Какви лижачи се кај Американциве овие нашиве тоа чудо едно, поданици про макс Муцунски: Ми олесна што претседателот Трамп, првата дама и останатите присутни се безбедни Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, на социјалната мрежа „Х“ изрази длабока загриженост по синоќешниот вооружен инцидент што се случи за време на вечерата со дописниците од Белата куќа во Вашингтон. Во својата објава Муцунски нагласи дека насилството нема место во демократските општества, без разлика кон кого е насочено. Длабоко сум загрижен поради синоќешниот напад на вечерата на Здружението на дописници на Белата куќа во Вашингтон. Насилството нема место во демократскиот живот – ниту против избраните лидери, јавните функционери, новинарите, ниту против граѓаните. ,,Ми олесна што претседателот Доналд Трамп, првата дама и останатите присутни се безбедни, и му посакувам брзо закрепнување на повредениот офицер на Тајната служба.“, напиша Муцунски на „Х“. Тој додаде и дека Македонија стои заедно со САД во заштита на демократијата, јавната безбедност и принципите на кои се темелат слободните општества.
Овој почна да забегува. Цел свет почна да го критикува Трамп без страв, а овој уште се умилкува ко мало дете за лижавче. Последниов настан ич не делуваше стварен. Многу лесно помина.
Има ли крај на гафовите на оваа портокалова глупердетина? Ѕвонел у ФИФА, барал да се разгледа црвениот картон и суспензијата на американски фудбалер. Овој е роден за овие простори, да ѕвони и да си фаќа врскички, башка и таков самобендисан, полн со себе, а глупичок.
Од четврток, главниот аеродром во Палм Бич ќе го носи неговото име. Она кога знаеш дека откако ќе напуштиш функција, нема ништо да именуваат по тебе, па сам ги земаш работите во свои раце.
Колку е претенциозно од него да си мисли дека секаде треба да го слушаат и да именуваат објекти по него.
Единственото добро нешто у цел мандат. Гарант нема поима дека не го сакаше, ќе ја смени одлуката кога ќе дознае.