Трамп тврди дека Николас Мадуро и неговата сопруга се заробени и изнесени од Венецуела, потпретседателката на Венецуела потврдува дека не знаат каде се наоѓа претседателот моментално и бараат докази дека Мадуро и неговата сопруга се живи. (Потпретседателката можеби веќе е претседателка, а тоа ни да не го знае) https://sdk.mk/index.php/naslovna/t...o-zarobile-maduro-po-napadite-vrz-venetsuela/
А како тоа Соединетите Држави си земаат за право да апсат во туѓа суверена држава и притоа да испраќаат воена полиција како Delta Force на туѓа територија? Каде е тука меѓународното право? Декократијата? Суверинетот на државите? Резолуциите на ООН? Или сепак "посилен сум, не ми можиш ништо" битен ми е интересот. Лесно е да си светски полицаец и да супер сила па да се дичиш на слабите. И добро е шо светот полека но сигурна станува мултиполаерен..
Ајде каде се сега санкциите за САД, омразата за Американците ко нација, забраната за читање литература од американски писатели? Го става некој знамето на Венецуела на профилна?
Слушав сега ФИФА ќе ја банирала Америка од играње на светското в лето... Аааф не, се помешав со една друга држава од пред 4 години... Пардон
Ако ти е до утеха, јас ги мразам републиканците како нација. Добрите американци топ се за разлика, нема што да ги мразам. И во Русија е исто: има добри и лоши Руси.
Што е ова, најголемите фанови на Трамп сега барате осуди за него? Па вие го величевте, нели брат ви беше и едвај чекавте да дојде на власт? Од воен аспект, навистина се неприкосновени. Да влезеш во една земја, за 2 часа да реализираш акција со само неколку повредени војници, и да ја реализираш целта, да приведеш претседател е способност, сигурно не е етички, ама е воена спремност за која другите можат само да сонуваат. Се надевам нема цивилни жртви, никаде не прочитав дека убиле цивили. И не сфаќам како живеат луѓето во Венецуела, кога кило месо чинело повеќе од минимална плата. Дали се занимаваат со криминал или се иселени па праќаат пари дома(имало иселени околу 8 милиони) или се на некое социјално, немам идеја како опстануваат. Се надевам дека ги чека подобро утре, да пркнат економски. И ич не е здраво шофер на автобус да владее 28 години со една земја. За што би имало повици за омраза кон нација, книги? Не убиваат цивили цели 4 години, не гледам Бучи во Каракас, туку извеле операција на туѓо тло, вешто со таргет на воени и нарко цели. Не е ок, ама не е ни масакр, ни геноцид, ни етничко чистење, ниту се срамнети цели градови и села, туку изведоа апсење на човек кој сигурно е диктатор. Ако операциите завршат тука, ако се продолжи нормално понатаму, како е агресија? Каква е таа агресија што траела 2 часа? Имаше агресии и на Балкан, ама траеја со години и однесоа во смрт 200.000 луѓе.
Ова е најдоброто можно сценарио за Венецуела и венецуелскиот народ. Земјата можеше да се претвори во следна Либија, Сирија или Украина. Вака, изгледа дека се брзо се заврши, и Венецуела ќе има можност во иднина да се среди, и да има поголем просперитет.
Па мешање е, секако. А тие обвинувања за наркотероризам којзнае колку се основани, Господ знае. Ако така гледаме за мешања еве и наша Гоца кога збори за Молдавија зошто ќе напредувала кон ЕУ е исто мешање во внатрешни работи на таа земја, па сега ако Македонци си дозволуваат да се мешаат, што очекуваш од појаки. И тоа е мешање во туѓи внатрешни работи. Да не гинат цивили, инаку за некој што 28 години е на власт, не ми е многу жал. Ај замислете дека цел месец работите за килограм месо, полошо мислам не може да биде, полошо од тоа е само смрт. Абе не е демократија 28 години да те владее некој и да немаш за леб. Гледав на тв, имаше анкета, некои смирено реагираа, демек ако го фатиле, па добро, многу се 28 години, време е за промена.
Поздрав, сестре. А Трамп кур го боли,иzкраде, избанкротира, изкорумпира, изсилува, не знае колку пари има, не знае колку дудлачи има,и плус ќе пцовиса кај и да е...Yolo.
Не за џабе Нобелот отиде кај главната опозиционарка во Венецуела, која јавно повикуваше на бомбардирање на сопствената земја. Домашните предавници се секогаш најопасни. Империјализам на дело, светот се поклонува пред очигледниот грабеж на една независна држава.
Кај му изброја 28 години? Инаку не знам што сте учеле во школо, има од на Гоца коментирањето до на УС долгогодишните санкции, троа разлика, као небо и земја. Ќе да има и тоа нешто врска со плата за кило месо. А ова не се вика мешање во внатрешни работи, окупација се вика.
Нека е и 1 година, не мора да се 13 или колку и да се, ако бил добар, претпоставувам досега ќе имаше масовни демонстрации од Венецуелци од САД, во Венецуела и секаде каде ги има за поддршка на Мадуро. Нивно си е тоа, ако тие не се задоволни, кои сме ние да им кажуваме дека е ок цел месец да се работи за килограм месо. Ти за килограм месо ли работиш во Германија? Не ни сакам да замислам како се живее во држава со 83% сиромаштија, а живеам во очајна држава со 21% сиромаштија. Нормално дека има разлика, САД е прва сила во свет, земјата на Гоца ни во Отворен Балкан со 3 земји не е прва, последна е. Нашиве да имаат сила и моќ, би биле бетер и од Трамп веројатно. Секогаш кога некој бил под санкции, имало причина, не е тоа дека биле перфектни, супер било, ама ете некој немал друга работа, па санкции им ставил. Да се коригирам, партијата на Мадуро е на власт 28 години. И тука паѓаа во несвест како тоа Трамп месијата ќе донел мир, се супер ќе било, спасот, светецот итн.
Санкции се ставаат кога некој не работи за твој интерес. Или за амерички интерес де. Или меѓународниот суд во хаг се едни лоши дечки, па ги фрлија под санкции? Каде и за колку работам јас не е предмет на темата, прибери се малку.
Hека влезат Американците во Мк да ги киднапираат мицко и неговиот коалиционен партнер бц, нека ги носат во пеколот.
После неколку години величење на агресорската “руска чизма “ тука, за исто кршење на меѓународни права и права на секоја држава. Сега читаме осуда на истото. кога го прави САД и Трамп . Прашњето е дали една држава смее да нападне друга држава. Лицемерието е што за едни навивате да нападне(Русија) а сега скокате за Сад. Првите добронамерни, другиве злобни. И Разликата е што ова беше брза акција, и што мајсторски ке сменат режим кој и нема подршка, ќе земат ресурсите и уште браво ќе им кажат. Територија не ги интересира. Следна може да е Куба или Колумбија.
Е ова се вика специјална воена операција. Пиу пиу и за 3 саати објавија дека е спакуван во авион и на пат кон суд https://www.instagram.com/noticiastelemundo?igsh=M3BoYXYyaTJ4cnFu Само погледнете го славјето на венецуелскиот народ кој избегал во Америка. Чекаа долго, ама начекаа. Само Диосдадо (дадениот од Господ) остана да го брани Мадуро
Да, ова е тоа што Путин го смисли, а Трамп го спроведе, специјална воена операција. Е ова е баш СВО, дури да направиш и испиеш кафе, завршило. Па едното било испровоцирано, па ова нели е испровоцирано по истата логика? И Русија има аргументи, и САД има. И после руската инвазија на Украина нема веќе меѓународно право, прекршено е тоа, кој каде може и кого ќе може ќе тепа. И српските медиуми го нарекле Муцунски северномакедонски не знам што, Македонија банана држава. Во право се, Тимчо од држава со едвај 1.8 милиони жители вели „Ние стоиме зад САД“. Кои тоа ние? Ние двајца без тројца? Со што стоиме зад САД? Да не случајно ние им ја обучуваме армијата или разузнавачи информации им даваме? https://informer.rs/planeta/vesti/1079723/venecuela-timco-mucunski-makedonija-maduro Ајде да се префрлиме на логика на македонски манипулатор, ставот треба да гласи вака: „Аааа, па Трамп колку пати ги опомена за терористичка група во САД, за дрогата, нели им понуди преговори, не, не, криви се, зошто го бирале Мадуро, возач на автобус и Русија е крива, им вети поддршка и ја нема сега. Русија ја испровоцира војната, се приближува на Венецуела, а САД едноставно мораа да реагираат“. И кои се тие двојни стандарди демек глумец не треба да е претседател, ама возач на автобус е сосема ок? Не гледам слики да ставате од Мадуро со автобус? Ако следиме наратив на форумџии, држави каде има корупција, сами се криви, требало да бидат тепани, да не постојат итн. Истите форумџии или се тука во коруцискава мека или се во земји кои делат исти ставови како САД.
Педофилот диктатор кој требаше да биде миротворец, апси еден диктатор на негова територија, а други ги толерира пошто му се топ за политика или медиумски спектакли, уствари си ги гледа своите интереси. Уапсениот диктатор пак, владееше со авторитарни методи, репресивни мерки кон опозиција и новинари, протерани илјадници, економија у колапс, со екстремна хиперинфлација и масовна сиромаштија. Рускиот диктатор кој е сојузник на уапсениот диктатор, пак се покажа како бескорисен сојузник. Сега ќе ги собира протераните испрдоци од Венецуела. Не знам за кого да навивам у ситуацијава, за сите тројца сум.