Точно. Имам чувство дека некои луѓе ги мешаат овие две. После одреден период во врската кога не се осеќаат како на почетокот мислат дека не е тоа тоа веќе и тој не е човекот за нив. Јас одамна немам пеперутки во стомакот и не сум заљубена во дм. Ама го сакам, бирам да го сакам. Тој е оној со кој сакам да го поминам животот. Љубовта е избор, заљубеноста не.
Точно. И така треба да биде. Замисли 40-50 години, да се 'притресуваш' и 'возбудуваш' кога ќе го видиш? Срцето ќе ти откажи. Љубовта е чувство на стабилност, мир, згриженост.... comforting...
@WildMk Така е, љубовта значи стабилност, но значи и страст. Барем според мене. Можеби интензитетот на заљубеноста нема да биде иста како на првиот ден, но мислам дека искрата може да се разгорува и понатаму... па зошто да не и по повеќе години
Затоа што трагаат по таа фаза на заљубеност со која се лажат дека еве баш со следниот партнер ќе трае вечно.
Или то или љубовта која ја осеќаат не е романтична, туку пријателска. Многу луѓе се сакаат како пријатели и функционираат добро така ама романтично не е то то. Како и да е, не сфаќам зошто некој би бил во врска ако не се сака. Пошто љубов и почит во врска се основа за како ќе се одвива та врска. Да, договор е, ама секој човек има потреба да припаѓа негде и евентуално ќе сака да замини со нов кој ќе можи да му ја подари таа љубов. Иако не се сакаат со партнерот, со таква постапка сепак можи да го повреди јер ќе му повреди гордост.