1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Втора смена за администрацијата

Дискусија во 'Политика и настани' започната од kukla21, 23 мај 2017.

?

Дали сте за администрацијата да работи и втора смена?

  1. Да

    105 глас(а)
    84,7%
  2. Не

    19 глас(а)
    15,3%
  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.244
    Јас сум ЗА.
    Административец сум.
    Па што ако има две смени?
    Ќе се работи по 6 часа неделно,со тоа што ќе се работи и во сабота.
    Ќе можам конечно и јас да си завршам работа по институции без да кршам нозе.
    Незнам зошто се сфаќа толку трагично тоа работење во смени?!

    Туку..за некои кои воопшто не доаѓаа досега и трагично ќе е..
    ..за кого како..
     
    На Annath, cresa-jagoda, ilyan и 16 други им се допаѓа ова.
  2. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Мене ми е смешно што се најавува како којзнае што, а веќе во пракса се работи.
    И ја сум администрација, работам во смени, работам и сабота и недела и нема ништо трагично во тоа.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Втора смена во администрација ќе се воведува со цел да се вработат и вдомат сите кадри на СДСМ што трчаа на изборите и лепеа плакати. Тоа е јавната тајна, а не некаков квалитет во администрацијата. Сите тие што беа дел од Шарените, невладините сектори, партиските штабови мора да им се најде работно место под државна капа, а да не се отпушта масовно од претходната администрација. Сега и СДСМ ќе продолжи под истата стратегија измислување лажни работни места. Јас знам лично дечко што заврши на Славјански во Свети Николе и го вработија во општина Центар преку СДСМ. Администрацијата никогаш нема да се департизира, затоа што нив им се потребни слуги верни на партијата, а не квалитет и продуктивност.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Па ќе ги вработат.
    Досега ко што вработувале едните, така ќе прават и другите.
    Кога можеа и ќори и сакати од вмро да се наместат, можат и овие да прават.
    Ништо ново и чудно.

    Рече З.З. дека ќе се искорени ова со книшки, ама сите вмровци се така вработени па нема да веруваат дека некој без книшка би се вработил.
    Мислат ко пастирот што вработуваше ќе биде и сега.
     
    На Annath, galapce, m.i.g и 4 други им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Не, не... Ич нема потреба да работи во две смени администрацијата...
    Се е за џабе, а за една лична карта треба два пати да одам во местото на живеење...
    Ама џабе е...
     
    На Mishela и Doozy им се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам зошто се караш. :D

    Администрацијата не е тука само за да ти заврши работа кога треба да одиш на шалтер. Си имаат да работат предмети, ме разбираш? Правникот што дава одмор, сметководителот и директорот секако ќе одат во една смена зашто не се потребни во две. Меѓутоа предметите на граѓаните би се распределиле на повеќе службеници (од кои многу немаат што да работат, стотици не ни одат на работа а примаат плата). Значи се средува до негде проблемот со натрупаност без да се отпуштаат работници, а се убрзуваат предметите.

    Околу завршување работа за обичен граѓанин, секако ќе има корист ако катастар, служби за издавање документи, УЈП и сите други служби му се достапни и во втора смена.
     
    На Annath, promeneta, JuLleE и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Така ќе ве лажат сега? Дека СДСМ ќе вработува па затоа две смени ставаат?
    Не сте се запрашале некогаш дека некој заслужил да работи на тоа место и дека е стручен? Чудно ви е бидејќи вие за лепење плакати сте добиле работа па сега ауу го вработиле без книшка, па нормално. Ама ви дојде крајот, секој што е со книшка вработен ќе оди аут па протестирајте колку сакате.
    Изгледа не разбираш некои работи. Каде во пракса се работи втора смена? Во Катастар? Во Агенција за вработување? Во Градско Собрание? Таму се работи во две смени?

    Знаеш колку вработени има само во овие три што ги набројав? Сите тие можат комотно да работат две смени бидејќи натрупани се. Ама не се научени затоа се противат сега. Не е битно ќе се научат.
     
    На m.i.g, JuLleE, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Тоа што Зоран Заев рекол пред новинарите е сосема различно од тоа што мисли и што ќе стори. Заев има обврска спрема сите тие коишто трчале на изборите и мора да им најде работа.

    Ти два месеци напнуваше како администрација е партиска, неквалификувана, необразована, дрн дрн, а сега најодвратно лицемерно се правиш на Тошо кога СДСМ ќе ги напика своите необразовани, неквалификувани, исклучиво партиски војничиња по канцеларииве со изговор кога можеле другиве може и тој. Тогаш доаѓаме на моето дека СДСМ не е ништо ново во македонската политичка сцена, туку продолжување на старата традиција на Бранко Црвеноковски, Владо Бучковски, Радмила Шеќеринска и ред други.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Дајте им шанса, па зборете... Може нема да бидат најдобри, ама ова веќе не се трпи. Јас сум за менување на власта што е можно почесто, овие се заседнаа и се заборавија... Не така, што не чини одма во аут, а не на глава да ни се качуваат.
     
    На Annath, JuLleE, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    ЈАС реков...Значи ЈАС...Тоа е мое мислење и според мене така треба да направи.
    Прво да ги вработи тие што му трчаа насекаде, па после и за другите ќе се најде место.
    Цели 11 години луѓе со факултети и магистри дремат дома, додека некои со осмо одд. изигруваат шефови....ЗОшто? Дека имаат книшка од вмро.

    Ама З.З. рече сосема поинаку, па додека не формира влада џабе ќе си кажуваме како ќе биде и што ќе биде.
    Рече дека нема да постои тоа партиско вработување...Мислам ќе се држи до тоа, иако не заслужуваат вмровците.
     
    На JuLleE и LollySky им се допаѓа ова.
  11. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Jaс сум практичар, да нема забуни. :D

    Сите предмети кои правниците ги работат се предмети на институцијата за кои обичниот граѓанин нема потреба да ги знае.
    Сите на темата беа едногласни во тоа дека квалитетот на услугата ќе се подобри согласно нивните потреби ако администрацијата работи во две смени, а веќе работи. Тогаш се поставува прашањето, која е целта на смените ако сегашната работна практика на клиника, полиција и образование во смени е нефункционална?

    Пак ќе повторам, како непристрасен член на ниту една партија, мислите дека услугите на клинички ќе се подобрат ако се сменски, а веќе се?
    Или пак кражбите ќе бидат намалени?
    Можеби образованието ќе биде поквалитетно?

    Не, не е работата во работењето смени. Исто ќе чекате на ред, дали е во 8 часот сабајле или 8 навечер.
    Мрза е мрза.

    Администрацијата е тука за да заврши работа на обичниот граѓанин, инаку зошто би ни била потребна?

    Во агенција за вработување, невработен не знам што ќе бара втора смена, да не е на работа случајно? :D
    За град Скопје е хаос, тука имаш право, ама не е до сменското, до друго е. Градинките мора да се направат во смени. Значи мора, потреба е за обичниот граѓанин.
     
    Последна измена: 24 мај 2017
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Е де, де, сигурно нема со ист интензитет да ги ставаат сите да работат втора смена. Се избутка па народ во државава за толку. :D

    Мислам дека ќе биде нешто од типот на тоа да има еден-двајца дежурни што ќе „чуваат“ стража попладне на шалтери и тие луѓе ќе ги ротираат. Иако јас лично мислам дека ќе има повеќе гужва така попладне, никој нема да оди наутро.

    Како ја правите, да помисли човек дека нема да седнат 12 саата. :D

    Додуша и еден куп други не седнуваат/стануваат, ама никој не ги праша. :)
     
    На Annath, galapce, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    QUOTE="SexiLy, post: 3410896, member: 37115"]Во агенција за вработување, невработен не знам што ќе бара втора смена, да не е на работа случајно? :D[/QUOTE]

    Леле ама смешно ха ха ха. Ептен си била вицкаска ти. А знаеш дека не одат таму само невработени, така?

    Исто, дали можеби помисли на оние невработени мајки кои немаат на кого да ги остават децата па место да `мкнат мали деца по автобуси по секакви временски услови, би било практично да може да го почекаат сопругот да си дојде од работа па да отидат да се пријават. А и да не ги забориваме оние женички кои, оти ни е многу супер државата, непријавени чуваат деца, чистат по куќи, работат во шивачници итн. Ама нема врска, ајде да се насмееме на туѓата мака.

    Освен ако има промени па не им се ажурирани страните, ај потсети ме до колку им е работното време на Музејот на Современа уменост и на Музејот на град Скопје? А да не се мачиш да бараш, работат од 9 до 17 часот. Колку смени се тоа?
     
    На Annath, cresa-jagoda, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.244
    Пак ли со муабети- ЗЗ ќе примал нови,затоа две смени ќе имало..
    Остана ли место празно?
    Се измислија нови,само да се пикне еден плус !!
    Не велите дека администрација е преполна,па за да нема БРКАЊЕ на тие новопримените,ќе се работи во смени...па и граѓаните ќе бидат задоволни воедно..

    Па и да запослат нови лепачи на плакати...само досегашниве ли се заслужни?!..

    Туку..во каков БОРЧ ја оставија земјава,за коса едвај ги избркаа од троновите, треба да си го поставиме прашањето КОЈ и до КОГА ќе го плаќа неефикасниот државен апарат кој го створија??
     
    На Annath, cresa-jagoda, wannaBeMomma и 9 други им се допаѓа ова.
  15. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Леле ама смешно ха ха ха. Ептен си била вицкаска ти. А знаеш дека не одат таму само невработени, така?

    Исто, дали можеби помисли на оние невработени мајки кои немаат на кого да ги остават децата па место да `мкнат мали деца по автобуси по секакви временски услови, би било практично да може да го почекаат сопругот да си дојде од работа па да отидат да се пријават. А и да не ги забориваме оние женички кои, оти ни е многу супер државата, непријавени чуваат деца, чистат по куќи, работат во шивачници итн. Ама нема врска, ајде да се насмееме на туѓата мака.


    Освен ако има промени па не им се ажурирани страните, ај потсети ме до колку им е работното време на Музејот на Современа уменост и на Музејот на град Скопје? А да не се мачиш да бараш, работат од 9 до 17 часот. Колку смени се тоа?[/QUOTE]

    Интересно е како глумиш паметна и еднострана.
    На онаа што глуми у театар претстава до 11 вечер не и плаче дома детето, или има маж па ја мења дур стои на сцена, или онаа у опера и балет баш и се отвара уста вечер у 20 часот после сите проби оти многу луѓе како тебе дошле баш да се рекреираат тоа време?

    Немој ни да се трудиш да бараш по страни, ја сум у култура, поточно у музеј. Сите музеи, односно нивната правна служба, сметководство, директор и секретар работат од понеделник до петок од 9 до 17 или од 8 до 16 часот. Останатите што сме водичи работиме сабота и недела, со слободен ден понеделник. Некои работат 6 дена од 10 до 18 часот, некои од 12 до 20 часот како што е примерот со национална галерија. Има и такви што се музејски презентери по информативни пунктови па работат од 9 до 15 часот и од 15 часот до 21 часот, 6 дена у неделата.

    Полиција знаеш како работи? 2 прва, 2 втора, 2 трета? 2 слободни?
    Здравство? Исто.
    Образование? 2 смени?

    Овие немаат деца? Немаат мажи/жени?

    Ама интересното е што ние административци што работиме у смени не се буниме за правникот што работи пон - петок у наша институција што обичниот граѓанин нема ни да го види, ниту ќе има потреба, туку надворешни луѓе се загрижени баш за него да работи у смени. Комедии.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Ти, водичот, не си административец. Полицаецот што упорно го спомнуваш, а веќе работи во смени, не е административец. Глумците од театар и уметниците од опера и балет не се администрација. Не секој што прима плата од буџет спаѓа во државна администрација, тоа се обидувам од прееска да ти го кажам. Правникот од музејот е администрација, но во пошироката категорија на јавна администрација.
    Државна администрација се вработените во министерства, владини агенции и локална самоуправа. Со нив граѓанинот и тоа како има контакт. Предмети на граѓаните се работат тука. Моментално се во една смена, а ќе има корист од две смени. Се разбираме?
     
    На Annath, cresa-jagoda, kukla21 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски

    Јас пак ќе ти објаснам ние сме јавна администрација, капираш?
    Затоа се велат јавни даватели на услуги? Не сме државна туку јавна, меѓутоа спаѓаме у администрација. Можеби тебе у документ да ти пишува дека спаѓаш у државна, ради тоа што твоето работно место е под локална самоуправа, ама министерството ти е јавно итн, еден куп контрадикторности има самиот закон за државна и јавна и ако навлегувам правно ќе нема крај колку реформи се потребни. Ама тоа не го менува фактот дека се работи у смени и дека не функционира.
    Еве јас лично никогаш неможам да завршам моја лична работа ако имам потреба.
    Знаеш зашо?
    Пошо у катастер и викаш дај три имотни листа кои се наплаќаат по 180 денари за една иста парцела и она ти дава имотен, па ти куца на картичка, па пак ти дава имотен, па пак на картичка. И така 3 пати. Кажи ми таквата у која смена ќе ја опраиш?
    Втора?
    Трета? :D
    Пак исто срање е, дали сабајле или навечер.

    Сега Вие што имате желба, а никаква потреба ради фактот што некоја си работи правна служба у министерство па нека скапе да иде втора смена е друга работа, најмалку мој проблем.
     
    Последна измена: 24 мај 2017
  18. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Прост народ до немајкаде :puke:.

    Не да кажете - ако, браво за идеата, нека се отворат нови работни места, нека се вработи народ, вие ЗЗ ќе ги вработува неговите затоа сака втора смена. Абе не втора, сите да ги избрка од работа треба и после и прва и втора нови да вработи (штом ова не ви одговара) .Божем само вмро се народ, сите други од другиве партии или независни тие не се народ и не треба да имаат работа. Блазесиви на паметот. :headbang:

    Наместо да мислите државата да се подобри вие уште со малограѓанштина и после цацко ви е крив.
    Со ова не само што ќе се отворат нови работни места туку и луѓето што работаат по фирми со административно работно време ќе можат да си завршат работа без да имаат отсуство од работа.
     
    На black-angel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Абе ЗЗ нека вработени.
    ДПМНЕ вработи 12 у моја смена, кажи ми другиве трета ли ќе идат? :rofl:
     
  20. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Ако ме прашуваш мене тестови за сите, кој ќе си положи ќе работи - кој не, ќе си бара друга работа.
    Не дека сите тие 12 се способни за тоа работно место.
     
    На Gosh и LollySky им се допаѓа ова.