Ти упорно друго нешто ми зборуваш. Пак ќе се замараш со истото, можеби, ама нема да треба да излегуваш од работа по неколку пати. Така? Еве ти го законот, да видиш разлика меѓу државен службеник и јавен службеник. Ти не си во државна администрација. Самиот термин административни работи треба да ти кажува нешто. Закон за Административни Службеници: Закон за Државни Службеници:
Е добро де истото што ти го пишав и ја, упорно ти викам ние сме јавна, таа се фатила за државна. Ало бе, јавна администрација е у служба на граѓаните, државна е во служба на државата. Што не е јасно? Пак не ми одговори ти како обичен граѓанин што имаш врска со правникот (што е дефакто државна администрација) на пример коа доаѓаш у музеј? Што тебе ти значи дали он ќе ја сработи работата у прва или втора смена, кога се работи за институцијата, не за тебе?
Иста реакција и ја коа те читам како се замараш околу небитни правни теми, а не се зафаќаш со битни работи како подобрување на ефикасноста во администрацијата, особено јавната од која имаат корист сите граѓани, а веќе е у смени.
Наврати се погоре во извадоците од законите. Правникот во музеј не е државна администрација, ни де факто ни де јуре. Туку е јавен службеник. Кога одам кај државен службеник, имам корист од две смени. А две смени таму нема. За други реформи во оваа тема не зборуваме. Зборуваме за конкретнава, која е корисна за обичниот граѓанин. А ти не си административец, затоа што не вршиш административни работи.
Aj oтвори си закон за култура и види како се поделени сега, и кој каде спаѓа. Што ќе смени со личниот пример од катастер што го наведов како неефикасност? Нема да главиш одсабајле туку навечер? Нели повеќето сте вработени во приватни фирми, идете двосменски што значи имате време да бркате работи од сабајле? Еве сум и јас тука, дали ќе бидам прва или втора смена на работа, пак нема да завршам ништо по институции идела у 8 сабајле или у 8 навечер, пошо се неефикасни. И понатаму стојам на ставот дека е глупост, каква и со каква цел ќе видиме. Нема да се смени ништо. Мрзливите и понатаму нема да работат, сеа ќе бидат бар наспани додека сите останати се тешат дека ќе се работи втора смена.
Не, не сите приватни фирми се двосменски. Всушност, повеќето се во една смена. Во банка, на пример, тие што не се на шалтер туку се во канцеларии одат само прва смена. Во многу фирми за производство се оди само во прва смена. Конкретнава мерка за две смени во администрација е корисна во таа смисла, дека луѓе нема да бараат слободен ден за да одат да си извадат пасош или извод. Може и да се зголеми ефикасноста со други мерки, ама не знам за такви засега па затоа за нив овде не зборуваме.
Кажав, ме пецка во очи. Два три пати го прочитав како катастЕр. Затоа. Се извинувам за офф топик што сум.
@LivingGlam нека се работи што се однесува до мене. Само мојата поента е шо тоа нема да ја подобри ефикасноста, можеби достапноста да, но најмалку дека ќе функционира она едношалтерски систем и други бљувотини што ги тераа со години на шител. Инаку лични документи се вадат и после 17 часот, знам пошо вадев пред еден месец бев закажана за сликање во 18 часот, чисто како инфо ова.
^ Во ред, се согласивме до негде. И видиш, ти користела втората смена. Само уште ова, зашто ме заинтересира. Отворив, го разгледав набрзина. Не најдов член што би ме збунил дека сите вработени во музеј се јавна администрација, а не само администрацијата на музејот. Може поконкретно да ме упатиш каде да гледам?
Отвори го законот за изменување и дополнување на Законот за култура од 05.04.2014. Тука се класифицираа јавните даватели во посебни категории и со нови коефициенти на работните места. Пред да се распишат избори, сите музеи со правната служба направија нова систематизација на работните места која беше доставена до министерство согласно новата поделба на државна и јавна администрација во една иста институција. До каде е тоа стварно не би знаела да ти кажам бидејќи имаше несогласувања. На пример чистачката кога би била под јавна би имала поголем коефициент од секретарката што би спаѓала во државна. Се изготвија и нови договори согласно систематизацијата да се знае конечно у култура кој е под јавна кој е по државна, ама немаше влада за тоа да се пушти у промет.
Пак не го сфаќаш терминот администрација. Го најдов делот, на ова си мислела. Спојлер Во јавна установа од областа на културата работните места на вработените се групираат во групи и подгрупи согласно со Законот за вработените во јавниот сектор. (2) Вработените во јавните установи од областа на културата кои вршат работи од административна природа заради остварување на дејности во културата имаат статус на административни службеници. (3) За вработените од ставот (2) на овој член категориите, нивоата и звањата се утврдуваат согласно со Законот за административните службеници. Член 76-а (1) Вработените во јавните установи од областа на културата, имаат статус на даватели на јавни услуги во културата и за нив се применуваат одредбите од овој закон, одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор и општите прописи за работни односи. Значи има разлика меѓу административен службеник и давател на јавни услуги. Ти, во случајов, си давател на јавни услуги. Не си административен службеник. За тебе важи друг закон - Закон за вработените во јавниот сектор, а не Закон за државни службеници.
Eте така, уште договорите да ни ги дадат согласно овој закон и таман ќе биде, ќе се знае кој што како и зашто, ама пошо сме по стари договори и коефициенти, друго пишува во нив. Затоа се правеше нова систематизација за да се усогласи со ова. Тоа се трудам да ти објаснам цело време. Сеа ја опраивме администрација дознавме што е јавен службеник, што е државен. Браво.
Да, дознавме. Значи вработениот на шалтер во катастар - државен службеник. Правничката од музејот - јавен (административен) службеник. Ти - давател на јавни услуги. Исто и полицаецот, докторите, чистачката и другите што ги спомна низ постовите. Нема термин администрација или службеник во вашите занимања. Кога ќе се рече реформи во администрацијата, се смета на првата категорија, ретко и втората. Третата нема допирна точка. Тоа од почеток сакав да ти објаснам, упорно тврдиш дека веќе администрација одела во две смени и претходно, а воопшто не спаѓате во јавна администрација. Овие и наредните реформи нема да се однесуваат на вас, давателите на јавни услуги. Категоризацијава е важна, се создаваат забуни. И искрено се надевам дека ќе ви ги средат овие збунки по институциите.
@SexiLy, на страната на Музеј на Современа Уметност, штом ја отвориш, горе лево еве што стои: Пишаното „работно време“ го сваќам како известување за посетителите од кога до кога музејот е отворен за разгледување, а не како нагласување кое време директорот и правната служба се во канцеларија . Дали грешам? Не ти ја сваќам поентата на муабетот. Да, не сите имаат работно време од 9 до 5. Глумици и певици, да, ама и куп негламурозни, слабо платени професии каде трета смена е задолжителна- пекар(к)и, вработени во кол-центри и казина, келнер(к)и, продавач(к)и, собар(к)и, таксисти... И сите тие луѓе дома имаат семејства... И?
Виц Нa времетo? Сегa зa темaтa. Oвa е дoбaр пoтег нa иднaтa влaдa. Сметaм декa стaнувa збoр зa рaспoредувaње нa пoстoечкaтa aсминистрaцијa, сo дoпoлнителни мaл брoј нoви врaбoтувaњa. Oд еднa стрaнa oние кoи се нa плaтни списoци, a не знaеa кaде рaбoтaт, ќе нaучaт. Oд другa стрaнa, зa oвoј нaш нaрoд и мaл брoј врaбoтувaњa се знaчaјни врaбoтувaњa. И oнa штo ми е мнoгу вaжнo, немa зaвршувaње нa рaбoтнo време кoгa ќе им текне. Ќе мoрa дa чекaaт сменa. Сo две смени ќе требa дa се препoлoвaт и зaкoнските рoкoви зa издaвaње нa сooдветни дoкументи. Режиските трoшoци не верувaм декa знaчителнo ќе се згoлемaт. Oвoј пoтег ќе пoвлече и врaбoтувaњa вo фирмите кoи јa oпслужувaaт администрацијатa. . претпoстaвувaм.
Namesto namaluvanje na administracija Mk pravi dupla? Treba se da se kompjuterizira i nema sto lugeto da odat po dokumenti. Apliciras on line i tolku, se doma ti pristiga po posta. Sto ima da ima redovi, nestrplivi, eden na drug vo vrat da disat..... Ako ima potreba na extra rabotna sila togas mozat da se vrabotat luge na kontrakt i da gi kontaktiraat licata po telefon. Se e ednostavno, netreba Mk tola voda da izmisluva, drugi veke ja izmislile. Dupla administarcija e smrt za bilo koj bujet i na najbogatata drzava vo svetot.
Кој и каде спомнал дупла администрација? Само е распределување на постоечката во 2 смени, за поефективно извршување на своите должности, а во корист на граѓаните, како би можеле да завршат се...