Обид за атентат над Чарли Кирк. Изворите велат дека е погоден во вратот и е во критична состојба. Нека почива во мир.
Ова плус убиството на младата Украинка... На што личат, бре? А, нас ни зборат за демократија и цивилизираност. Скроз зајдоа со паметот.
Најдов рил на Инстаграм каде има снимено дел од тоа како се случило со девојката. Се изнаплакав. Буквално беше оставена сама на седиштето да искрвари до смрт, НИКОЈ не се обиде да и помогни долго време. Сама и исплашена умирала. А ова се случило пред 3 недели и дури сега се дознава вирално, ниеден про западен медиум не објавил. Да се плукнам и во америката и во расизмот и во цел систем забеган.
Не се ситам, никому не посакувам смрт, сметам дека никој не заслужува смрт, особено не ваква смрт пред неговата сопруга и две ќеркички. Од кога го видов видеото, па уште кога дознав дека ќеркичките биле тука во прв ред, не ми излегува од глава, ама факт е дека имаше затуцани мислења во некои аспекти, особено за Палестина, знам имаше и испраќани донации за Израел, во превод плаќал за да се убиваат невини деца. За таа украинката ми е уште повеќе жал, ни крива ни должна, никому не погрешила, таа животина ја уби само поради нејзината раса. Тоа ме нервира, се залагаме за еднакви права, за рамноправност и права на црнците, а кога се работи за белкиња си преќутуваме, доколку фокс њуз не објавеа, не верувам ни другиве американски медиуми во стил на наша алфа, да ја објавеа веста. Да беше обратно, белец да убиеше црнкиња и останатите белци околу да не направеа ништо (ма да и да станеа што ќе направеа, секунди беа во прашање, девојката секако ќе починеше), немате појма каква револуција ќе се кренеше. Животна иронија е што на слика објавена на нејзиниот инстаграм се гледа постер во нејзината соба на кој пишува Black Lives Matter.
Конзервиве кога станува збор за лични примања, секој за себе бил одговорен и требало да си гледа, не било работа на државата и на богатите да го хранат народот и да мислат на сиромашните. OK. Aма за се останато не им е проблем да се мешаат во приватниот живот на граѓаните и да пробуваат да го уредат. За тоа бетер од стрини на чешма се.
Кружат информации околу наводниот идентитет на убиецот, наводно станува збор за маж кој се преправа дека е жена. Кружат и видеа дека пред извесен период лично му поставил прашање на Чарли Кирк. Но се додека не се направи негова идентификација односно се додека не се процесуира убиецот, се е само шпекулација. Со оглед на фактот дека станува збор за убиство со умисла, а во Јута има смртна казна, шансите јајцата да му бидат испржени се огромни.
Мене не ми е нормално колку луѓе се исмеваат со нечија смрт, само затоа што некој имал различно мислење од нивното. А, за убиецот се надевам и верувам дека ќе го најдат.
Ако добивав 1 евро читајќи коментари "(insert here) затоа што имал различно мислење" а не знаат практично ништо за Чарли и неговото дејствување (и колку подлабоко е од "различни мислења") сега ќе бев ултра богат.
Лудаци со пореметен ментален склоп кои се ситат на нечија смрт само поради тоа што има различни мислења и ставови од нив.
Језиви се, а се ситат бидејќи се глупи ко трупци. Ја прашува Чарли една што се дефинира ко Квир, му вика така се осеќам. Ама кажи ми дефиниција за Квир, како ќе му објасниш на некој што не знае што е Квир, е па Квир вика.
Текстов е од професорка која била жртва на "Professor Watchlist" на Чарли Кирк, раскажува за заканите и омразата со кои се соочила. Сега кога тој е тема во вестите, таа (и јас богами) прашува за кого жали сега јавноста? Долг текст, но вреди да се прочита.
Неверојатна принципиелност е да си го испратиш сопствениот син на столица. Мора да веруваш во некој идеал, како правичност, и цврсто да стоиш зад тој идеал против сопствената крв. Обвинетиот потекнува од повисокиот стадиум на средната класа, што поразбира живот без големи економски тегоби. Вистински дебилизам е да извршиш убиство со умисла на 22 години и да ставиш точка на твојот живот. Ова не се однесува ако се утврди дека има некаква форма на растројство (каква што имаат шаренокосите од видеото погоре). Убиството со умисла подразбира методичност и планирање. Со овој чин го уништи и неговото семејство. Шансите за одмазда кон некој негов близок се поприлично големи, моментално се под полициска заштита. И шаренокосите, со видеата, си ставаат нишан на чело. Знам дека глупите луѓе немаат чувство за последичност, ама во атмосфера која е пред вриење идиотски е да постираш видео со кое се ситиш на нечива смрт, а уште помалку да постираш коментари со „погоди чии деца немаат татко“! Мал дел од нив ги осетија последиците од своите постапки, читам дека имало отпуштања поради коментари на социјални мрежи.