Втора шанса-дали вреди да се даде?

Дискусија во 'Врски' започната од Nina23a, 30 август 2014.

  1. Nina23a

    Nina23a Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    19
    Не наидов на ваква тема, а ако постои веке ваква-канта :)

    Дали сметате дека вреди да се даде втора шанса на некој кој ве повредил? Независно од тоа дали ве изневерил или лажел или нешто слично. Дали може да опстане врската и по изгубената доверба или може да се врати довербата? Ваше мислење, се надевам дека ке се отвори дискусија на оваа тема :)
     
  2. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    818
    Пол:
    Машки
    Зошто втора шанса? Ако се немало доверба на почетокот, заеби ти втора шанса. Што се дешава ако прочиташ една книга два пати?
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.729
    Од старт морам да кажам дека ако станува збор за неверство, втора шанса не доаѓа во обзир. Ако раскинувањето било од некоја друга х причина, би дала но и тоа е под знак прашалник. Втора шанса тешко се дава, барем мене ми е.
    Fool me once - shame on you, fool me twice - shame on me.
     
    На peperutka.95 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    226
    Зошто да не, ако се случило да се оддалечиме па работите за разнишат малку, па сме решиле да се поправиме.. На секој му се случува да се предаде на темни искушенија ако пред тоа било добро зошто да не..
     
  5. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    2.375
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека вреди, лично за себе вреди. Лично јас давам 2ра шанса но не за иста грешка. Стојам на тоа дека тогаш мојата совест е чиста. Ако било што се случило еднаш и има причина за тоа би сакала да ја знам, да видам каење и труд да се поправат работите. Тогаш давам шанса за да јас да си ја исчистам совеста од онa: Што би било кога би било. Сето тоа што не довело до болка си има своја заднина, може да се случи еднаш по грешка, несакајќи или повеќе пати намерно.

    Сите кога сме пред ваков крстопат размислува: Што ако простам и ме повреди пак или пак Што ако не простам а било само грешка и не се случи повеќе?? Јас ја давам шансата на начин што Ако видам искрено каење, објаснување и вложен труд за да се поправи грешката, сум сигурна во одлуката за втора шанса и продолжувам понатаму, но доколку се случи истата грешка повторно, ставам крај на се и сум сигурна дека вината не е во мене за изборот на другите. Мое е да дадам секому шанса да не ми биде на мисла цело време Што би било кога би било, а дали ќе ја искористи на вистинскиот начин е негова работа.

    Еднаш ако се деси, може да биде и грешка, но втор пат е веќе избор а не грешка :)
     
    На okcenzi, H.VAGA и tessie им се допаѓа ова.
  6. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    јас сум чист доказ дека не вреди..ја упорно давам шансаа ама џабе никогаш нема да се сменат.без разлика што е кога еднаш направил ке направи пак.
     
  7. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    341
    Можеби некогаш вреди,но како велат ако еднаш се скрши огледалото не се лепи пак,атака и со втората шанса никогаш нема да биде исто како што било порано,од искуство кажувам сум давала милион шанси и секогаш е полошо и полошо!
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Femina777

    Femina777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    235
    Не!
    Ако еднаш му простиш пак ке го направи истото
     
    На Tanjamm и SwanMay им се допаѓа ова.
  9. Strumfeta17

    Strumfeta17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    130
    Вреди и не само втора туку онолку колку што вие мислите дека треба. Лесно е од страна да се суди и да се каже не му простувај, но кога си во ситуација да ти некого толку многу сакаш е се поинаку.
    Понекогаш некои простувања не се сватливи за другите освет за тие кои простуваат.
    Честопати сум била запрашана, па добро вереди ли да му простиш кога веќе те повредил? Јас велам, можеби не вреди ни овој наш разговор ама го правиме. Во љубовта не секогаш 2 и 2 се 4
     
    На Lea.Messi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    26.018
    Пол:
    Женски
    Ne ne I definitvno ne..osetiv na svoja koza koga dadov vtora sansa I samo uste poveke se unistiv !
     
  11. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Му дадов и втора и трета и се откажав.Дојде ден да плаче и моли по мене е тогаш му поставив ултиматуми , и реков ако се промени ме сака ако не тоа е .Ама сега е бетер од баба ми , внимава на се :rofl:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bojana.20

    Bojana.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2014
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    А
    За првото зависи што како, но би дала втора шанса.
    Второто:неверство, никогаш, а зошто? Ако да му дадеш втора шанса пак ќе те изневери.
    Третото, Не може. за жал :/
     
  13. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    28.608
    Пол:
    Женски
    за неверство не би дала никогаш, без разлика на ситуацијата.. а за некои други проблеми, сум дала не само втора, и трета и четврта шанса, ама кога нема поправка едноставно нема.. знаеш кога ќе се скрши срцето на парчиња и да го поправиш нема исто да биде, во мојов случај не делуваше и раскинав со тешко срце, ама бар дадов се од себе..
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.765
    Веднаш песимисти сте.. Никој не е совршен и не значи дека ако еднаш те повредил повторно ќе се случи тоа бла бла. Во врската и двајцата знаат да прават грешки, и човечки е да се прости ако не друго. Шо е поентата ако се водиме секогаш по тоа, еј ке ме излаже и пак ке го направи тоа. Не глумете светци туку душата и срцето секоагш сака да ви се врати на тоа место. Нема потреба од глумење на недостапност и лигавење. Секој би барал втора шанса, и тие што велат не заслужува никој бараат.
     
    На Dvolicen и 702706 им се допаѓа ова.
  15. 702706

    702706 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    Нема да ви падне чинот ако дадете втора шанса,најглупо ми е што не се дава втора шанса не заради своја лична сатисфакција туку заради тоа како ќе изгледате во очите на другиот. Или само ќе се усреќите себе повеќе или ќе се дозаебете,ама сега таков е животот . :)
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.614
    Допаѓања:
    4.566
    Не вреди да се даде втора шанса.
     
    На Angel4eeee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    115.646
    Пол:
    Женски
    Да се даде втора шанса само ако сам/а сметаш ддека си избрзал/а со одлуката за ставање крај на врската. Инаку, втора шанса само од надеж дека ке се смени некој, не вреди. Не се мења карактер. Може само време да си изгубите и ништо друго. На прочитана книга и се знае крајот.
     
  18. ViktorijaG

    ViktorijaG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2014
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Jas obicno sum za da se dade vtora shansa, no taa shansa obichno ne se pokazuva kako dobra shansa. Ako si spremna za da si prezemes takov rizik, daj vtora shansa, pa se nadevam ke bide vredno. :)
     
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.598
    Пол:
    Женски
    Се дава втора шанса, но не за истата грешка.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Секој заслужува втора шанса. Сум дала и не сум погрешила