Вториот претседателски мандат на Трамп

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 5 февруари 2025.

?

Ќе успее ли Трамп да се справи со сите домашни и светски проблеми и ќе исполни ли сѐ што вети?

  1. Да

    25 глас(а)
    35,7%
  2. Не

    45 глас(а)
    64,3%
  1. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    4.862
    Пол:
    Машки
    Паметен елон сум го погодил малку постов
    https://x.com/elonclipsx/status/1832310306720162267?s=46

    Елончо импичмент му бара на трампчо како шо гледам џд венс доаѓа на сцена и ќе се мести за наредните избори хахаха
    Какви драми во мурика
    IMG_3948.jpeg
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.162
    Допаѓања:
    188.959
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    4.862
    Пол:
    Машки
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Машки
    Интересно е тоа што Демократската партија се гости со сликата на Калифорнија, која наликува на воена зона, каде "толерантната" левица уништува државен и приватен имот. Повредени се и полициски службеници и припадници на националната гарда.

    Што побрзо националната гарда воспостави ред, тоа подобро. Има и доста уапсени вандалисти, се надевам дека дел од нив ќе завршат зад решетки.

    Ваков вандалистички чин можно е да се случи и во неколку други поголеми градови, како Чикаго и Њу Јорк, националната гарда мора да биде на готовс.

    За овие слики е крива администрацијата на Бајден која имаше активна политика на демонизација на полициските службеници, како и политиката на отворени граници која резултираше со милиони илегални мигранти на територија на САД. До пред само една деценија, тогашната администрација на Демократите, на чело со претстателот Обама, импленетираше политики на депортација на илегалните мигранти. Денешната Демократска партија ги штити со сите расположливи политички средства, вклучувајќи и тужби со кои ги оспоруваат мерките и политиките на Трамп.

    Политичкиот фокус треба да им биде кон зачувување на средната класа, кое беше најголемото гласачко тело на Демократската партија. Денес, статистички, најголема поддршка имаат од високата класа. Станаа елитистичка партија.
     
  5. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.145
    Допаѓања:
    4.964
    Пол:
    Машки
    FB_IMG_1749632414916.jpg
     
    На Букерко му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    975
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Ова е пропаганда од републиканците. Протестите во Лос Анџелес се мировни протести.
    Има и видеа како фашистите пукаат во невина новинарка од Австралија.

    Australian reporter covering Los Angeles immigration protests hit by rubber bullet on live TV - CBS News

    Не можеш на ништо да им веруваш на ТАКО администрацијата моментално.

    Јас сум горд од храбрите борци за правда во Калифорнија :sun:

    Protests over immigration raids popping up across the country with more planned
    Ова ќе биде недела на протести во САД.
     
    Последна измена: 11 јуни 2025 во 13:01
  7. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Машки
    Повредување на полициски службеници и уништување на приватна, државна и федерална сопственост се, секако, самата дефиниција за мирен протест загарантиран со Уставот на САД!

    Досега се распоредени околу 5.000 припадници на националната гарда, се надевам дека наскоро ќе го воспостават јавниот ред и мир. Треба да се има нула толеранција кон вандализмот, пироманијата и тероризмот (Антифа).

    Дури и Фетерман застана зад Трамп и се дистанцираше од Демократите.
     
  8. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    975
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Фетерман отсекогаш бил „дистанциран“, т.е. таен републиканец. Ништо не значи тоа.
     
  9. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Машки
    Еве како мирно си...протестираат...
     
  10. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    975
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    upload_2025-6-11_13-19-33.png
    Овде топ коментарот убаво објаснува иако самиот не е свесен. Вакви луѓе секогаш ќе има на вакви огромни и популарни протести. Ама самите учествувачи во протестот само маршираат и танцуваат.

    [​IMG]
    [​IMG]

    Ова се слики од вистинскиот протест.
     
  11. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Машки
    Секако. Вчера моторно возило влета во група униформирани службеници. Уништени се 10тици возила, дел на државните, а дел на федералните сили. Како резултат на ова, повредени се и униформирани службеници.

    Направена е огромна штета на приватната сопственост, конкретно на бизнис секторот, која државата треба да ја штити (а форма на заштита е јавниот ред и мир).

    Инкриминациите кои се прават под покровителство на ова право, се кривични дела, па дури и злоупотреба на ова право. Се знае какви треба да бидат начинот и формата на организирање и одржување на протест.

    Плус, попречување на службено лице во вршење на службена должност е кривично дело. Мислам дека е и федерално кривично дело попречување на агентите на ICE во вршење на својата должност. Ама како и по навика, Демократите ги штитат криминалците и секое незадоволство го манифестираат преку промовирање вандализам.
     
  12. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    975
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Исто е федерално кривично дело да извршиш пуч врз државата, но сите тие криминалци добија помилување од Тако Трамп. Фактички и самото внесување на гардата во Калифорнија е противзаконско во овој случај.

    Републиканците самите ја уништија таа маска што ја носеа дека се построги кон криминалот во државата кога изгласаа судски докажан криминалец за претседател и плус ослободуваат криминалци што ќе го потплатат Такото.

    Сето ова со протестиве е оправдана противреакција на народот.
     
  13. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Машки
    И кривично дело е да вршиш узурпација на државна сопственост, палење на Федерален суд и вандализам во името на осуден насилен џанак, и да поминеш неказнето.

    Како што реков, не е прв пат Демократите да застанат зад криминалците, дури и ги користеа сите правни средства да престане изградбата на ѕидот. Џо, дури, направи саботажа каде ги продаваше материјалите за ѕидот по некоја смешна цена.

    Кога сме веќе кај помилувањето на криминалци, сите помилувања на Бајден издадени последната недела од неговиот мандат можат да паднат во вода поради употреба на автопенкало. Тоа значи дека помилувањето не го потпишал Бајден, туку машина.
     
  14. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    975
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Уште не разбираш што е скандалот околу автопенкалото. Претседателот има право да користи автопенкало - самото тоа не значи ништо. Тоа што тврдат фашистите е дека Бајден не бил ментално свесен што потпишува, а тоа ќе им биде тешко за докажување.

    Ако и двете страни стојат зад криминалците, тогаш на кој ќе му е гајле за тоа? Ова му е многу лоша стратешка одлука на Тако Трамп за што ги користи помилувањата.
     
  15. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Машки
    Ако стигне до Врховниот суд, ќе видиме како ќе се произнесе кон прашањето за автопенкалото.

    Сепак, претседателот не го потпишува помилувањето односно претстателот не бил во Белата куќа кога биле потпишани дел од помилувањата. Сами по себе, овие помилување, не можат да имаат правна сила затоа што своерачно не биле потпишани од претседателот.

    Го помилува и својот син, нешто кое помина доста незабележливо во американските медиуми. Истите медиуми ги оспоруваа тврдењата за инкриминациите на Хантер како "теории на заговор".

    Има разлика од степенот на насилство во Капитол, до вандализмот на БЛМ, Антифа и Демократите. Неспоредлива разлика. Затоа гледаме двиње на политичките сили кон десно, вклучувајќи ја и средната класа.
    Популарност добива оној кој се залага за закон и ред, а не оној кој сака да воспостави безредие. :)
     
  16. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    975
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Моментално демократската партија доминира на избори. Републиканците направија многу лоши стратешки одлуки овие месеци наместо добро да ја искористат силната позиција со која се стекнаа. Многу бргу се врати тој свинг кон лево пак.

    upload_2025-6-11_15-16-33.png
    Моментално судската одлука е дека може и за помилувања да се користи автопенкалото. Ова му беше проста иницијална идеја на Такото бидејќи очигледно не знаеше за оваа судска одлука. Затоа преминаа да се фокусираат на аспект од ментално здравје.
     
  17. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Машки
    Ама не и од Врховниот суд на САД. Тоа е клучното.

    Трамп изјави дека е постигнат трговски договор со Кина. :)