Ако де постирај си, можеш некоја фотомонтажа и од Твитер да си најдеш. Абе човек мора да се радува на мали нешта, инаку животот нема смисла. Еве се радуваш на една фотка без ЕУ и Украина, а кажаа следен пат ќе ги има. И постираш објави од медиуми од 15.16.- 17.2.2025, а веќе денеска кажа Рубио по состанокот дека ќе бидат вклучени сите. Не е веста неточна, ама е стара и денес имаме нова состојба што ја побива старата. И никогаш да не ги седнат на маса ни ЕУ, ни Украина, пак можат да договорат нешто што на Русија нема да одговара, тоест одамна не одговара.
Почнале и да плачат https://m.youtube.com/shorts/BhNy0u...wGoKyh5zjgnIKwgEs8_aem__SGpAwgxqRF24UWGItToVQ
Уништена и распарчена е Тање, завршена приказна е Украина, не само што е послаба туку и посиромашна во секој поглед. Тоа шо ви го велевме од почеток како се ова ќе заврши се испостави дека е така, џабе инает водевте. Знам дека ти е тешко, ама мораш да се помириш со тоа.
Па нели тој урнатиот дел ќе е новата Русија, а другото како што гледам не е чепнато, стојат и градови и се е на место. Окупрани се едвај 20%, а со трампање на Курск, тој процент ќе се стопи, практично војна 11 години за многу малку земја. Нема воено Украина да е послаба од пред 24.02.2022 година, оти сега има население кое е воено обучено и реално учествувале во војна, а работа на Зеленски е да моли, кука, да бара гаранции, нуклеарно, триста чуда, сега е момент за пазат. Нема што јас да се помирувам, не е тоа моја земја, а тие што се Украинци, ќе се отарасат од еден канцер што расте и им се меша секаде. Во новите граници без Руси многуууу полесно ќе се дише, дури и без влез во НАТО, дури и без влез во ЕУ, ама секако. И понижување е што Русија воопшто отишла на преговори. Кога потрошија 3 години да војуваат, можеле да не одат во Ријад, ене ја кај е Одеса, минимум уште 6 години војување со ова темпо. И договор нема никаков засега. Вие многу фантазирате и сите ги гледате од високо. Украина е 100 пати побитна од Босна, Македонија и слични, па кога овие две ги држат во живот, таман работа ќе ја остават Украина. Злобни сте, и својот страв, неуспех го проектитирате на другите, чекате поголема несреќа од Македонија за тешење. Да ве потсетам, вчера не помина Законот за бранителите, а поминаа цели 24 години од војната, па и вие зборите, бре, па уште нешто големо сте сфатиле. А ова нели го сфативте пред 20 години дека вака ќе биде бре? Нема што да помирам, јас мислев дека Украина прв ден ќе се откаже, поминаа 3 години. Ми се допаѓа тоа кога човек не се продава за кифла, принтер во општина, пасош, тоа е карактер и никогаш не е демоде, вас така ви се чини. Е со такви луѓе нема играчка, народ е тоа. Нема што тебе и мене да ми се допаѓа или не, еве нека пробаат Русите и втор рунда, па ќе видат лично дали Украина станала послаба или посилна.
Море човек кога те чита и кога губиш го убедуваш дека победуваш, алал да ти е каква обука имаш поминато капа доле. Во меѓувреме зеленски е минато избори ќе има во украина... и не мешај баби и жаби украина е темата не друго
Ти се задоволуваш да се израдуваш на некоја гестикулација, гримаса и не знам што, што субјективно си ја протоколувал како плачење. Договор нема никаков, не па да е неповолен за Украина и поволен за Русија. Ако сакале тоа да го сторат, можеле да го решат денеска, експресно. Не денеска, на 20 јануари можеа да го решат. Вие и Босна цек век ја користите за утеха, ама за волја на вистината многу одамна имаат повисоки плати, а од неодамна и минималецот го дуплираа, па ние ни за 5 години нема да ги стигнеме. П.С. нели плаче твојата претседателка денеска што се правда на Косово дали честитала независност или не? Како бе тоа не го виде? Па од тоа посмешно, поплачливо, попонижувачко нема. И додека се ситите, Македонија во мир изгуби многу повеќе земја од Украина во војна, да ве потсетам, третина од државата е со друг народ, што е дебакл, невиден срам во светски размери, ама па важно сте сфатиле драматично било Русите окупирале едвајк 20% од Украина, за 11 години војна. хаахххаа
Тоа не го ослободува Курск. Зеленски има мажишта позади себе. Зеленски добро проси, а Буданов ти е разузнавач смрт за Русите. И Русинот Сирски го забораваш, Русин што смачка илјадници Руси како лајна. Буданов има 38 години, нема да е минато уште долго време, а и не е само тој, има и други јаки разузнавачи. Што и да пишеш ти, тоа нема да им олесни на Русите, украинската одмазда допрва ќе ги гони.
Не овие приказни повеќе не ти поминуваат, многу изгубена територија, многу изгубени украински животи (буквално за џабе) поради влез во НАТО (а сега велиш и што ако не влезат, пак зошто тогаш си го направија се ова ), од тие што војувале голем дел се останати воени инвалиди така да џабе им се радуваш на тие што војувале не се повеќе способни за војна, практично Украина се откажа уште на самиот почеток кога ги прифати условите во Турција за после да се премисли и да го повлечи тоа што прифатиле под притисок на Британците, и еве за на крај сите да ги изиграат и да ги остават сиромашни, со изгубена територија и без народ, дури ни на преговори не ги викаат што е понижувачко само по себе, друг им одлучува во нивно име дури и за мирот. Знам дека си мислеше ти ќе даваат поддршка странците и ќе војуваат до последен Украинец, а ќе пропаѓа Русија ама ете ништо од тоа и покрај толку дотуркано оружје и војска од страна Украина е патосирана, плус сега ќе треба скапо да ја плати цела таа "помош" со ретки суровини кои од една страна ќе ги ископуваат Русите а од друга САД и ЕУ, како и да гледаш тешка судбина ги очекува самите Украинци.
https://m.youtube.com/shorts/BhNy0u...wGoKyh5zjgnIKwgEs8_aem__SGpAwgxqRF24UWGItToVQ со вакви ќе ја газите русија ? еве ви дава трамп да соберете војска и средства и да одите да ја браните украина до последен европеец. Ќе одите ?
ова не е на тема украина, разбираш ? тука зборуваме за украина не за ланскиот снег така е иначе 20 посто кои имаат богатство од 10 трилиони долари
Најмалце е важно дали мене нешто ми поминува или не помина и кај кого да поминува, кај тебе ли? Како да си морален суд? Осакатени Руси имаш многу, ене оние српските пропагандисти ги даваа со цел да се пофалат како им дале картонче од државата, а тие без раце, нозе. Небитно е што пишувам јас, битно Русите видоа со кого си имаат работа. Самата Украина ги понуди рудите за траен сојуз со САД. Не е тоа никаков шок, нормално е. Не е ова Украинецот Олександар да ти гарантира во Арачиново за џабе, па да се китиш денес со туѓи перја и да лажеш. Истите муабети ги вртите и за Босна, до кај сме сега? Зошто цело време пишуваш за загинати Украинци, а за загинати Руси никаде не спомнуваш? Па тоа е лажење. Зошто не ја цитирате никој изјавата на Трамп дека Украина и Русија имаат прилично изедначен број на жртви? Епа тоа не е поволно за Русија, затоа и едвај чекаа покана за преговори.
Неможат да се помират дека го испапаа и тоа машки ем пред путин клечат ем пред мурика, како ги пуштија низ вода ко едно мало ништо
Венс им одржа убав говор на евро-фашистите за нивните драконски казни против слободата на говор. Војната во Украина им носи политички поени на евро-фашистите (на чело со Франција (Маркон) и Германија (Шолц)), затоа не им одговараат напорите за ставање крај на оваа војна.
Скоро па брејкинг њуз- Трампо ќе ги објави документите за Епстајн т.е списокот на клиенти Овој појак од Гвујо на времето, 48/7 работи
Огромна грешка на Трамп му е соработката со Маск. Сигурен сум дека Маск ќе ги кошта републиканците победа на мидтермс 2026 и претседателските 2028.