Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вториот претседателски мандат на Трамп

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 5 февруари 2025.

?

Ќе успее ли Трамп да се справи со сите домашни и светски проблеми и ќе исполни ли сѐ што вети?

  1. Да

    29 глас(а)
    34,1%
  2. Не

    56 глас(а)
    65,9%
  1. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    18.622
    Пол:
    Машки
    Сега ќе бидат од понеделник, дека викенд не работат :D
    Инаку во време на Бајден почна СВО во Украина, гледам го забораваат многу тоа а е битно.

    Русија ја нападна Украина поради заканата од НАТО, а САД ја нападна Венецуела поради нафтата.

    Информер на Вучичевиќ не ти се српски медиуми туку медиум на Вучиќ т.е. партиско гласило, а Вучичевиќ ти е новинар од рангот на Латас.

     
    Последна измена: 3 јануари 2026
    На DS10 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.760
    Допаѓања:
    135.208
    Пол:
    Женски
    Колку е дволичен нашиов Тимчо. На и вон предавања дрдореше едно, пред медиумите друго. :rofl:
    Кои сме ние да стоиме зад САД?
    Само кукавици кои играат на свирката на САД само за САД да не им даде поддршка на браќата ко порано. :wasntme:
    Ова со Мадуро е скроз погрешен потег. Ем е против меѓународното право (кое токму САД најмногу не го признава во потполност), ем е провидно дека е лична корист во прашање. :D
     
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.659
    Допаѓања:
    92.470
    Пол:
    Женски
    Путин ја нападна Украина да грабне територија и ресурси.
    НАТО беше оправдување за наивни.:(
     
    На 20cm, Gosh, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    10.910
    Пол:
    Женски
    Венецуела ви е Ирак број 2, само што историјата се повторува во облик на фарса.
     
  5. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.891
    Допаѓања:
    14.962
    Вмровци се МАГА, МАГА не киднапира МАГА, барем не МАГА без нафта и ресурси.:lol:
     
    На Biljarkata и Аргентина * им се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    10.910
    Пол:
    Женски
    А бе ти оди играј си во темава!
    https://forum.femina.mk/threads/Расипи-ја-мојата-желба.1814/page-240
    Велат дека баки се налутил откако западните го заменија со зајче, па станал русофил. Значи треба само да најдиме нафта и да го поставиме баки на чело на вмро. Се морало да се комплицира.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Тимчо е за презир, да, не само српски медиуми, туку сите треба да го измеваат. Ама Информер е српски, независно дали е близок до Вучиќ или било кој, и Вучиќ е Србин. Потегот на Тимчо е за секаква осуда и редакција. Нормално дека државиче како нашето ќе игра како другите ќе свират, не знам што очекувате, да сме велесила ли со оваа сиромаштија? А гледам во САД за тоа живеат, за Тимчо да ги бодри, многу им значи поддршка на некој политичар од земја за која не ни чуле дека постои.

    Русија планираше да влезе во Киев и да го ликвидира Зеленски и министрите кои не им се допаѓаат, да ликвидира, не да уапси и вам би беше сосема ок, па дури и ликувавте, паметен потег било. Украина нема абер од НАТО, Венецуелците навистина имаат свои криминални групи во САД и навистина се занимаваат со дрога, и тоа не е мисловна именка, туку факт. И не може за Украинец да кажуваш бил глупав и немал вода во очи оти може да купи 100 килограми месо, а за Венецуелецот што работи цел месец за килограм месо, па добро, остај тоа. Како остај? Па тука кенкања абе Зеленски бил инсталиран, па на Мадуро две изборни победи му се оспорени и во Венецуела и надвор, на Зеленски не му се. Како исто? Среќа што САД не убиле никого, да не гине гладен, гол и бос народ. Како што гледам нема податоци за загинати војници, веројатно не убиле војници и да убиле тоа пак ќе е некоја симболична бројка. Ако после ова Венецуелците имаат да купат макар 5 килограми месо од платата, ќе бидат победници. Тука ликувавте како тоа Русите ќе земале некои руди во Украина, ќе се обогателе, сега абе САД лошите ќе ги земеле ресурите на Венецуела. Не се лоши, исти се како Русите или за нијанса подобри, ако фрлат нешто на Венецуелците. За Одеса стопати кажавте запалени биле сепаратисти и терористи, за жената во метро во САД што жива ја запали имигрант не кажувате? Нормално е да тепаш, затвориш и судиш терористи што прекршиле закони, не е нормално да отидеш во туѓа земја и да запалиш жена во метро од чист кеиф и настрана природа. И живеете во Германија, земате по 2.000 евра плата, цело време го трошите да ја хејтате Урсула, Мерц, Меркел и кој и да е, ама сосем ок било возач на автобус и наркодилер да е претседател на држава. Тоа е доказ дека современите општества не перат стари навики, злорадост, сеири, кодошлаци. И ние сме криви за испадите на Тимчо, тој не дојде сам на власт, ВМРО има огромен број гласачи, тоест сите сме тимчовци и сите сме за хејт и сите сме против меѓународно право по таа логика.
     
    Последна измена: 4 јануари 2026
    На Wojak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    48.349
    Сеа имаат од каде да цицаат нафта ко резерва,па можат заедно со израел да го сотрат Иран со земја без никакви пречки...
     
    На Wojak му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    5.476
    Пол:
    Машки
    Сега за некој месец ќе видиме напад на Гренланд, па Данците полека може да се спремаат со бродови да преносуваат дрога во САД, знаеш, за брат Трамп да има изговори...
     
    На Wojak, Amellie13, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Ако Путин може, што другите шугави ли се? Го правдате Путин, правдајте го Трамп, правдајте ги сите џахадисти итн. И Тимчо ќе зборува за дикатори, а Грујо дикаторот седи кај Орбан. Јад и беда. Греотка. Граѓаните на Тимчо ќе им течат лиги кога ќе поминуваат покрај бурекџилници, четврт бурек им е луксуз, ама Тимчо стоел зад САД. Не е ништо спорно, секаде во светот може да има референдуми како во Донбас, на 5 души ќе им се заканат по живот, 2 со присила ќе ги однесат на гласање, ќе гласаат За, и се е чисто и легитимно, исто како што прави Мајка Русија и Путин, чуварот на прославјето. Се ок, проблем нема.
     
    Последна измена: 4 јануари 2026
  11. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    2.897
    Пол:
    Женски
    Немале за кило месо? О Боже...
    Последниве 20 години под водство на Чавез и Мадуро, сиромаштијата од народ, преку 80 проценти, излезе од картонските кутии во кои живееше , добија државни станови, образование, здравство....да, уште се сиромашни, но барем многумина почувствуваа дека некој се грижи за нив...
    Живот под санкции, кога си никој , само поради местото во кое си се родил, кога туѓа сила посакува да владее со се што е твое, кога поголемиот дел од светот не ни помислува дека еден ден и самите ќе дојдат на ред...

    И не, не е исто со Украина....Украина се продаде на американската приказна за сладок живот, заборави на своите браќа, несвесна дека е само пион до американскиот сон, да владее со руските ресурси...
    .
    Исто е само тоа, што домашните издајници имаат клучна улога, пропагандата одлично ги испра мозоците ширум светот...пресудува средниот слој на население, полуучено, полубогато, но со огромна желба да биде некој друг, кое единствено што знае да каже е дека е родено на погрешно место и дека му припаѓа не знам што...

    Згрозена сум и тажна од падот на човекот...никаква желба за вистина,правда и слобода....
     
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.760
    Допаѓања:
    135.208
    Пол:
    Женски
    Сега Данциве да се паметни, па да земат самите да го уништат Гренланд ќе е најдобро.
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Не е поентата да се убедуваме, имате гугл, верувам знаете да проверите, дека минималецот е колку кило месо, патем во македонски медиуми го имаше тоа, а и не е најбитно во случајов. Ако му се може на Путин, сега и на Трамп ќе му се може. Ако нема суд за Путин, нема ни за Трамп. Тоест на Путин не му се може, тој нема никогаш да направи ваква молскавична акција, независно дали е таа легална или не. Цак-цак, готова работа, тоа е армија, тоа е држава, тоа е разузнавање, а без тоа една држава не е држава и од тоа треба да си извлечеме поука. Ако САД влезат помасовно во нафтената индустрија во Венецуела и инвестираат, Русија за скоро ќе биде трајно неконкурентна со ресурсите, затоа што истиот тип на нафта го има во двете земји, двете го продаваат. Кога Венецуела ќе продава помасовно, Русите ќе дремат на некоја клупа во офсајд. Имате ли бугарски пасоши вие што зборувате за продаденост или сте во процедура?

    Исто, не исто, слично, отсега светот ќе се води по правилото, кој е силен, тепа кого сака и каде сака и како сака и не одговара. Искрено, што си мислите, Косово за кого ги прави тие возила Шота со Хрватска, тие дронови, за кого купува американски хеликоптери, турски хаубици, Џавелини и слично?

    Македонија се продаде многу пред Украина, кога го призна Косово меѓу првите, и ги зезна браќата Срби. За тоа нема платено. Продаденост? Лицемерие? Маваш амбасади на европски сили, палиш американска како џихадист оти го дирале комшијата ти, потоа молиш ко скот, се правиш Бугарин да ти дадат некое евро, да им правиш тостови во Берлин. Абе Украинците се продале може, ама плескаат бе брате, мажи.
     
    Последна измена: 5 јануари 2026
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    2.897
    Пол:
    Женски
    Не, Америка ќе продава туѓа нафта, Венецуела, а и сите ние бедни робови ќе бидеме.
    Украина нема ни да постои, за жал....толку народ изгина, за утре да молат за некое туѓо ропство...
    Ама така е кога пропагандата доведе до поништување на сите меѓународни права, кога под паролата за човекови права ни ги испраа мозоците...
    А за Русија не се секирај, ќе си го подели светот, само сеуште е неизвесно со кого....
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
     
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.692
    Допаѓања:
    200.503
    Who is баки? 8-| :D

    Е како па отсега, досега нешто поинаку било?
    Само Дони е многу ,,компетентен, , па бар ги кажува работите како што се- ние сега ќе ја продаваме вашата нафта. Нарко конспирација омг:drunk: :D
    Така било, е, и ќе биде. Само малку срамотно е вака соголено.
     
  17. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    5.476
    Пол:
    Машки
    Гледам сега Русите за ова зборувале уште пред изборите 2024, пред Трамп воопшто да биде избран. Викаат дека Трамп направил голема грешка што не побарал вмешување на Русија во изборите 2020 бидејќи тоа би му донело победа и би се решиле двете болни теми и за двата гиганти. Но ете на овој или оној начин, победува Трамп 2024, летоска се среќаваат на Аљаска и најверојатно договараат размена, Трамп ја губи Украина но ја добива Венецуела, Путин обратно, двајцата во плус, двајцата среќни. Е сега колку е ова вистина не знаеме, може за некој месец ќе се дознае ако се случи нешто неочекувано со Украина. Ма да, не ми е толку веродостојно затоа што не и е прв пат на Америка да прави нешто вакво, видено е ова десетици пати, пример Гватемала 1954, Бразил 64, Панама 89... Заедничко за сите е што после тоа следела или диктатура на човек марионета на муриканците или граѓанска војна во која страдале невини тамошни граѓани. Сега со Венецуела што ќе биде Бог знае, ама то што знајме е дека успешно го поделија народот, за сега лесно да си владеат. На секое ми излагаат само граѓански собирања во Венецуела, само што едните слават, другите протестираат, е сега кое точно од нив две ќе видиш, зависи од медиумот и пристрасноста, едните прикажуваат само славење, другите само протести, приота најчесто второто. Затоа никој ниту осудива ниту смее нешто да превземе кога Америка прави нешто, затоа што контролираат се, лесно шират пропаганди преку тие медиуми и се претставуваат како тие да се тие етичните и моралните, а тие другите се тие што не чинат. Путин среде Киев да го киднапираше Зеленски, Ким среде Сеул тамошниот претседател или Си среде Тајпеј Тајванската претседателка, па то санкции, урлања, викања, абре триста чуда, ваму не зошто тие се тие што одлучуваат дали нешто чини или не. То е то
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.977
    Допаѓања:
    11.011
    Пол:
    Машки
  19. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    5.476
    Пол:
    Машки
    Ама некако целата си ми апсурдна, кога Путин го направи истото со Украина ти што не изнапиша, лани за изборите што не изнапиша за Трамп, после изборите што не изнапиша за Трамп, сега одеднаш кога Америка го прави тоа, ти чини и сега одеднаш Трамп е супер дете.
     
  20. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    18.622
    Пол:
    Машки
    Мучо маријачи, фиестас и секси мамаситас. :inlove:

    Има надеж со овој.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.