Не сум запозната со бројки и статистики за државата, кажувам она што читам одвреме навреме. И тоа што го читам е дека на државата и се товар тие административци. Мора да се најде начин да се отворат нови работни места кои нема да ги цицаат граѓаните. Во спротивно ништо не е направено. Ко да си зела кредит за да си пушташ плата и придонеси секој месец а ништо не работиш или бар не заработуваш за таа плата.
Епа тоа е, начинот е приватниот сектор. Засега е немоќен да прими илјадници луѓе кои би се отпуштиле од администрација. Ај нека го отпуштат утре целиот вишок и нека ја средат администрацијата. Што правиме со тие илјадници? Треба пренасочување, обуки, помош при вработување. Нема толку работни места во приватниот сектор за да се направи таква драстична мерка. Затоа изгледаат идеалистички тие идеи.
Она мислите, а ти емоциите да си ги потсобереш, а? Некако како да ги расфрли на сите страни. Што толку те погоди па ваков напад. Тугуд е тема во дискусијава? Не. Држи се до темата, Пчелке. Јасно објаснува Тугуд. Доволно јасно.
Најголем товар се социјалните трансфери, за плати е отприлика 14% од расходите. Невработени има 23,7% од активното население ( со тоа што се многу повеќе, затоа што според методологијата и да работел некој 1 час во месецот не се смета за невработен), најголем проблем не е администрацијата, туку треба прилив на средства во приватниот сектор. Пензискиот систем е пред крах, старее населението, а пазарот на труд не ги апсорбира младите кадри со дипломи за кои нема реална потреба на пазарот. Иначе за втора смена не гледам ништо страшно и вау, да се проба па може и ќе има некое подобрување. Само јас сум убедена дека нема да се реши проблемот со браќата што седат дома. Вчера еден ми расправа дека жена му земала плата од мин. за труд, а не знаела каде се наоѓа. Ако мора да се вработени бар нека доаѓаат.
Па мислам дека после толку критики за тие браќа што седат дома, редно е да се избришат од списокот на вработени. Барем таа мерка може и мора да ја направи. Не да ги става во втора смена, не барем да доаѓаат, туку да им престанат договорите, од тука да се почне. Се надевам дека се со договор, а не со решениja. Повеќето од нив работат на црно, имаат приливи, па нема да биде страшно кај нив. Само ќе им престане прилив што и не го сработувале. А за отпуштање на цел вишок, не знам кој ќе има храброст да го направи тоа во вакви услови.
И новите странски инвестиции и фирми што се отвараат се само мачкање очи. Немаат никакви давачки, ни персонален данок, плус субвенции за изградба/набавка на опрема, и со квота на луѓе кои треба да ги вработат за да ги добијат условите. Така за ништо пари имаат работна сила, а за македонските фирми ништо. Државата ни од многу од тие инвестиции нема корист, некои и служеа само за покрај нив да испере пари. И тука СДСМ кажува дека ќе ги подржува домашните фирми, ама нема да се откаже и од странските, оти знае ако им ги скрати бенифициите ќе си ги спакуваат торбите и ќе си отидат, и оп, невработеноста ќе скокне ненормално...
Мислам дека се со решенија, ама да не тврдам. Јас не верувам, мислам дека уште толку фантоми на платен список ќе се додадат, ама ќе видиме.
Сум за воведување, но од пренатрупаната администрација од прва смена (каде еден работи за петмина) да се распоредат на смени. Не сум за дополнително вработување на нови загарантирани гласачи. Бројот на административците изнесува над 185000, што приближно му доаѓа околу 10% од вкупното население. Во последните години има иселено над 400000 работоспособно население, што значи дека процентуално администрација ќе му дојде многу повеќе од 10%. Во економски развиените земји овој број се држи во минимум, зошто за еден административец да земе плата треба да работат 3-4 вработени во приватниот сектор. Дури пожелно е бројот на вработени во администрација да се намали и фин. средства што ќе се заштедат да одат како фин. инекции во приватниот сектор, кој ќе ги подобри условите за работа и ќе може да функционира на подобро ниво.
Jас на пример би ги опуштила и око нема да ми трепне. Што ќе прават, ќе имаат ли за јадење итн ич, ама ич не ми е гајле. Како ние останатите се снаоѓаме, така и они. А не, кај земаат плата од тебе, па уште и силни. Не требало да се работи две смени... жити се! Море ако треба и три смени нека работат! Зарем на оние кои одат во конфекција им е лесно?! Тие што се, не се луѓе? Ама... за корка леб одат работат. Овие кај што повеќето ништо не работат, па уште и се жалат. Море мрш таму! Јас сите би ги избркала и наново да се вработат тие кои што навистина работат и кои што имаат работни места кои навистина се потребни. Останатите, гитла! Снаоѓајте се како што ние останативе се снаоѓаме. Челичете се малку
Чекај малце, да не ги отпуштаме администрација од работа, за да не се зголеми невработеноста, ама со тоа што ги држиме на работа непотребно ,ни пропаѓа државава у долгови, небитно?! Ајде бееее... А да земеше некој да ја оправи економијата, па да постоеше и друго работно место освен административец?
Па уште некој исфрустриран и неписмен ќе ти се дере на шалтер зашто не му е денот , а оние што работат приватно некаде мора и кога им се плаче да се смеат и да угодуваат,па уште ќе се подебава газдата да се работи и сабота и недела и празници. Море што викаш гитла за таквите арогантни во администрација.
Не те личи во тој правец да ја тераш дискусијата,повозрасна од тебе е,имај основна култура за почеток,ок? Жената искажа став,секој си искажа свое мислење,кој спротивно од нејзиното,кој делеше нејзино мислење но никој не изрипа како тебе! Стварно си невоспитана!
Жива сила нема што ќе ги избрка "браќата". Напротив,тие сега ќе се вработуваат со уште поголем замав,иронично е што секогаш тие имаат предност како малцинство а ние во своја држава сме третирани како граѓани од втор ред Лично познавам браќа,кои едвај чекаат да дојде Заев и да им ги вработи жените како службенички на убави места низ општина,суд и други државни сектори
Само бркање од работа. Никаква втора смена. Генерална внатрешна ревизија во сите јавни и државни институции/претпријатија! Ревизија на: завршено образование, какво работно место зазема и редовност и ефикасност! А не со туризам факултет работат во Централен регистар, и во текот на работното време ги гледаш во кафичите. Најголема грешка ќе им биде на СДСМ ако не ја расчистат оваа неписмена багра наречена "администрација".
Невoспитaнa јaс Извини aмa јaс не рипaм вo секoјa темa и не цитирaм секoј пoст кaкo пoвеќетo oд вaс штo прaвaт , и се рaспрaвaaт Кaкo вие штo си искaжaвте мислење тaкa и јaс си кaжaв . Ахa и дa НИКOГO НЕ НАВРЕДИВ Кaкo нa пример ти штo нaпишa декa сум билa НЕВOСПИТАНА т.е не се нaвредив туку штетa зa вaс пo вoзрaсните ни грaм културa штo немaте Јaс не рипaм вo ничиј пoст , сaмo си нaпишaв мислење и чao пријaтнo , немa штo дa ме цитирaте не ве спoмнaв никaде
Да, и треба да работат - затоа што ми се случува да треба да одам во општина да барам слободен ден, да барам слободни саати од работа....одиш таму, тие тетките и дечките излезени 2 саати на пауза, па се враќам назад со свиктан опаш и одам пак другиот ден... Ако работат и тие попладне, ќе биде полесно за народот
Што ќе прави нека прави, јас од Заев ако направи влада , барам и очекувам само една работа како за почеток. Да не ми носи од некое село некои со средно завршено само и да ги поставува да бидат директори како што правеше Грујо. Толку.
Реплика - тие директорите беа од град сите со врски завршени факултети на Фон или другите приватни, 4 години студии земени во рок од 1 година.... е такви беа тие директорите. Селските директори знаат што е мака освен ако мислеше на она: има разлика меѓу селанец и сељак
Убаво би било да има можност човек да си заврши работа и после работно време. Мене ми е луксуз да се шлаам со саати по институции за да си завршам најосновни работи, а верувам дека и на многу други им претставува проблем. Пред извесно време обновував пасош и жива среќна бев дека работат до 7 за да можам да си го земам на време, затоа што толку ми гореше на работа таа недела што на саат гледав кога одев до тоалет. Не мора да биде тоа нешто со целосен капацитет, едноставно нека биде достапно и во попладневните часови за да се зголеми ефикасноста на системот и да им се олесни секојдневието на многу луѓе. А за жалење, нема жалење. Работа си е работа и си подлежи на промени. И ќе се менува онака како што му одговара на мнозинството, затоа што тие служби се таму за да им служат на граѓаните. Тоа што кај нас е извртена смислата и перцепцијата за она што претставува администрација, тоа е друга работа.