Сега ко ќе се спука Европа со САД за Гренланд, нека му ја мислат америте, сите мигранти таму ќе им ги пренасочиме. Еве, дури 15 европски војници стигнале, и Русија е сериозно незадоволна од овој непримерен потег
Македонскиот народ веќе и се казнува самиот себе 35 години. Трамп го откажа нападот над Иран, поучен од српската поговорка "ne diraj lava dok spava".
И летото еднаш се откажа од Иран, после пак се присети или го потсетија. Секој си е башка поединец, не гласаат сите на избори и од тие што гласаат, не гласаат сите за власта која и да е таа. Во Македонија мнозинството дали излегува на избори воопшто, партиските членови си бираат власт, така што, никој поединечно не треба да страда, ниту да се соочува со непријатности поради политичар(и). @Biljarkata Срам да му е на тој шо ги плаши Инуитите!
Трамп џабе фарба. Безбедност, мај ес... Нема закана за САД, туку САД се закана за светот. Баш они ако го земат Гренланд останатите ќе одат во неповрат. Или работава не е толку за видливите ресурси, колку што е за нешто под мразот.
Путин сè уште јавно не се изјаснил за американската интервенција во Венецуела и соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, протестите во Иран или заканите на американскиот претседател Доналд Трамп кон Гренланд. – Ситуацијата на меѓународната сцена се влошува сè повеќе, мислам дека никој тоа не би го оспорил, долгогодишните конфликти се интензивираат, а се појавуваат нови сериозни жаришта, рече Путин. Извор: infomax.mk БРИКС тивок, Путин внимателен со зборовите, онаа Захарова исто, изјави без директно посочување, сè некако околу, ама не во центар. А теми има - Венецуела, Иран, Грендланд, притисоци, мешања, економска војна. Да беа демократите на власт во САД, сценариото ќе беше поинакво. Ќе летаа директни обвинувања, остра реторика, зборови како империјализам, сатанизам, мешање, дестабилизација. Сега тек-тук по нешто ама многу бледо. Како да постои воздржаност, па дури и страв да се покаже со прст кон вистинскиот центар на моќ (Трамп и Републиканците). Оној Медведев не го земам за релевантен, тој е дворска луда, старлета на X. Орбан уште ги обвинува „либералите“, како тие да се власт во Вашингтон, а у исто време сиса и кај Трамп и кај Путин. Имам чувство дека во моментов сите му се лижат и сите се плашат од Трамп. Иронијата е што токму тој беше продаван како ,,миротворец". Ова е некое мое видување, барем од она што го следам по портали.
Договорено беше се во августот на Алјаска ја мислам, Путин збор не му рече на братот, а кинезите ноќ пред тоа на средба со Мадуро. За Гренланд Русите пак си се лабави, Медведев си се лечи и со Америка и со Европа. Европските кидари на тик ток сега се надеваат на поддршка од Русија, ама да не испадне на крај Америка и Русија против Европа, некако на така тргнаа браќата, тогаш поле ќе ни се види на сите.
Не било така страшно: https://sitel.com.mk/koj-e-zasegnat...a-na-postapkite-za-izdavanje-iselenichki-vizi
Седи мирен, ќе видиш сега Мелони и Макарони ќе измислат нешто, ќе извадат некој зајак од шеширот, Дони нема да знае на кај да се сврти.
Мислам дека после оваа дешавка Макрон и Дони скарани се и не си го имаат муабетот баш, па зајакот ќе да е одамна изваден
Темни сили also known as Frontotemporal Dementia (да, има се погласни теории дека има деменција). Дедето ни требаше ни прв мандат да добие, а да не збориме за втор. Ама за американците се е реално шоу очигледно па, решија сенилно деде со anger issues и огромно его да изберат за претседател и да му ги дадат нуклеарните кодови. И сега од “најголема” демократија официјално станаа најголем були на цел свет. Одлуките не се водат врз основа на дипломатија туку врз основа на импулси и на која нога ќе стане.
Човек со деменција не може наједноставни работи да изврши, не па вакви заврзлами во цел свет да прави. Ако имаше деменција поубаво ќе беше за нас, помирни ќе бевме.
Не велам дека Бајден не беше сенилен, ама и овој е доста отиден. Има еден куп други видеа на Инстаграм и цели теми на реддит.
Додека шоуто трае за пред светот, западот си гази. Гренланд мај ес. Дедоларизацијата до кај е? @Realist1 нешто како и профил да избриша, појде Хрватска, дали од таму за Москва замина на печалба? Мадуро викаше, Венга Пор Ми, Аки Те Есперо ен Мирафлорес, Но се Тарде а Ѓегар, Коварде. И Ковардето дојде и по брза пошта го прати во Вашингтон. Е сега ќе пази Путин што збори. Оти и Асад, и Мадуро, нареден Вучичу, еден по еден утепа ли се бато е работата. Овие будалите во Иран масакрираа свои деца сега (7ми октомври евреите ги колеа, сега свпоите) и пак им се криви израелците, ќе ги гаѓале пак со балистички. Овие отрпнаа, викаат пукај бе братучед, пукај. Кај трипати ги гаѓаше, ајде и четврти. Куча части. Србите уште мрсат муда, ми излегоа неколку видеа, си немав работа ги слушав... ми умреа клетки во мозокот. Барем воздух да земеа.. На западу ништа ново. И така
Во ова сценарио едната страна добива нови позиции (Венецуела, Иран, Гренланд), другата само го замрзнува она што веќе донекаде го има (20% од Украина). Ова е победа за Трамп у случај на оваков договор.
Aко ги гледате Србите, тие се само за циркуз. Истите што зборуваа дека Трамп е месија, сега го критикуваат. Па што лупаш глупости на ТВ бе, скриј се таму, не менувај ставови секој ден. Исто е и со Македонците. Тоа ти се два народа на Балкан, што не се способни ни да согледаат на каде дува ветерот и си трпат последици од својата неразумна глава. Операцијата во Венецуела според некои информации, не траела ни 2 ни 3 часа, туку 30 минути, веројатно цивилни жртви нема. Што ви пречи тука? Ако може Путин да става туѓа земја во свој Устав, зошто Трамп да не го анектира Гренланд? Ако Путин може да убива народ 4 години, па Трамп е светец во однос на него, убил само обебедување на Мадуро, не цивили. Трамп нуди опција да го купи Гренланд, што им нуди Путин на Украинците во Донбас кои се мнозинство? Да им нудиш пари и да им правиш геноцид се две различни работи. Трамп и тука испаѓа светец во споредба со Путин. И Путин окупира 20% од Украина сосе Крим кој е некаде 5% од Украина, без Крим Путин окупира 15% од Украина, едвај после 4 години војна. За некоја годинка ништо чудно Русија да биде новата Венецуела со стандард, а Венецуела да ја доведат до стандард на ниво на Русија.
Нобеловката од Венецуела му ја предала својата награда на Трамп....фуј...не за џабе Данте ги сместил издаиците во последниот круг од пеколот. А тој нарцисоидно препотентно верува дека е нормално да се окити со туѓо перје. Кога ќе се осмели копнено да влезе во Иран може да се смета за државник. Овака останува кловн кој го измами дел од светот со приказните околу традиционалните вредности.