Кои се тие, твои, ваши, наши? На темава само Македонци пишуваме, а Зеленски, Трамп, ЕУ не се наши, ниту сме ги гласале. Ние моментално сме истрижани овци на Орбан, оти Мицко така решил и ќе платиме скапо за тоа. Застанавме на страната на измамникот што баш тера кооперација муабети и воена помош сака да наплати помножено со 5. Замислете нашиве како ќе поминат што се крстат во него, нова реалност, дел ќе биле од нова реалност и на крај само нашиве и Орбан гласаа исто. Какви неспособни.
Многу храбро не ја дава Украина. Кажи им го тоа на 10те проценти украински деца во одделение кај ќерка ми, од кое секое трето има потреба од образовен асистент. Сите многу храбри и мудри, дури не гледате крв и трауми. Да, Путин ја нападна и сеуште ја напаѓа Украина.Да имаа Украинците мудар политичар, ништо од тоа немаше да се случи. Ама ЕУ има бароница, САД има олигарси на власт а Украина има црпнат глумец. И најискрено ми е жал за народот. Пс. Зошто украинската амбасадорка во Сад си ја покри главата, ако е одиграно супер?
Ќе киднапираат уште некој од улица и ќе го однесат директно во воено поле, ајде ајде може Зеленски и појако. Точно, но се ова не од вчера туку се знаеше од самиот почеток дека е така, само некои со шарени погледи не може да го видат истото и сега им паѓа ептен тешко на душичката пак еве ги крокодилски солзи ронат.
Викат биљо никој неможел да се понаша така у овалната канцелариа е ај да му покажам дека салам политичар може штета шо само вазали останаа на чело на државите
Кловнот комедијант прво се курчи после моли, е ај сега да го видиме каков херој е без поддршката од САД Нов жесток удар на Трамп за Зеленски: Не сме веќе заинтересирани за минералите Американскиот претседател Доналд Трамп во моментов не е заинтересиран за повторно преговарање или обновување на договорот за минерали со Украина, изјави висок претставник на Белата куќа за Ројтерс. Според него, делегацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски почнала да „моли“ договорот да биде потпишан веднаш откако добиле наредба да ја напуштат Белата куќа.
Кој е крив за украинските дечиња? Па Путин, а не Зеленски. Што е тоа мудро кога имаш агресија и напад на држава? Да потпишеш тоа што агресорот го сака?! Територија и да поклониш ресурси. Зеленски Има обврска да ја штити територијата на државата наместо да ја даде. Дали народот сака даде територија и да не се бори?! Многу е јасно дека има подршка од украинскиот народ. Зошто да немаше ќе се распаднеше војската како во Авганистан. Добро му рече на Ванс. А и гледај ја пошироката слика не по гестакуалациите на амбасадорката што ја тумачт сител и офф нет. На жената и беше незгодно од шоуто што го приреди Трамп и Ванс. Зеленски доби подршка од сите вчера. Трамп од никој. Само русофилите селожат на однесувањето на Трамп и Ванс. Европа има џокер во рацете сега. И тоа треба да го искористи. @Bratot Не се ложете на Трамповите кукавички потези. Почекај братче да го потчукнат американсите трговци со оружје Трамп, остај ти ова негово нарцистичко шегобиење да покаже кој е бос во светот и за мир во светот
Не се ложам ни на Трамп ни на Твитер поддршката на неколкумината европски лидери кои се залагаат за се само за мир не туку ете ќе продолжеле да се борат чиниш тие со пушка во раце или нивни најблиски ќе гинат, впрочем тие се и најголеми кривци што продолжи уништувањето на Украина. А кој ќе биде потчукнат дали Трамп или црнокошуљашов ќе видиме.
Дали има поглупо, кога некој македонец, етикетира некој друг македонец за русофил, а ни едниот ни другиот немаат никаква врска а нити па русија има било какво влијаније во македонија, бог да чува и да брани.
Проблемот е во тоа што територијалните граници од 1991 се веќе минато. Тоа е загубена битка за Зенески и веќе не претставува предмет на спор помеѓу двете страни. Проблемите настануваат околу тоа дали Украина ќе биде членка на терористичката организација нато, дали ќе биде демилитаризирана зона каде британски и/или француски војници ќе бидат стационирани на нејзината територија и ќе бидат гарантори за зачувување на натамошниот мир. Русите ќе ги постигнат своите цели сега, за една година или за неколку години и единствениот губитник ќе биде Украина. Ако месечно умираат 10.000 луѓе, на двете страни, до Нова година ќе имаме планина од 100.000 мртви тела. Русите се на пат да влезат во уште една административна зона на Украина, веќе ја преминаа украинската граница кај Курск, што значи дека Украина ќе претрпи дополнителни територијални загуби. Украина треба да се залага за што побрзо ставање крај на оваа војна, се уништуваат нивните градови, нивната (критична) инфраструктура, умираат нивните граѓани, а притоа дел секојдневно бараат гранични дупки со цел да го избегнат фронтот. Дури и во пикот на украинската контраофанзива, кога имаа спремни воени единици, со најсовремена воена опрема, никаде не го пробија рускиот фронт. Најблиску беа кај Робитине, и буквално сите освоени територии ги загубија во 2024 г. Друго, во 2024 г. се напушти рововската војна, украинските одбранбени линии беа пробиени и фронтот во Доњецк започна брзо да се менува. Така најголем дел од градовите освоени во тој период се читави, Русите имаат просторни капацитети каде ќе соберат критична маса на војска. Тоа е сериозна предност која ја користат. Не го разбирам Зеленски, знае дека е вазал, знае дека зависи од странската воена и финансиска помош, а притоа не сака прекин на огнот и потпишување на примирје или мировен договор. Треба да знае дека, во овој момент, не може да диктира услови. Може да земе или да продолжи да војува. Ако продолжи да војува, ќе продолжи да губи. Да не се разбереме погрешно, јас сум за мир. За почеток нека има прекин на огнот. Потоа нека почнат преговорите, нека траат колку треба да траат, барем во тој период нема да има жртви. Не ме интересира ни исходот на тој договор, само нека резултира со мир. И причината за ова граѓанска војна, чисто за потсетување, која прерасна во специјална воена операција, беше државниот удар над Јанукович.
Не читам сител, а оф нет немам отворено, индекс читам замисли. Трамп добил ваљда поддршка од неговите, Зеленски од ,,неговите,,. Кој е крив за украинските дечиња што не растат во Украина е исто ко да прашаш кој е крив што македонските дечиња не растат во Македонија. Мене ми е жал за тие деца и страв за моето дете, никакви други интереси и идеологии немам. А кој е џокерот на Европа стварно не ми е јасно. Пошто гасот од Русија не чинел јер се лоши, лнг од Америка нејќеме јер се лоши, еве ваљда на воздух ќе функционираме
Па индекс ти е ист ко сител само хрватска верзија Елементарната логика вика не кожеш да кажеш дека е крив Зеленски( а не оној кој му ја нападнал земјата) и не можеш да кажеш дека не треба да пружа отпор и да ја даде државата на друг зошто ти е жал да не се раселуваат. А всушност единствено за што се грижите од почеток е од кај гас Европа ќе има. И не, не се исто децата. Украинските деца побегнале од воен напад на нивната држава и нивните животи. А вашите деца по избор на родителите не живеат во Мк, зошто не сте останале да се борите туку сте избрале друг начин, да побегнете. Нивниот физички интегритет не бил загрозен како на украинските. Па како кој е џокерот? Кога бевме сведоци на најбедните моменти во американската политичка историја.?! Каде председателот на најмоќната држава излегува нарцисоиден мајмун, кој има дил со другар му Путин?! Дали Европа тоа го виде и треба да го искористи ? и конечно да се стабилизира наместо да биде амерички потрчко?
Ама зошто физички интегритет, нели деца во Украина одат во школо, и во подземно школо, и онлајн ко што ни кажа претседателот? Сега загрозени се или не тие деца што се таму? За гасот, не знам, јас малку мислам дека енергенсите се најбитни, ама можда се лажам, можда индустријата работи на вода и воздух и од забава го разнесоа северен тек. И пак не го гледам џокерот. Значи џокерот е? Канцел ќе му напраиме на Трамп, исто ко што на Путин што му напраивме и еве, ќе престане да постои?
https://x.com/54JohnBull/status/1894104885861154925 https://x.com/54JohnBull/status/1895145532521427267 https://x.com/54JohnBull/status/1895869048157827491 https://x.com/I_Katchanovski/status/1895909517852115295 https://x.com/I_Katchanovski/status/1895909238385586331 Ова ли не треба да престане ? Па ако не треба да престане повели бе сестре пријави се со се фамилија дома одбранете ја украина оти очигледно на украинскиот народ не му се гине Да не ги редам сите видеа, да не ставам видео како мајката чиј син е вака мобилизиран на сила и пратен на фронтот па убиен, жената се разнесува после тоа кога регрутираат други украинци и убива 6 души регрутери
И јас сум за истото, нека соберат конечно парталите и нека одат да ја бранат Украина, а не само поддршка на Твитер ко оние од Европа шо му даваат на кловнот и си гледаат сеир од страна. Тешко на луѓево, баш ми е жал кога гледам како ги киднапираат вака по улици и со сила ги тераат да гинат, на нив веќе им е јасно дека ги носат како топовско месо во предвереме загубена војна, само на некој од овие нашиве уште не им е тоа јасно или се прават дека не им е.
Војната викате дека е „веќе загубена“ од првиот ден кога почна. (Видеава имаат голема шанса да се снимени во Русија бај да веј.)