Според сите настани кои се случија после тоа убиство, воопшто не сум убедена дека некој левичар го убил зашто не му се свиѓал. А каков спектал направија од комеморацијата што дури ми падна жал за човеков од третманот од најблиските луѓе после неговата смрт.
Ај што направија спектакл и со претседателот и се, ама тоа што жена му има 0 емоција и го глуми секој говор ми е психо понашање. Мислам дека @staycalm повеќе го жали од неа. Многу факинг чудно, не знам што да мислам.
Кирк на пример, лажеше и манипулираше, пласираше невистини во полза на зла идеологија со која переше мозоци на студенти и на малолетници. Доминирал во дебатите. Со кого тоа, спроти тинејџери доминирал 30+ годишен изверзиран политички активист? И 10-годишници и помали одеа да го слушаат. Hе им е местото на агитатори покрај деца, не знам како е тоа воопшто дозволено. Уште пукањето пред деца се случи, у-жас.
Не ми е познато како стојат конзервите сега со рејтингот, цело лето стрмоглаво паѓаше пред да се случи ова.
Американските медиуми за брзо: Колку и да сметам дека најдобра, ако не и единствена американска опција за мир во светот е Трамп, факт е дека оди по чекорите на брат Путин особено во цензура на медиуми, изборни кражби и авторитаризам. Не би ме чудело и да најде дупка во законот па 2028 повторно да се кандидира, ма да и да најде не верувам дека би го сакал тоа, затоа што ако успее тој да трча за трет мандат, одма и Обама би трчал, а таков изборен дуел не знам дали би завршил во корист на брат Трамп. Но ете ако успее и 2028 ако биде реизбран, после ќе си менува устав и закони и ќе си ја држи функцијата доживотно, како брат Путин во Русија.
Како стојат работите, Врховниот суд ќе го укине Voting rights act. Демократите може да загубат до 19 места во Претставничкиот дом (сите на југот). Дополнително на ова, дел од црвените држави може ќе ги прекројат границите на дистриктите (геримандеринг), со што Републиканците ќе добијат околу 10 места во Претставничкиот дом. И Демократите ќе ги прекројат границите во дел од сините држави, ќе дојде до одредено пребивање, ама Врховниот суд може да ги сведе шансите на нула Демократската партија во 2026 година да ја поврати контролата врз Претставничкиот дом. Домино ефект.
Photos show ‘No Kings’ rallies against Trump across the US and in Europe | AP News Милионски мировен протест против педофилската администрација на осуден криминалец Доналд Трамп, најдобар другар и соработник со Џефри Епстин. Многу сум горд на овие храбри американци кои се борат за својата држава.
Малку доцнам со коментарот, ама на Американците убедливо најјака традиција им е кога пред Денот на благодарноста, претседателот ги помилува мисирките да не завршат на трпеза. Секоја година урлам од смеење
На Венецуела веќе некое време и прави булинг и геслајтинг, сега најавува дека ќе влезат таму наскоро. Земјата ги има најголемите резерви со нафта во светот.
https://www.dw.com/mk/kosovo-gi-primi-prvite-deportirani-migranti-od-sad/a-75121759 Oвa ce некои како Тони Монтана? Say hello to my little friend. Трамп откако ќе расчисти со Венецуела, ќе ги донесе картелите од Латино Америкa на Балканот.
Ај можи и Мици ќе прими по некој мигрант, покрај тие британските што ќе ги прими. Ако, си сака тој, прима...
Мигрантите од Британија тешко дека ќе дојдат. А САД се друго. Како и да е, кој и да стапне во Косово, може да си се движи и низ Македонија. Имаме моментално граница со Косово? Не би рекла.
Немале да дојдат... Ќе дојдат, мице за пари газ си даде не па некој мигрант да прими. А штом е олку попустлив кон Британија, ако му речат од САД и цел див запад ќе прими.
жмицкоски не е никој да одлучува, мигрантите не смеат да бидат депортирани во држава како Македонија согласно Европската конвенција за човекови права. Да можеше така, уште лани ќе беа испратени во Руанда.
САД е друга приказна, на пример, на идолов ваш доколку му текне да ја прави Америка повторно бела, ќе депортира кого сака, каде сака на Балканот, тоа не е спорно. Ама да не претеруваме, сепак. Тие мигранти таму што работат на црно им се од голема корист на капиталистите.