Искрено јас и не очекував нешто паметно од овие лудаци Па кој ќе ги чува децата кога родителот ќе оди втора смена на работа ? Нека направат и градинките да работат тогаш или ќе малтретираме луѓе ради лични хирови? Па кој е тој што ќе работи администрација втора смена , кога концентрацијата опаѓа или ќе бараме начини да бркаме од работа т.е да јадеме живи луѓе НЕНОРМАЛНИ! Ако сакаат стварно да постават ред и да бркаат , нека направат комисии , нека ги пратат на тестирање и сл. Ова наша држава само лудаци ја водат
Така ли? А оние што работат приватно (по фабриките, продавачи и слично) може да работат втора смена така?Па дури и во фабрикине трета смена одат. Ај и лекарите ќе ги спомнам тука. Ним не им опаѓа концентрацијата, по цел ден на нозе. Тие немаат деца, туку само оние „кутрите“ во администрација имаат деца?
А децата на лекари, полиција, војска, сменски работници во фабрики, не ли се деца? Нив кој ги чува? Или до сега ви беше гајле за маката на другиот? И не се тоа лични хирови, реални потреби се. Проблемот е што администрацијата мисли дека оди по вода, размазени до бескрај. И искрено се надевам дека некој ќе стави крај на овој башибозук. Бркање никој не ви спомна како што гледам. Логично е ако се зголемува работно време да треба да има и човечки капацитети за да се работи. Една иста лента оди во празно, аман како не ви здосади.
@Tinushka, кога навечер шеткаш низ СитиМол, не ти паднало на памет дека продавачките кои трпеливо те услужуваат можеби се мајки чии деца спијат кога тие ќе си дојдат дома? Или кога ќе седнеш некаде на кафе, насмеаната келнерка која ја зема твојата порачка е исто така мајка која највеќе на свет би сакала да е со своето дете ама мора да работи? Си го тераш животот опкружена со луѓе кои работат втора и трета смена, ама очигледно си слепа за нивните маки и лишувања, штом реагираш вака привилегирано.
Колку луѓе познавам кои одат во две смени, а моите пак и по три оди сега мајка ми, а одеше и татко ми. Мислам дека ако работат втора смена нема бисерчето да им падни, крај краева ќе видат како е да се дел од останатите, а и многу работи ќе се олеснат за обичниот граѓанин, кој нема да мора да се брза да излегува од работа.
Најмалку што може да се стори за администрацијата е да им се отежне животот. Во идеален случај еден огромен дел од нив би требало да гладуваат и да молат за храна. Се работи за проституција и тоа морално и етички далеку полоша од онаа нормалната, сексуалната. Таму барем никој не те ограбува со намети, ако некој сака секс оди плаќа и тоа е тоа. Проституцијата на административците зависи од грабежот на продуктивниот дел на населението. Направија сендвич-психологија, некој изместен дебилен систем на вредности каде некој лик со 15-20К плата за нишање врата се смета за успешен а некој кој работи во реален сектор најчесто за помала плата се смета за неспособен, заостанат, неснаодлив. Охрабруваа и стимулираа најгадни човечки особини, кодошење, улизување, бескичмењаштво, ги направија најпожелни особини во општеството. Само заради тоа треба да се воведе смртна казна, да се отвори прозорец кон средниот век и да се кршат коски на тркало, да се ставаат нозе во шпанска чизма и да се черечат врзани за 4-те екстремитети со возила кои сите тргнуваат во различен правец. Марш бре.
Само робови работат сменски, буржоазија ќе им се срони бисерот ако имаат уште една смена. И јас сум човек кој сака за празниците да е дома, викенд да шета, и да си се враќам од работа додека надвор има светлина, ама нема. И не гледам ништо лошо во воведување на нови смени за работа
А зошто да не, администрацијата треба да е привилегирана само прва смена да работи. Јас лично работам 3 смени, и празник и делник и викенд во странска компанија која сите ја знаат, земам перфектна плата и не би ја менувала работата за во државна администрација никогаш. Имам мало дете и бебе на пат и работата во ништо не ме спречила. Напротив, работата во смени си има свои предности.
Не ми се допаѓа идејата. Не сакам да работам втора смена и баби да ми го успиваат детето или пак не дај боже у градинка да ми запива. Едноставно не го сакам тоа и точка. Ете тоа што велите -а тие што работат приватно и работат и втора смена!? Епа има и трета смена што работат. Не сите државно се само прва да се разбереме. Докторине со дежурства се... Но ајде,да не биде за едно мајка за едно маќеа, најубаво кој ќе се нафати втора смена да работи нека има поголема дневница бе. Пошто кај нас се е во парите. Уствари во цел свет е така али ај. Еве пример прва смена ако е 1200 дневница втора нека е 1400 трета нека е 1600. Нема проблем. А не тука да МОРАМ да работам втора. Не сакам. на ова може некој слободно да рече-ако не ти се свиѓа оди си. за твојата плата некоја ќе дојде и трета и пета смена. не е муабетот у тоа дали ќе дојде некоја или не луѓе мои. муабетот е-не направија робови на денарот. машини. 40 саати е и повеќе од доволно да работиш кога имаш деца. Мм работи повеќе од 40. Некогаш и повеќе од 60. Знаете колку он го гледа малиот!? Знаете колку он може да влијае на неговиот развој!? ИЧ! Не е хумано ова што се случува. Ние сепак сме луѓе, не робови.
Не сте вие робови на денарот, туку сте слуги на народот. Затоа се викате службеници. И ќе работите по закон. Ако за народот е подобро да одите во две смени, така и ќе биде. Штом работиш само на едно место, нема да биде голем проблемот. Одиш во различни смени, не си цел ден на работа. Така сме пораснале сите - со родители во различни смени. Ако не одговара, можете да организирате масовни протести, но да се залагате за сите да има само прва смена, а не само за вас. А тоа, како да ти кажам, не може да биде. И мислам дека е доволно со докторите и други занимања кои воопшто не спаѓаат во државна администрација. Инаку, погоре некој пишуваше дека за пасош можеш попладне. Не може. Така му кажав на татко ми, па си се врати - не сликале попладне. Па си излезе наредниот ден од работа. Работи надвор од градот, ги земаат и враќаат со комбе. Овој ден мораше да оди со кола, да се врати за сликањето, па пак да се враќа на работа со кола, и да си дојде дома. Не знам точно колку километри, ама бензинот воопшто не е ефтин за некој со плата од 10000. Две смени се потребни на шалтерите, па како сакате вртете го. Обичниот граѓанин има право на ферска и ефикасна услуга, а администрацијата во моментот тоа не го овозможува. Никој не ви бара да работите повеќе од 40 часа неделно, туку да се распределите на начин што ќе му го олесни животот на граѓанинот. За тоа сте и тука.
Абе секој со своето мислење. И твоето држи вода. Ама тоа што викаш СМЕ, малце си грешка, јас не сум службеник. Едит- а зошто не направат само прва смена да се работи секаде? Најубаво. Хехе
Чекам во јавна администрација пред врата 45 мин. Ме прашува ли мене некој дали сум јас на работа? А на работодавецот мој му дава некој нешто олеснителни околности за да може да не ослободува за да можеме да ги имаме и ние правата како сите други грагани? Ако се во две смени ке се придржаваат на правилата за работа? Ќе се работи? Револтот мора некаде да го истурев,да ми простите.