви фантазии љубовни , и опсесивно најверојатно се врзував.. Но по некое време нели ќе избледеше чувството и тн и тн. Како што растев, имав 2,3 да речеме врски, комплицирани и некомплицирани, со машки во кои што обично бев прилично заљубена и занесена,, па поради X причини завршував повредена, и врските со нив беа неуспешни.. Во принцип сум била со машки со кои што меѓусебниот интензитет на посакување и страст ни биле на приближно исто ниво... така да, за мене беше секогаш несфатливо да давам обиди на мажи и да почнувам врски да речеме во средно како моите другарки, со машки што ме свиѓаат и сакаат да се со мене, а мене ми се само ок, и нее сум сигурна дали можам да се заљубам.

    Едноставно тоа чувство во мене што ми кажувало дека во некого гледам потенцијал за заљубување, го имам од одма... и знаев дека се друго би било измачување. Дури и по неколку обиди за ссотаноци со такви прилики, непријатно ми било на самиот состанот..ја би станала затворена и ладна, и тн .. не би можела да функционирам на подолг рок.

    Е сеа, како поголема, исто како што пишала членката погоре, решив да се обидам нели да дадам шанса, предизвикано од многуте совети од сите..обиди се, многу прибираш,. најди дечко што тој ќе те сака повеќе и ќе е занесен повеќе по тебе, за да не се замараш//и т н и тн. Дадов шанса на дечко со кој што комунициравме така одредено време, ми беа забавни муабетите, привлечно ми беше да си пишам, да се дружам, ок се спојувавме на мн теми забавни, и тн... Започнав врска, траеше дури цела година ипол ( благодарение на тоа што живеевме во различни градови па се гледавме за викенд, значи 3 дена во неделата) инаку верувам дека ке завршеше порано... Ми даваше доза на стабилност и смиреност, и се ок... Но секако во одреден момент сфатив дека сето тоа е всушност другарство, едно добро пријателство..ние буквално немавме тема за која што можеме да се искараме, пошто провокација не ми предизвикуваше ништо од негова страна... Мислам дека и женска да му се пушташе немаше да ме допре тоа..ете така се осеќав...

    Тој , за разлика од мене, не размислуваше така, и иако меѓу нас веќе преочигледно беше дека има милост и некоја драгост партнерска, нема никаква страст и реални емоции.... Обидите да раскинам беа пекол.
    Најверојатно нему му беше дојдено време за сериозна врска па ја бев прилика, ама тој вооопшто не размисолуваше за тоа дека ја и тој едвај година дена сме во врска,. а неаме страст, а не па цел живот заедно.

    Драматично и тешко на совест ми беше раскинувањето, грижејки се за неговите плачења и молења се изедов себеси, ама секако и мојата крајна мисла беше дека не вреди својот живот да си го жртвувам за тоа што некому очигледно љубовта не му е приоритет пошто не се открил доволно себеси да знае што е тоа, и да знае дека меѓу нас премногу фалеше !!!


    Во мене некој доста силен глас, доста конкретно врескал дека она што треба да биде , треба да е љубов, во целата своја најубава форма.
    Треба да е страст, треба да е партнер што и со поглед ти ги чувствува промените на расположение.. треба да е поглед во очи и меѓусебна искра, треба дечкото никогаш да не стане твој брат, и обратно, ти негова сестра..затоа што тоа е она што ја двои таа партнерска љубов, од чисто сакање, наклонетост, пријателство, и почит.

    Да, љубовта треба да е пријателство..треба да е и почит, ама никогаш не треба да се осеќате како брат и сестра :)))

    Сфатив дека сите можеме да изградиме можеби и одлични бракови, со деца и со супер средени животи, покрај вакви партнери, ама тоа е проект.. тоа е општествена цел.. тоа не е љубов..тоа не е сплотување на две души.... тоа не е личност што ти ги обожава сите твои мириси.. кожа... поглед.. движење на раце, насмевки и солзи.


    Љубовта е единственото нешто на светов што не тера да веруваме во магиа.. И точно тоа треба да биде, magic :)

    Да ги буди сите сетила, и да означува НЕШТО ПОСЕБНО. А не само мејнстрим бидување со некој.

    Подобро бидете сами, отколку со празни срца што не осетиле што значи таа неверојатна сила и енергија што може да се развие помеѓу две души.
     
    На Annora, sj *O*, piksooki и 2 други им се допаѓа ова.
  20. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Браво. Ќе бидете прекрасен пример за вашето дете, кое ќе израсне со родители од кои треба да учи на вистинска љубов, почит, разбирање, морални вредности. Дете кое ќе трпи ваши го*на и расправии и ќе си има комплекси уште во најрани години, за на крај еден развод да му дојде ко шлаг на торта и да се прашува каде згрешило. Можеби таквите бракови опстојуваат да, но не би можеле да знаеме што сѐ се случува зад затворени врати за да опстане таков брак.
    Да не зборуваме во какво општество живееме и дека еден развод претставува најголем "срам" за една фамилија, па се трпи и се поминува преку сѐ само да се изглуми едно традиционално и среќно семејството во очите на другите.

    Само лабаво, воопшто да не се грижите.
     
    На Annora, Cinnamon Bun, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.