Не знам сеуште од што ми беа тие симптоми, но веќе престанав да ги чувствувам. Затоа и не отидов на лекар. Ваљда не било ништо сериозно...или па можно е да исчезнуваат симптомите и после одредено време пак да се вратат??? Како и да е, кога ќе имам повеќе слободно време ќе посетам лекар, и покрај тоа што симптомите повеќе ги нема. Само на моменти ми се затнуваат ушите, но тоа се случува ептен ретко(еднаш, најмногу два пати неделно). Сепак, фала на сите што се обидовте да ми помогнете.
Од пред 2 дена почнаа да ми се појавуваат вртоглавици само кога ќе станам од кревет,ќе легнам и ќе се завртам од една на друга страна.Инаку кога седам или стојам,не ми се појавуваат.Притисокот ми беше 90/70, но и покрај тоа што пијам многу течности,ова со вртоглавициве не ми се подобрува.Ме чуди зашто ми се појавуваат само при кревање или спуштање на главата? Инаку ме боли и желудникот и еве 2 дена не ми се јаде. Вртоглавицата е повеке изразена кога ке се свртам на левата страна. Дали некој знае од што може да е ова?
вртоглавица и главоболка Здраво. Јас подолго време можи 2години патам од вртоглавица. Имам низок притисок и според тоа е консатирано дека ми се јавува вртоглавицата. Вртоглавицата ми се јавува ненадејно и така и исчезнува. Пред една година освен вртоглавица започна истовремено и главоболка да ми се јавува. А инаку порано никогаш глава не ме болело. Бев и главата ја снимав и се ама на снимките ништо не излезе дека има, потоа ми велеа дека било психички, ама јас немам никакви проблеми па ни некои грижи посебни. Минатиот пат кога имав вртоглавица ми се појави и мн силна главоболка што не можев ни да спијам. Најчесто вртоглавицата ми трае 1 недела. Пред два дена кога бев излезена во кафиќ зборував нешто со една другарка и наеднаш ми се сврти, одма слеговме долу седнав, мислев дека ќе се онесвестам и кога си појдов дома притисокот ми беше 110 со 90, близок. И вчера имав вртоглавица и притисокот ми беше зближан и денеска исто се чуствувам и како омалаксана сум и главобола имам, најчесто во задниот предел од главата. Не знам зошто вака ми се случува мн ми е страв, а имам само 19години Ве молам за ваш совет, фала однапред. Поздрав
И мене ми се имаше случено да имам вртогавици крвната слика да е се во ред и на крај испадна дека е трето уво , би требало и него да го провериш за секој слушај , што не ја искушува и можноста да се воспалени синуси поздрав и се надевам дека тие вртоглваици брзо ќе ги снема
Фњминки ве молам за помош пред четири дена бев во 3Д кино. Првите 15 минути додека го гледав филмот се беше во ред, но после тоа и до крајот на филмот ми се слоши многу почна да ми се врти, а додека го гледав филмот пиев кока кола и јадев пуканки. И од тој ден па се до денес мене константно ми се врти во глава значи се будам и почнувам со моите дневни обврски ама проследено со вртоглавица така и си легнувам со вртаоглавици. И не е моментална на пример кога ке станам од кревет или нагло да се завртам туку цело време ми се врти и тоа веќе 4 дена. Се исплашив многу си го измерив притисокот денес ми е 110 со 60. Пијам кока кола кафиња течности солена храна јадам ама ништо не помага уште ми се врти и се плашам од што може да биде. Зарем можно да е последица од 3Д киното или не дај Боже нешто полошо??? Ве молам за некој совет ако имал некој сличен проблем ! Фала
Хмм да ти е од 3Д филмот?? Ајде, тогаш за тогаш може да има реакција ама неколку дена не верувам. Може да е од промена на време, нагли промени на температурите, веројатно и ако си во ПМС се случува, при слаба циркулација и нема доволно доток на кислород во главата ... и евентуално крвна слика да провериш. Не секогаш притисокот има врска. Мене минатата недела два дена ме држеа вртоглавиците ама знам од екстремниве временски промени и плус сум во ПМС. И немој да пиеш Кока коли, кафиња и сл. можеш само полошо да направиш.
Фала Julie ете после четири дена со вртоглавици денес сум ко нова, мислам дека се ми беше на нервна база периодов се измалтретирав многу а највише психички па ете требало само да се мирува да се смират малце нервите и многу витамини Поздравче
Чести фрустрирачки вртоглавици Девојк ве молам ако сакате да ми помогнете. Имам проблем со вртоглавиците, тие се многу чести и фрустрирачки. Ми е срам да одам на доктор за да не ме направат лудача. Ако има некој доживеано вакво нешто нека пише многу би ми дошмо од помош. БЛАГОДАРАМ однапред
Чести фрустрирачки вртоглавици Слабокрвност - анемијата може да даде вртоглавици , проблеми со средното уво - центарот за рамнотежа. Провека кај лекар , нема да те направат луда ако стварно не ти е добро . Најлошо од се , ако имаш проблем со срцето т.е ако имаш низок пулс. Повеке на лекар. Поздрав
Чести фрустрирачки вртоглавици Ако си под срес, нервози, некои стравови, или ако си напната посебно во овој период, анксиозна, може тоа да е причината. На почетокот сите имаат проблем прво со вратоглавиците. Второ, може да е до притисокот, ако имаш низок притисок, како мене на пример.
Чести фрустрирачки вртоглавици И мене често ми се случуваат. Имам низок притисок - да, а за слабокрвна и не сум баш, нормално е до некаде. Не е сјајна крвната слика, ама е далеку подобра од пред извесно време. Најмногу ги имам кога подолго време седам или стојам и почнувам да движам. Ми се темни све по списак. Правев анализи и триста чудби, мајка се уплаши и на крај кога сѐ испадна во ред, дојдовме до сознание дека ми е од нискиот притисок.
Чести фрустрирачки вртоглавици Ретко се случува да имам вртоглавици,најчесто ми се причина од замор,недоволно спиење,и ниска концентрација на железо.
Чести фрустрирачки вртоглавици Девојки, посетете лекар, ќе ви препишат едни таблети, со витамини и триста ти такви чуда, одма ќе ви поминат вртоглавиците, бар мене ми поминаја
Дечки и јас овие денови одкако времето премногу се стопли чувствувам како губење на рамнотежата и едноставно понекогаѓ како да лебдам во воздух хаха...Немам вртоглавици и се останато ми е нормално...се сомневам на можеби намален крвен притисок...Ви се има ли случено ова?
драги девојки, јас патам од вртоглавици кои се постојани. т.е не се вртоглавици, но чувствувам како очите не ми стојат мирно. имам чувство како да се наоѓам на брод, чувство на нишање.. едноставно светот не ми стои мирно. чувствувам постојан притисок позади на главата и стегање околу очите. бев на ЕЕГ, но не ми најдоа ништо..
Јас пред неколку недели многу имав вртоглавици ама тоа ми беше бидејќибев на Аткинсовата диета и воопшто не јадев шеќери.. ја прекинав диетата, почнав да јадам овошје и чоколади, се здебелив пак ама важно повеќе нема вртоглавици
Центар за рамнотежа или мал мозок, шеќер во крв, железо во крв, низок крвен притисок....испитај нешто од ова
Колку време ти се случува ова? Оди на ОРЛ за преглед на ушите, да не имаш воспаление на внатрешно уво, може да влијае на центарот за рамнотежа, па да имаш постојани вртоглавици.