Вториот претседателски мандат на Трамп

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 5 февруари 2025.

?

Ќе успее ли Трамп да се справи со сите домашни и светски проблеми и ќе исполни ли сѐ што вети?

  1. Да

    26 глас(а)
    34,2%
  2. Не

    50 глас(а)
    65,8%
  1. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.925
    Допаѓања:
    24.211
    Пол:
    Женски
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    44.772
    Што би рекол другар ви Чарли, неколку смртни случаи годишно се само колатерална штета за да си го задржат и применуваат вториот Амандман.

    Е сеа, дали дете од 22 години од прва може да убие некој од 200 метра размак без снајпер, тоа на вас просветлените оставам.
    Сигурно не го ликвидирале неговите оти почна против Израел да збори. Значи сепак некој се плашел од тоа што збори , само на грешна врата куцате.
    Не се следи политика на Инста рилс и ТикТок.

    Нејсе, барем се појави силувачот слеш педофил што се криеше 3 недели оти се шлогирал.
    Али верувам во него. Чим ,, атентат ,, преживеа, ова е ништо за него.

    Него, зашто се заташка секоја прича за неговиот ,, атентатор ,,? Ја мислев година дена ќе спамаат за него...

    Додека има овци, ќе има и волна.
     
    Последна измена: 13 септември 2025 во 09:04
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.818
    Допаѓања:
    26.013
    Пол:
    Машки
    Ајде малку да се присетиме на некои од многуте „различни ставови и мислења“ на сега покојниот Чарли:

     
    На Аргентина * и daylight им се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.886
    Допаѓања:
    23.873
    Пол:
    Женски
    И? После видеово треба да ни е мило што бил убиен?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.818
    Допаѓања:
    26.013
    Пол:
    Машки
    Ако сакаш цитирај ми го мислењето во кое сум напишал дека треба да ти е мило што е убиен?

    Одбивав да пишувам долги текстови на темава, ама некако ме пецна со мислењево, затоа што верувам дека ќе ти се надоврзат одредени активни поддржувачи на идеологијата на Кирк.

    Дали ми е мило или сум среќен што бил убиен? Не. Убиства генерално не поддржувам.
    Дали тажам и сум вознемирен што бил убиен? Апсолутно не.

    Човекот си умре буквално од идеологијата што ја пропагира (во случајов алудирам на gun culture и 2nd amendment). Истиот тој човек, изјавуваше дека „емпатија“ е новоформиран поим кој тој не го поддржува, па затоа ќе ја искористам неговата поента и нема да имам емпатија за докажани мразачи на сите различности: црнци, LGBTQ+, феминист(к)и... За пропагатори на ниска позиција на жените во современото општество, за луѓе кои жустро се залагаат против абортус – макар било и силувано мало девојче, макар било и сопствена ќерка, за правдачи на геноцидот во Газа и убиените деца, за поттикнувачи на говор на омраза и вербално/психичко насилство врз неистомисленици.

    Никогаш, ама баш никогаш нема да имам емпатија за лицемери како крајни десничари, особено крајни десничари со исклучиво високо влијание како овој. Иако на збор директно никогаш не оправдуваат насилство, реалноста е друга. Ако некогаш имаш искуство некој (краен) десничар јавно да те објави на интернет, ќе видиш на што мислам. (Најискрено, не ти посакувам – зборувам како некој што бил објавен и добивал умоболни пораки заради коментар кој не повикувал на насилство кон никого.)

    Може истовремено да не ми е жал, а и да не ми е мило за неговата смрт, затоа што не поддржувам gun violence и земајќи го предвид мојот став за оружје - дека треба да има најстрога можна регулација за тоа кој може да поседува оружје, особено во Америка.

    И да, на крај сепак тонот и начинот на зборување против убиецот од страна на конзервативците во Америка драстично се промени, кога дознаа дека истиот не е некоја транс личност со шарена коса или црнец - туку некој баш сличен на нив, па од повикување за смртна казна, премина во многу поблага верзија. Aко следиш што се случува на твитер, ќе ти биде јасно.

    Еве еден мал, свеж пример за лицемерието за кое зборувам:
    [​IMG]

    „Чарли беше убиен поради слобода на говор!“
    *почнува да прави списоци на луѓе што ќе ги таргетира поради слобода на говор*

    За кого ми е жал? За децата нивни. После видеото од жена му, сфаќам дека и таа е ист калап, па стварно ми е жал за тоа во какво семејство се родиле тие деца, и потенцијално во какви возрасни луѓе ќе прераснат.

    Ве молам, како Македонци фокусирајте се на поважни работи во земјава, наместо со денови страствено да браните човек на кого додека беше жив не му беше гајле апсолутно за никого надвор од неговата ултра десничарска секта.
    А уште помалку да убедувате дека бил некаков пропагатор на демократија, цивилен говор и размена на мислења и ставови, бидејќи функционални очи и уши се уште имам, сум гледал негови „дебати“, начин на кој комуницира со лицата наспроти него, како ги омаловажува директно и го пали стадото да испушта неартикулирани звуци. Сепак, постојат луѓе кои прв пат го гледаат, па оваа стратегија и те како пали.
     
    Последна измена: 14 септември 2025 во 23:47
    На Angie1432, fbaby, Аргентина * и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.886
    Допаѓања:
    23.873
    Пол:
    Женски
    Па, која ти беше поентата да објавиш компилација од неговите најлоши и најекстремни изјави?

    Јас Чарли Кирк не го жалам на тој начин дека е тажно што умрел, баш поради тоа што од трета перспектива, он не би се жалел себеси. Не само затоа што поддржува поседување на оружје дури и по цена на жртви, туку затоа што е христијанин кој, ако верува дека секое забременување е со причина, тогаш би требало да значи дека и секоја смрт е со причина.

    Но, реакцијата на сите што не се согласуваат со него е језива, едноставно денот кога огромна група на луѓе (кои као, имаат емпатија за секој нели..) вели дека е океј што некој бил убиен само затоа што имал одредени контроверзни размислувања, значи дека е дозволено да се убиваме заради... мислења. И да, иако тебе ти звучат како расистични и полни со омраза, на крајот на денот тоа се само размислувања и зборови. Да беше он некој политичар или воено лице немаше да осеќам потреба да го бранам.

    И сите тие што се ситат на убиството на социјални мрежи, а ги има многу!! даваат иста енергија како неговиот убиец, кој оставил пораки на метците кои звучат како смешни Тикток коментари, сигурно знаеш на што мислам. Целото тоа правење шега од нечија смрт само пошто субјективно го гледаат како лош човек, Е оправдување на убиството.

    Инаку Чарли Кирк не е краен десничар, десничарите него го сметаат за moderate, што значи не мразел жени и гејови доволно за да го сметаат као еден од нивните лол. Со што секако не се согласувам, сметам дека е десничар, но оној тип кој го барем почитувам.

    Сега оваа вест е актуелна, за тоа ми се дискутира и сакам да ја бранам мојата поента, а тоа е дека не е ништо црно-бело и колку и да звучи corny, дебатирање на различни мислења е многу корисно и важно. Можам и јас сега да ти пратам видеа заради кои го сметав дека Чарли Кирк е квалитетен човек.

    И да, ајде овој пат да се фокусираме на лицемерието на левичарите и еднаш да слушнам некој левичар да ја критизира својата страна. Реалноста е дека левичарите толку мразат некој што има поразлични вредности од нив, се расфрлуваат со зборови до степен што некоја будала мислел дека убива.. фашист. А нема никаква врска.
     
    На Dulceee и Amellie13 им се допаѓа ова.
  7. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.818
    Допаѓања:
    26.013
    Пол:
    Машки
    Тука следува:
    ---
    :x

    Не е

    Фашист или не - Е радикал и поттикнувач на омраза и неприфатливост.
     
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.886
    Допаѓања:
    23.873
    Пол:
    Женски
    Па на вас секој десничар ви е радикален... Не се согласувам со ниту еден епитет и тоа е тоа. Погледај и други видеа од него на неговиот инстаграм пример, не само тоа што ти избацува твојот алгоритам, затоа што си во информациски меур.
     
    На Dulceee и Amellie13 им се допаѓа ова.
  9. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.818
    Допаѓања:
    26.013
    Пол:
    Машки
    Замисли, ако му го истражам целиот живот, ќе најдам барем 10 работи за кои се согласуваме. И што? Која е поентата? Магично ќе стане добар човек за мене? Не. Нема.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.886
    Допаѓања:
    23.873
    Пол:
    Женски
    Не, туку можеби ќе сфатиш дека нема ни р од радикален и расфрлувањето со такви зборови прави штета.
     
  11. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Машки
    Толку беше и од политичкото шоу на Кимел на АВС...
     
  12. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.818
    Допаѓања:
    26.013
    Пол:
    Машки
    Тоа е слободата на говор за која ревносно зборуваат десничарите? :*:
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.905
    Допаѓања:
    41.510
    Пол:
    Женски
    Човек што изјавува дека би ја натерал својата ќерка да роди дете ако е силувана од педофил е ментално disturbed, во најмала рака. Да, никој не заслужува да биде убиен сред бел ден на млади години и тоа никој не го поттикнува.
    Истовремено, нема поента после неговата смрт да ги ублажуваме работите кои јавно ги пропагирал пред милионска публика со огромно влијание за креирање на јавно мислење.

    На пример, моментално во некои земји во Америка(баш вчера читав во Јужна Каролина) тотално се забранува абортусот без исклучоци, дури и кога животот на жената е загрозен или фетусот е со аномалии. Ваквите пропаганди директно придонесуваат во криерање на вакви закони. И се' е дебатирање на различни мислења, се' додека не се донесе закон што лично не' загрозува. Можам да замислам дека и кај нас би била слична ситуација ако им дадеме платформа на екстремни десничари, секако моментално на власт имаме конзервативна партија. Во никој случај не бил личност која би заслужила некаква почит.

    Единствено нешто кое го кажал што е паметно е кога пред некоја недела поставил прашање доведувајќи ја во прашање веродостојноста на тоа што го прикажува Израел. Колку што гледам сега и од таму се шират теории на заговор, демек бил намерно ликвидиран и сл. Кој знае што е работата и кој бил мотивот, но сепак нема поента да негираме дека целокупното негово влијание, и неговото и на слични популарни јавни говорници, е големо.
     
    На staycalm и KateKane им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.697
    Допаѓања:
    192.678
    Што значи дека на никого не му чуе, и да пропагира палење вештерки кои имаат црвена коса, се додека не чепне кајшто не треба. Толку за државата која е извор на идеали и пропаганди.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.886
    Допаѓања:
    23.873
    Пол:
    Женски
    Да знам, и јас пред некој ден проверував во кои држави во Америка е скроз забранет абортусот и бројот е загрижувачки. Искрено, не е дека ги ублажувам работите што ги има кажано, туку ми се допаѓаат добри 30-40% од работите што ги збореше, со некои се согласувам, за некои едноставно мислам дека имал добар аргумент, така да, не е дека од жал пробувам да го оправдам тоа што го кажал, туку ми се допаѓа што зборел. Најлошите работи што ги има кажано се во врска со абортус и се друго што произлегува од религија (традиционални семејства, однос маж-жена итн.) и тука се сосема разминуваат моите гледишта со неговите, но не мислам дека ментално не е добар туку дека на него и сите што се религиозни им е сосема испран мозокот да гледаат на секој абортус како да се убива бебе. И кога ја имаш таа перспектива и не гледаш поинаку, нормално дека нема да ти е нормално „убивање на деца“, иако воопшто не е така.

    Се уште не мислам дека е екстремен десничар, затоа што ако е он тоа, како ќе ги наречеме actual нацисти и фашисти? Ако либералците за типичен конзервативец (дури некои го сметаат за благ конзервативец) сметаат дека е радикален, тогаш немам коментар. Скоро сите десничари, републиканци (не знам која етикета е правилна) се про-лајф, тоа е дел од нивните вредности, но не значи дека сите се радикални...

    Сметам дека имал право да збори за абортус што сака и колку сака. Ако сакаат левичарите да имаат влијаније нека се уозбилат политички. Нивниот проблем е што они не дебатираат и не даваат аргументи, туку мислат дека нивните сфаќања треба да бидат default и секој што не размислува автоматски така не е нормален. Колку и да не се согласувам со про-лајф агенда, сметам дека Американците сами се одговорни за состојбата во нивната држава. Кога либералците ќе имаат квалитетни активисти кои наместо да се фокусирани на транс жени ќе зборат за ствари што се значајни, тогаш ќе биде подобро. Сметам дека Dean Withers е на добар пат, ова другово што имам видено и слушнато, не ми никој остава впечаток на интелигентна личност.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Машки
    Првиот амандман, покрај другите права, ја заштитува слободата на говор од власта (поточно од Конгресот). Немаш заштита од општествените или политичките реперкусии како резултат од ползувањето на ова право. Така, можеш да бидеш тужен за клeвета односно за нарушување на честа и угледот на граѓанин или за нарушување на угледот на фирмата. Лично, би го оставил во етер, колку да се бламира.

    Ама и вака е интересно...