1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вториот претседателски мандат на Трамп

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 5 февруари 2025.

?

Ќе успее ли Трамп да се справи со сите домашни и светски проблеми и ќе исполни ли сѐ што вети?

  1. Да

    23 глас(а)
    36,5%
  2. Не

    40 глас(а)
    63,5%
  1. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    4.230
    Пол:
    Машки
    Гледам доста се активни темите поврзани со Трамп, гледам и нови се отвораат, па да не отвораме за секоја една негова одлука и извршна наредба, а и по барање на една членка, не би било лошо да имаме една општа тема за второто претседателство на Трамп.

    По победата на претседателските избори на 5 ноември претходната година, на 20 јануари 2025 Трамп беше инаугуриран како 47 претседател на САД. Кабинетот му е составен од 15 министри и претседатели на извршни оддели. Од 20 јануари па до денес потпиша многу закони, извршни наредби како и официјални владини политики и планови меѓу кои имаше и доста контроверзни. Моментално најактивни светски теми поврзани со втората администрација на Трамп се УСАИД, царини за Канада, Мексико и Кина, притоа најави и за ЕУ, планот на Трамп за заземање на појасот Газа под американска контрола и доста други.

    Што мислите, дали Трамп ќе успее да се справи со сите домашни и светски проблеми и ќе исполни се што вети пред изборите?
     
    На Sofronko и Realist1 им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.562
    Допаѓања:
    127.709
    Пол:
    Женски
    Нема да успее. Ниту еден властодржец не може да исполни сè што ветува.
    Заземање на Газа би бил погрешен потег. Ќе го обвинат дека ќе го прекрши меѓународното право.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    4.230
    Пол:
    Машки
    Најактуелно од пред час два:
    FB_IMG_1738792977185.jpg
     
    На dea.18, tessie, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    4.347
    Пол:
    Машки
    Орангутанов колку збрки направи за 15 дена ова напред ќе биде лудило.
    Моронов ја сака канада го сака гренланд, сега ја сака и газа, овој бетер од хитлер станал, цел свет го сака дали мозокот на натењаху му го пресадија него незнам.
    Меѓутоа знам следново: воведување на данок на кина ќе го кошта многу скапо од аспект шо во глобала увезува многу репроматеријали за фабрики, па така со ова им ја зголемува набавната цена поради кое тие би морале да ја зголемат продажната цена на производите и стануваат неконкурентни на пазарот или на наше тие ќе станат нешто како германските фирми, ќе мораат да затворат а со тоа се зголемува невработеност.
    Сеа ова политика може и намерно ја прави оти ако се зголеми невработеноста ќе може да почне да принта пари и да крати даноци, меѓутоа ова па води во друг правец зголемената невработеност носи рецесија дали кратењето даноци и нови пари ќе ја спречат рецесијата некако не ми е верно.
    Господ да ни е напомош на сите лудак до лудак во мурика
     
    На soncheva, MakeDamnSure, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    56.230
    Пол:
    Женски
    Како велат, во секое лошо има и по нешто добро. :D

    На темата: не верувам да успее да исполни сѐ, политичар ко политичар ќе си ветува, особено тоа што му одговара на мнозинството во моментот. Јас уште чекам да ја запри војната во Украина, се чинеше дека е на добар пат последно кога прочитав.
     
    На tessie и DS10 им се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.919
    Допаѓања:
    24.909
    Пол:
    Женски
    На NPN, Antebellum, DragonFly22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.412
    Допаѓања:
    182.843
    Не можело да биде префрлено мислењево, па да го цитирам пошто овде му е место и да продолжи муабетот.

    Лично мислење на како е поставена темава- ќе направи многу нови проблеми. А дали нешто ќе реши, ќе видиме.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.717
    Допаѓања:
    25.672
    Пол:
    Машки
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    77.692
    Пол:
    Женски
    Секако дека ќе исполни се.
    Ова е планирано четврт век, мислете си дека нема светска влада која работи на овој план долго време.
    Се е шоу за пред народот.
    New world order почнува годинава.
    Наскоро ќе почне да се имплементира. Се досега беше бета тест
     
    На Sofronko му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Машки
    Лично не се согласувам со серија политики на Трамп, како ставот за Панамскиот канал (претходно на темата за Изборите во САД ги напишав и аргументите на новата администрација кои лежат зад овој политички чекор), преголемата блискост со Израел (во минатиот мандат успеа да го стабилизира Блискиот исток, а само пред неколку месеци постоеше сериозна опасност за директна војна помеѓу Израел и Иран) која нема да го даде посакуваниот политички исход за Газа (и ова прашање беше ставено на маса, две држави и поголема економска благосостојба проследена со СДИ, ама предлогот беше одбиен), прашањето за Тајван (кој претставува составен дел од Кина), како и одредени идеолошки прашања поврзани со зелените политики. Јасно е дека не ги сака ветерниците, ама противењето за колекторите кои креирале поврат на вложените средства за период подолг од 3 години ми е неразумен.

    Во првиот мандат на маса ги седна Косово и Србија. За разлика од претходните администрации, сака стабилност на регионов.

    Дел од политиките кои ги застапува Трамп се политики на Демократската партија пред само 2 децении. Затоа најголемите синдикати во државата застанаа зад него, дури и оние традиционално ги поддржуваат демократите останаа неми на нивните барања за јавна поддршка. Демократите губат затоа што реализираа скоро пак се од своите традиционални политики. Беа приморани да одат полево со цел да соберат нови политики за новата политичка и идеолошка војна, кои не се прифатени од најголемиот дел од државите во САД. За напомена, Трамп победи во 31 држава, а Камала во 19 (плус ДиСи).

    Во новата администрација може да има и двајца поранешни демократи, Кенеди и Тулси, што значи можност за привлекување и на нови гласови од традиционалното демократско тело, што веќе се забележува во Невада и Пенсилванија. Во Невада републиканците имаат повеќе регистрирани гласачи, а во Пенсилванија предноста на демократите се стопи за 100.000 регистрирани гласачи за неполни 3 месеци. Дел од овие, секако, биле регистрирани на независни/неопределени. Од друга страна, само пред 8 години Тексас започна да се движи лево, а денес се врати на своја оска, додека Њу Јорк и Њу Џерси започнаа да се движат десно. Имаме обратен политички процес.

    Не може да се реши секое глобално прашање, но ако успее да стави крај на војната во Украина и ако успее да го оддржи примирјето во Газа, тоа ќе бидат големи глобални придобивки. На домашна сцена, мора да ја намали инфлацијата, мора да го намали федералните трошоци и мора да ги стави под контрола цените на недвижниот имот затоа што се помалку и помалку американци можат да си дозволат дом, со посебен акцент во урбаните средини или во урбаните средини на големите градски подрачја.
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.412
    Допаѓања:
    182.843
    Искрено, леви, десни, вакви, онакви, се само налепници. За мене лево и десно се врти околу социјални политики и економија, а ни едните ни другите не направиле ништо околу нив во последниве децении (за претходно не знам).
    Според сигналите што ги праќа во врска со погоре спомнатите, Украина и Газа, не гледам ништо друго освен еден отворен пристап на неписмен були- дајте ни ги ретките метали од Украина и селете се у пм надвор од Газа. Мислам во манир на неговиот Апрентис - you are fired:devil:. Не дека истата игранка не беше и досега, ама никој не го кажуваше гласно. Е сега, знам дека таков е д Американ веј, ама не се сами во светот. Каков мир може да произлезе од ова не знам, ама знам дека Европа ќе го јаде стапот секако.
    Американците, тие што се страдни за дом и леб- и тие ќе го јадат стапот, пошто не гледам како би намалил инфлација со трговската војна што ја почна. Во глобализиран свет, со взаемно зависни економии како никогаш досега:!:. Со други зборови, ќе биде белаја.
     
    Последна измена: 6 февруари 2025
    На JoyJoy, Victorian, Realist1 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.100
    Допаѓања:
    6.114
    Пол:
    Машки
    Најдобар претседател што го имала Америка. Се надевам дека ќе им го дптера умот на ЕУ, Канада, Украина и остала багра.
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.287
    Допаѓања:
    13.220
    Мене ми е чудно тоа што кажува дека после обнова на Газа, таму ќе живееле луѓе од цел свет. Кој нормален ќе живее до муџахедини и џихадисти?
     
  14. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Машки
    Од Украина бара противнадомест, тоа е разумна политика. Пари и оружје за одреден ресурс кој има стандардна номинална вредност. Идејата за Газа, можеби, убаво е замислена во неговата глава, луѓето ќе излезат од агонијата и од хуманитарната катастрофа, ќе им се подобри животната благосостојба и стандардот за живот, тоа беше дел од предлогот испратен за време на првиот мандат, но тој предлог се однесуваше за возобновување на Газа, а не за реалокација на сите живели на некоја друга локација. Не знам, можеби оваа идеја ја прочитал во самата Библија. Само Палестинците сакаат држава, тука каде што се сместени, но не со тие државни граници. Дури и да ја добијат формата на држава која ја посакуваат, ништо нема да им биде гаранција од израелската идна окупација. Можеби решението е и во едниот проблем да го преземе Египет, а вториот Јордан. Можеби. Факт е дека палестинскиот сон никогаш нема да стане реалност.

    Инфлацијата во САД е во пад, од економски аспект има ниска инфлација, но за задржување на стандардот од првите години од првиот мандат, истата треба да опадне за некој процент. Тука е битна цената на горивото (нафтата), која доживеа вистинска експлозија за време на мандатот на Џо. А за трговската војна, Џо, првите две години од мандатот, не тргна ниту една тарифна стапка кон Кина, дури воведе и нови со цел заштита на неговата економија. Класичен пример, се сеќаваме на нападот кон Хуавеј поради чиповите. Воведе и високи стапки за електричните автомобили... Сакам да кажам дека трговската војна помеѓу Кина и САД не е прекината од 2016 година. Трамп не започна нова, туку продолжи онаму каде што застана. Кина, деновиве, возврати со тарифи на јагленот увезен од САД.
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.412
    Допаѓања:
    182.843
    Ама секако е разумна политика- прво ќе ве пикнеме во војна, после ќе ни дадете тоа што ни треба, за оружје кое немаше ни да ви треба at the first place...ако не бевте толку зелени. Кој глуп, кој корумпиран, кој изманипулиран...

    Што прочитал во библијата не знам, ради збунка не стави рака на неа при заклетвата. Или бар така ни пренесоа медиумите. Хм :smirk:
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Машки
    Имаат мировно решение на маса. Можат да го прифатат. Ако не го сакаат, ресурси за пари и оружје. Како што гледам, Трамп прави напори да стави крај на војната. Излагања на Зеленски и официјален Кремљ ги ставив на темата. :)

    Рака не стави затоа што Робертс започна да ја цитира заклетвата пред Меланија да дојде со Библиите.
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.412
    Допаѓања:
    182.843
    Вест на денот-Трамп ќе ги укине хартиените цефки. Ќе се селам во Америка :party:
     
    На daylight, JuLleE и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.835
    Допаѓања:
    33.851
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl: клован што може да направи нешто најнебитно:!:.
     
    На staycalm и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.412
    Допаѓања:
    182.843
    Битно, небитно, мене со оваа мерка ме освои скроз:inlove: :rofl:. Нема веќе дете со тантруми оти не може да го дупне сокчето. Мислам, претпоставувам и капачињата што ми одат по живци се во оваа мерка:wasntme:

    Ај да видиме што е следно, дали ќе ме пишмани 8-|
     
    На *Amethyst*, daylight, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.835
    Допаѓања:
    33.851
    Пол:
    Женски
    Ма не само што не може да дупне сок ќе се напие 2 голтки и цевката се распаднала.Леле, а лижавките со дршката ја изедуваат(facepalm):rofl:.

    Кој капачиња тие во носот ли што ти се пикат:headbang:.
    Мм ги корне:bandit:.

    Ова Биљи само во Америка ние сме грун:envy:.
     
    На Biljarkata и LiquidLuna им се допаѓа ова.