Незамисливо ми е. Подобро да си сингл, отколку подолго време да оддржуваш врска без емоции од твоја страна.
Добро, девојката сакаше да каже како денес функционираат работите, не дека го одобрува тоа. Мене лично ми кажувала девојка „па нема подобар, што да правам или нема нормален што да правам“. И сега? Како да го сфатам тој одговор. Демек нема саглам, па ај трпам некого онака да помине време. Токсично, исцрпувачко, без емоции, без убавина. Чудно ми е како се тероризираат себеси, ама очигледно полошо им е да се сами, не можат да поднесат, губат компас.
А тие што си имаат Sugardaddy? И тоа е некаков вид врска. Госпожа глуми дека многу го сака дедото од 94години додека тој и трупа подароци, одмори, пари, автомобили и др. материјални раб. Сакам да кажам дека има многу жени, девојки кои се во вакви врски/бракови, свесно со некои намери или несвесно, бидејќи и се допаѓа некој да трча по неа и да и угодува и да и купува, додека таа не осеќа ништо поврзано со љубов. Јас лично не би била (ниту дум била) во врска со некој што не ме исполнува целосно (емоционално).
За мене ова е нешто незамисливо. Гледам на љубовта и на врските како нешто каде треба да има љубов и интерес од двете страни. Не би била со некој што го сакам, подобро сама отколку со било кој, а покрај него да се осеќам безврска и да го лажам дека го сакам...
Освен ако нели, врската е само сексуална и двете страни го знаат тоа, нема поента да се лажеш себе си и партнерот. Прво не е фер кон личноста која е до тебе и која те љуби длабоко, второ ваквата врска ќе доведе до празнотија во самата личност. Искрено, поентата на врските е да ја почувствуваш таа длабока вљубеност меѓусебно.
Opusteno draga,samo ja kazav vistinata ako toa go boli nekoj togas toa e negov problem ne moj. Gledam okolu mene sto se slucuva kako na podol i ne moralen(ako voopsto ostanal nekakov moral), nacin se izneveruvaat se lazat i prikrivaat a sepak se zaedno i toa e realnosta, ne mozime da go pokrieme sonceto so eden prst,lugeto svesno vleguvaat i ostanuvaat vo vakvi vrski ili brakovi. Zosto? sekoj sam si znae nemozime nie na nikoj da mu sudime, a kakov primer ke dadat na svoite deca ako gi imaat samite neka si mislat. Sekoja cest na isklucocite koj vo denesno vreme se sve poretki,tie neka bidat primer za idnite generacii ok. Sve dodeka mislime poveke na toa sto ke kazi komsijata otkolku na nas i na naseto mentalno zdravje sekogas ke si patime i stradame vo tisina. Dobar razvor e podobar od los brak site znaeme,da se bide sam i vo mir e podobro otkolku vo losa i ne funkcionalna vrska i toa go znaeme.
@Hellobeautiful Си можела отворено да му кажеш, наместо да се лажете и губите време. Очигледно нешто не чинело некое, т.е. цело време, не мора да бидеш во врска само ради реда - онака. Како човек сам ќе си се стави во зезната ситуација, никој не може да го стави. Или пак, си можела уште да одиш со него и да го реметиш до смрт и на крај да го откачиш, кога нај не очекува, убедувајќи го дека е негова вина и дека тој не чини како човек - може и ќе се обеси. Whatever floats your boat and whatever kinks your pink.
Во маж ми не бев заљубена кога се фативме. Ама се заљубив, како никогаш до тогаш, никогаш потоа... и нема така да се заљубам, никогаш во иднина.
Само една врска сум имала, со сегашниот сопруг. Едноставно знаев дека тоа е тоа. Не би можела да бидам со некој во кој не сум вљубена. За мене емоциите се на прво место( можеби дека сум рак ) Секако дека имало ситуации кога ми се пуштале дечки но ако не сум почувствувала барем некоја искра меѓу нас не сум давала воопшто шанса, бидејќи знам каква сум, ако не ми се допадне од прва, нема ни на стотиот пат. Затоа од старт си кажував искрено, не сакам да повредувам луѓе,исто како што не сакам да ме повредат мене. И фала богу со таквиот однос до сега не сум згрешила, скоро сите кои "ми барале шанса" да кажам ми останаа супер другари.
Мислам дека на почеток никогаш и не се сакаме. Фаза на заљубеност каде на двете страни е интересно? - Да, во секој случај. И после тоа раскрстуваш пат кога ќе паднат розовите наочари. Ослободување од раскин имам почувствувано, абе среќа неизмерна иако 20мин пред тоа мислев дека го сакам и дека раскинот е од други причини. Лол.
?! Па му кажав, кога осетив дека не се чувствувам како што треба одма прекинав. Заедно бевме месец дена, сигурно немаше да го реметам 'до смрт' бидејќи и јас ќе полудев тој период. Никогаш не му префрлив вина нити направив нешто за да дојде до степен да се повреди. Чинеше на почетокот и еден ден и момент со него беа клучни дека таа врска не е за мене. Не знам дали убаво ме прочита во воведот, коментаров нема врска со ништо од тоа што го пишав али ај.
Ништо чудно, најголем број од луѓето се у врска или брак со партнер шо не го сакаат. Ако вие ги сакате, голема е веројатноста они вас да не ве сакаат. Затоа и има толкав број на изневерување, да не речам 80 посто од луѓето шо ги знам, а шо се у врска, вараат. Најголемиот број од луѓето не се со оние шо ги сакаат. Најчесто оти другата страна не ги сака нив, или па не можат да создадат копромис за соживот. Само веќе е доцна за нов живот, или па им одговара партнерот у поглед на соживот. Не постои тоа совршенство секој пар да е сочинет од сродни души. Тоа е животот, јбг.
Не би можела да сум во врска и притоа да немам чуства,заљубеност,љубов,да сакам некого е потребно за сум со него.Во спротивно не ни влегувам во врска.
Сум сретнала многу луѓе со такви врски, без врска. Кога ќе чујат дека некој добро се сложува, дека има добар брак, дека некоја девојка има добар дечко, одма ликот им се менува. Еднаш со една другарка збориме нешто за врски, после пиење кафе, таман на одење од кафичот, и велам „абе што фајде од врска која не води никаде, само губрење на време“, општо беше тоа, не за неа, смени лик, пребледе и замолче. За жал врските и браковите станаа како некое привремено решение, взаемна корист, додека да се најде нешто подобро или па да се најде, барем едниот ќе биде на грб на другиот, бенефит некаков ќе има, или за пред комшиите ќе имаат партнер.
Грижа на совест можеш да имаш и доколку бидеш во врска со човек што не те исполнува на никаков начин. Да, прва е љубовта, ама со љубовта се градат и доагаат икс други чуства и поими за љубов, пријателство како на пример, најдобар другар и слично. Ако ти тоа го немаш зошто прво ти па и човекот да се мачите? Кога ионака не можеш да возратиш на ист начин? Тоа е мачење. Со сила убавина не бидува. Не, не мораш да бидеш со човек кој што не го сакаш. Најмалку и тој да биде со тебе, со ова решавање и ставање крај можете и двајцата да си ја побарате вистинската љубов, среќа и исполнетост на страна!