Ако е неверство во прашање не простувам.Тој што ме изневерил-никогаш не ме сакал.И не верувам во тоа дека ќе се смени и веќе никогаш нема да ме изневери.Секогаш ќе изневерува.Ставам крај и го бришам од животот.
Ќе јадеш додека не се отруеш . Не да не бива, ај што горчи него боли бе. Имам простено неверство, џабе по некое време си пукна тиквата. Таква глупост за никого повеќе. По неверство давање на втора шанса е џабе губено време кога се знае до каде ќе оди работата, бар јас си знам за мене.
За дечко никогаш немам давано шанса, ако сум се сомневала посебно дека ме изневерува му кажувам чао и толку. Ниту сум испитувала ниту сум се замарала. За во брак немам и се надевам нема ни да имам искуство. Многу е поразлично во брак со дете и кога си сам. За дете понекогаш човек сам се погазува и ги разбирам тие што еднаш простиле било каква лага.