Po sve ova sto se sluci i se slucuva vo posledno vreme nema sto da vidime videno e sve i se znae sve banda bez komanda.
И мене исто ми извадиле и ми се јавуваа нон стоп да одам на контра протестите.... Јас се чудам уште од каде им беше мојот број добиен....
@Donatela.W Мобилен ми немаат, а фиксниот не е тешко да го најдат, со оглед на тоа што сме мало место. Така на изборите и се јавиле на баба ми да прашаат зошто не сум уште излегла да гласам Еднаш пак додека студиравме, дојде еден да идеме на контрапротести, да сме се нацртале вика, не сме имале оправдување.. Абе ајде мрш таму
Ќе барале градинките да работат во две смени, што ке било со нивните деца. А што е со нашиве цело време? Па дури се чукаа во гради одлична била досега ситуацијата со градинките,во секој смисол. А што со " обичните смртници" во кои не спаѓаа админидтративците со вакво размислување? Ние сме без образование,робови , што? Срам да им е на истите кои не ги сметаат сите луѓе со исти основни права. Стави Заев,во три смени. И градинки стави. На секој му се живее.
Нека се целодневни градинките, зошто да не... Таман ако имаш работа попладне ќе има кој да ти го причува детето... И викенд нека работат... за сите убаво, нели?
Викенд,празници, абе како декој работник. Ќе кажат ама зошто учеле? Абе кој учел? Секоја чест на исклучоци,не дека се малку. Ајде ке де мењаме со исто ниво на образоцание,исти плати...јас без празници мојт? Јас не дум битна во муабетов,колку да земам некој за пример. Нејкам јас книшки, нејкам врски,само да се смениме на пет шест месеци. Не за друго,за да се осетат како е кога се против предлогов.
Ма јас сум за сите да работат. До 22 часот! Како може Рамстор, така може и цела државна администрација. Имало или немало работа, да се работи.. Не може случај за купување на земјиште под зграда од Гази Баба да го пратат на решавање во Валандово затоа што биле претрупани со работа а не им се работело втора смена.. Седи молим те..ги испотивте фотељите..
Пренатрупани сме по форумите,да. Ова од љубомора. Камо да се усвои ова. Конечно ке сработат а и ке добијат нови подови,место тие од 63.
Би било добро да работат во 2 смени. Како прво ќе бидат растеретени од работа, ќе нема гужви на шалтери со тоа и самите тие ќе немаат притисоци од странки кои нервозно пцујат пред шалтер додека чекаат ред. Коа се друго работи во смени зошто не и административците. Уште и во градинките да има втора смена, супер би било. Таман и партиската војска вработена изминативе години ќе си го зачува работното место, ќе се растеретат, ќе нема потреба од откази
Па зошто да не? Многумина од нас одат втора смена, ако можеме ние, можат и тие. Многу нешта ќе бидат олеснителни. Помалку гужви по шалтери, нема да мора да се ослободуваме од работа или да трчаме доколку имаме потреба од некој документ или било што. Да гледаме и од светла страна можеби ќе биде потребен дополнителен кадар (иако тешка работа затоа што многу грабнаа фотељи) па некој од нас ќе има среќа да седе на удобен стол.
Ај и тука нека стои мислењето. Ова со воведување на смени не е нишо ново. Цела јавна администрација веќе работи втора смена и трета. Полиција - Сменски - 3 смени. На сите клиники, од доктор до чистач - Сменски - 3 смени. Образование (основни и средни училишта) - Сменски - 2 смени. Музеи и јавни даватели на услуги - Сменски - 2 смени. Да потенцирам дека сите овие работат и сабота и недела. Што останува да не работи преку викенди и сменски? Министерства? Градинки? СДСМ ништо ново не воведува, многу се малку оние кои работат една смена од понеделник до петок.
Ново е што најголемите мрзи воедно и најбројни, од Агенција за вработување, Катастар, Министерствата, не се научени две смени да работат, ама ќе научат.
Ми се допаѓа идејата. Само да се надеваме нема да се силни на зборови. И другиве ветуваа многу, и сите ветувале и ветуваат, ама.... И така некако, I have trust issues.
Се мешаат поимите јавна и државна администрација. Се’ тоа што наброја во првиот дел е јавна администрација - институции што вршат работи од јавен интерес. Доктори, чистачи, учители - не се јавна администрација, но администрацијата на тие институции спаѓа во таа категорија. Државна администрација се органите на извршната власт и локалната самоуправа. Државната администрација никогаш не работела во смени, и тука се прави измената.
Државно работат? Буџет сектор? Досега забушаваа една смена, сега ќе забушаваат две смени, ако! „Пиј си тутун, пиј си каве, платата азното само ќе си дојде.“
Многу сте паметни мајке ми. Што кажа ти ново, што не кажав јас во мојот пост? Да се самоцитирам? Ти како обичен граѓанин имаш потреба да завршиш работа кај доктор/сестра или кај тој што му пресметува плата (сметководител или државна администрација). Сите доктори дежураат на клиники, сите сестри идат у 3 смени на работа, не се бламирајте со пишување глупости. Исто така имаш потреба да завршиш работа кај инспектор, полицаец или кај правникот што му дава договор за одмор? Патем, и цела полиција работи у смени. Образование? Имаш потреба да идеш кај класниот или кај вработената у министерство? Култура? Кога идеш у музеј, сабота или недела кој ти треба, секретарката на директорот или водичот да ти објасни? Единствено за кое јас лично се залагам, а ќе има бенефит и обичниот граѓанин е работа на градинките у две смени, се друго е глупост. Околу поделбата на државна и јавна администрација. Ќе го земам примерот со култура затоа што законот е изготвен последниве години. Државна администрација во култура е: секретар, директор, сметководител, правник. Јавна администрација е: водич, кустос, глумец итн. Пак ќе нагласам ти од што имаш потреба од горенаведеното, а не работи во смени?
Супер идеја. Како што е се потешко да се излегува од работа, па и се заглавува по шалтери со саати нека се спроведе побрзо, молам !