Консултирај се, за такви болки се дава магнезиум. Јас го земам од 12 недела, а многу членки тука гледам и од почеток на бременост го пијат.
@Lovebug01 Однесов уринокултура, а додека чекаме резултати ми дадоа уримил со д-маноза читам дека е. Така да баш сум задоволна што ќе си го пијам во меѓувреме.
Феминки, доколку има некоја заинтересирана за да напишеме отворено писмо од име на трудниците во врска со ослободување од работните обврски ве молам да пишете на оваа тема https://forum.femina.mk/threads/Бременост-и-породување-во-време-на-Корона.31426/page-16#post-4974887 Доколку некој смета дека постот не е за овде слободно избришете..
Какао пијам скоро секој ден убаво е за железото, таман ми се подобри месецов ми е 25ка од 18,5 претходниот месец. Се разбира освен какао земав и аронија 10 зрна, цвекло, капини, јајца, спанаќ,се што помага. Е сега, мене ова какаово ми здосади да го пијам, Дали може некако поинаку да се внеси, прочитав некои феминки зрна јаделе какао ама од кај се купува тоа? Немам сретнато јас. Или пак како прашок ако знаете некоја добра фирма, да е вкусно и ароматично. Јас од витаминка го корстев ама не е тоа тоа.Фала п.с. утре сум на контрола,ќе видиме што ќе кажат, со малку среќа и полот ќе го дознаеме.
Урми исто се добри за железо. Јас имам мед од урми, од Дубаи ми е, ама слушнав и тука почнале да носат во Рамстор мислам. Ептен е ефикасен
Здраво девојки Конечно сум за темава Ова ми е трета бременост... после првата која ми беше прелесна, втората ми заврши со спонтан Затоа првиве три месеци не можев ич да се опуштам, не дај боже да ме заболеше малце грб или стомак На првиот скрининг се беше супер само нухалниот набор до макс граница, па и тоа ме растревожи. Имав напраено Нифти тој е со мал ризик и останува да му верувам. Ви посакувам лесна бременост и помалку грижи
Девојки ме утепа времево, трет ден ме боли глава. Де врне де ладно неможам ни во двор да си поседам на воздух а да не се премрзнам. Мериме притисок нормален, течности секој ден пијам и до 2.5/3л. Апче не сум се напила за глава до сега а и не планирам. Ама веќе незнам што да направам, позади жилата вратна мислам ако се наведнам ќе ми прсне. Како на штрафче да ми се држи главата.
И мене ми беше така минатата недела кога беше загушливо и се мачеше да заврне гледав што повеќе во темно да сум и да спијам само тоа ми помагаше
И јас имав страшни главоболки периодов, со повраќање и вртоглавици (21 недела). Сменив перница, ми помагаше Б6 и магнезиум, понекогаш и парацетамол. Никако седење на телефон и компјутер, забележав дека посебно телефонот ми смета. Шетање на воздух и некои полесни вежби. Се надевам помогнав
Јас такви симптоми имав од низок притисок да не ви паѓа пиете ли кафе? Ако не кафе зелен чај или кока кола бар кога е вакво време ќе ве крене
Да, тоа заборавив да спомнам. Избегнував кафе, ама видов не бива и почнав да пијам по едно насабајле, а попладне ако осетам главоболка 3во1 или какао
Ај да не биде дека само за жалење сум. Да си се пофалам сум ја исчистила уринарната инфекција со чаеви. Таман направив анализа за да ми дадат нешто за пиење да се спасам, сама сум се решила.
Во право си за телефонот, морам да го оставам. Ајде толку од мене за денес. Укинувам телефон до утре.. .тоест ќе пробам.
Сакам да прашам дали некој од вас осеќа болки во ребрата од десната страна под градата. Немам прочитано или слушнато некој да има таква болка па ме загрижува.Инаку сум 21+2г.н Ви благодарам.
Болка тапа и дискомфорт. Нормално е, имаше и посебен израз за тоа, прочепкај на гугл. И баш испод десната се јавува. Не се секирај, нормално е
Колку болка осеќаш и дали и позади на грбот на иста висина те боли? Може да е жолчка или бубрези не е поврзано со бременоста бебе е уште мало. Не викам дека е страшно ама да не нешто се прејаде бели теста или мрсно па да те заболело? А ако е јака болка не седи оди да те види интернист на ехо. Кажувам затоа што во 19та ме болеше се консултирав со интернист но ми помина за 4 часа и почнав повеќе здрава храна од тогаш веќе 2 недели поминаа и ок сум