Втор брак ДА или НЕ?

Дискусија во 'Брак' започната од nesa, 2 септември 2010.

  1. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Ја поставив оваа тема бидејќи имам гооолем проблем и се надевам дека ќе ми помогнете.
    Јас сум разведена веќе 5 год. и имам дете од 4 ипол год. Причината за разводот беше тоашто јас останав бремена, а бевме договорени дека ќе градиме кариера. Планот не успеа ( од тогаш ништо веќе не планирам) и сега сама ја гледам керка ми....
    Повторно се заљубив после долго време во мојата прва љубов,а почнавме и заедно да живееме. Проблемот е што Он сака да се венчаме а мене ми е фуфка.
    Ме интересира што би направиле вие
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Зашто па и да не, ако е вистинска љубов. Живеете веќе заедно како што кажа а венчањето е само формалност. Едно е на папир да ставиш потпис дека си венчан а друго е да живееш со тој човек.
    Зашто ти фуфка? Се плашиш да не направиш втора грешка? Зошто? Па ти веќе живееш со тој маж
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Зошто да не, млада си имаш право да започнеш нов живот, зар по првиот пропаднат брак ќе се откажеш и сама ќе останеш? Плус ако си одговарате, се сакате, се сложувате, зошто да не?
    Како што кажа девојката пред мене вие и така и така сте почнале да живеете заедно.
     
  4. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Се е тоа во ред, ама од поимот одење во матично ми одат морници. Страв ми е да не ми се врати филмот назад, па да биде " Невестата бегалка" :lol:
     
    На ApoLLo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.300
    Пол:
    Женски
    Неса од мене едно големо ДА. Нема зошто да ти фуфка, ако го познаваш добро човекот, ако се сложувате и ако гледаш иднина со него и ако пред се ја прифаќа ќеркичката твоја како негово дете немој да се двоумиш. Добро би ти дошло машка рака во куќата, а и некој кој би ти помогнал во издржувањето и воспитувањето на ќерка ти.
    Мислам дека штом еднаш си се изгорела, сега пообјективно гледаш на работите и умееш правилно да расудуваш и дека ќе направиш правилен избор.
    Поздрав и со среќа :*
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.351
    Допаѓања:
    200.687
    Пол:
    Женски
    Велат учиме на грешките, попаметни сме поради нив - ако еднаш сме се изгореле од млеко, ќе дуваме и на матеница. Да, претпазлива си, се плашиш, што е и многу нормално, ама сигурно досега веќе си сфатила дали навистина сакаш да бидеш со него или не, бидејќи веќе живеете заедно. А да не живеевте заедно, тогаш ќе ти кажев баш тоа да го сторите. Во секој случај, имаш право на среќа, како што и детето твое има право да живее и расте во среќно семејство, без разлика што не се работи за биолошкиот татко. А најважно е да сте среќни. Штом живеете заедно, штом се сакате, штом тој го прифаќа твоето дете без проблем, ако детето го прифаќа очувот - нема зошто да се двоумиш. Потписот е само формалност, не мора ни да правите којзнае какви церемонии од тоа. На крајот на краиштата, можеш да почекаш уште некое време - барем до Нова Година, ене кај е. Така и себеси ќе си дадеш време да размислиш уште малку ;)
     
    На cresa-jagoda и zoki-poki им се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339

    Па немора да одите во матично :P матичарите за пари можеш да ги однесеш кааааааај сакаш ;) . Еве ти идеја ;)
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за советите :) . Ако решам сигурно ќе биде следната година. Некако осеќам дека ми треба време :?: . Проблемот е што и со првиот живеев доста долго пред бракот, па ете што испадна. :(
     
  9. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Нормално е да се плашиш и да ти треба малку време и простор пред повторно да стапиш во брак, но ако си вљубена, зошто да ја пропушташ шансата? Еднаш се живее, немој да се лишиш од некое задоволство само заради страв. А ако до толку веќе не си сигурна за бракот, во тој случај побарај малку време и простор, сигурна сум дека ќе наидеш на разбирање со оглед на тоа дека веќе си била во брак.
     
  10. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Земи си време колку што ти е потребно. Но вие веќе живеете заедно и функционирате убаво. Тоа што така ти се случило во првиот брак не значи дека ќе се повтори истата приказна :!:
    Најважно е што тој ја прифатил твојата ќерка и обратно.
    Јас сум ЗА :D :D :D
     
  11. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Големо ДА.Како што кажаа другите имаш право на среќа,која воопшто не треба да си ја ускртуваш и да ти биде страв.Според мене тоа тогаш и сега не е исто.Тогаш сте сакале кариера и колку што имам разбрано твојот сопруг те оставил за да напредува.Ако сум разбрала погрешно,прости!
    Сега си имаш изградено,си со човекот што го сакаш,тој сака да оформи фамилија со тебе,зошто би се плашела?Можеби не веднаш,но подоцна да!И не мисли на тоа што било претходно,мисли на тоа што ти следува сега со идниот „сопруг“!
    Поздрав и се најдобро!
     
  12. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Ич не му ја мисли... Ако тебе ти е убаво со него и ако сака човекот брак, зошто па да не! Реално, на многу мајки кои се самохрани, многу им е тешко да си најдат партнер само за врска, а камоли па и за жевеачка и градење заеднички дом. Можеш да подразмислиш и уште едно детенце да дојде во предвид ;) Поздрав и ти ја посакувам целата среќа...
     
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    и јас сум ЗАААААААА како што некој пиша веќе од грешките се учи. не е битно тоа дали имаш еден брак пред тебе , два или три. едноставно секој заслужува срека во животот. ете важно е дека на дечкото не му смета керка ти, ни тоа дека имаш еден брак пред него. најважна е љубовта, почитувањето, разбирањето, взаемноста што ја имате меќу вас. па и здравје млада си овозможи му и едно негово дете и мислам дека ке ти биде се сиовршено. едноставно не се преоптоварувај од тоа што си поминала уживај во сегашноста и препушти се на убавината која ти ја нуди животот. среќно од мене.
     
  14. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Сите заслужуваме втора шанса,зошто да не втор брак ако си немала среќа во првиот незначи дека и сега ќе немаш.Штом ти е убаво со него зошто да не се обидеш.Јас сум за ДА,сега ти одлучи следи ги шуствата и извести не да знаеме кога ќе се одлучеш.Поздрав!
     
  15. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за постовите и да знаете дека ми помогнавте. Ќе ви пишам што сум одлучила.
    Поздрав :* :hai:
     
  16. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    119
    А што е толку битно дали ќе одите во матично или не. Тие формалности се важни само во Македонија, никаде во светот не им се предава толкаво значење. Ако ви е убаво заедно, уживајте како и до сега. Оставете работите да течат спонтано, сакајте се, имајте деца, разбирање.... а дали ти ќе го носиш неговото презиме ништо не значи. Факт е дека се има крај, еден ден се завршува, без разлика на кој начин ќе биде тоа, па затоа уживај во животот, нека не те оптеретуваат вакви работи :hai:
     
  17. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    И јас сум за. Сите имаме право на среќа и сите заслужуваме втора шанса, па така и ти. Нормално е да се плашиш и да не си сигурна, зашто еднаш си се изгорела, но не мора да значи дека тоа пак ќе се случи. Може сега е тоа за кое што си сонувала цел живот, може овој е твојот човек, твојата судбина, може ова е она вистинското. Плус, вие и живеете заедно, те прифатил тебе и твојата ќерка, прифатил се и сака да продолжите заедно понатаму. А за матичното, ако веќе се одлучите на тоа, мисли само позитивно, мисли дека тоа е тоа што сакаш да го направиш, дека не се каеш, дека ти го сакаш тоа, дека почнуваш нов живот со човек со кој се сакате, мисли само позитивно и што е најважно - следи го своето срце, тоа ќе те однесе на вистинскиот пат. Среќно и кажи што си направила. :*
     
  18. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Драга Неса, заедно живеете -значи ти си се одлучила на голем чекор, значи ти значи нешто. Не ти поставува услови како првиот маж( прво кариера па дете, за мене со извинение на изразот тој е -лудак). Па тој воопшто и не заслужува да го спомнеш.Реши го проблемот со време, на твоето девојче ке и треба и мајка и татко, а и на тебе ќе ти треба маж. Остави го минатото зад тебе, гледај во иднината.Судбината ги реди нашите карти, но ние и ги подаваме. А за матично, мислам и дека не е многу голем проблем како што кажаа и другите девојки матичарот може и дома да го повикаш. Биди храбра и одлучлива . па кажи што одлучи. Со среќа :inlove:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    многу малку можеме да помогнеме ние феминките во врска со твојот проблем бидејќи решението и одлуката се во твоето размислување! Сите те подржуваме во одлуката да склопиш нов брак и ти посакуваме среќа но само ти можеш да знаеш што е најдоброто за тебе и за твоето дете!
    Размисли си убаво колку го сакаш тој човек,колку си приврзана со него и како тој се однесува кон твоето дете! ми се чини дека неговиот однос кон твоето дете треба да биде пресуден за донесување на твојата одлука! Знаеш дека не е вистински татко и не можеш да го очекуваш тоа од него, но пред време му стави на знаење дека твоето дете ти е пред се најважно и нема отстапување наназад! Можеби семејството ќе го проширите но и тогаш твоето дете не смее да биде запоставено и да биде (не дај Боже) причина за расправии помегу вас!
    Ова го пишувам бидејки знам неколку втори бракови кои понатаму во животот имаат еден единствен проблем а тоа се децата од првиот брак! затоа сметам дека мораш предвреме да побараш од него убав однос кон твојата керкичка!
    Голема предност е тоа што вие веќе живеете заедно,односно функционирате како семејство па претпоставувам дека веќе го имаш проценето како човек и нема потреба од страв!
    ти посакувам се најдобро, те чекаме со нов пост во кој ќе ни ја кажеш твојата одлука!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. skorpijaaa

    skorpijaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    можеби малку доцнам ,но не брзааај.јас така страдам во животот,и сега незнам на каде....почекаааај ако се уште не си донела конечен одговор.....размисли за девојчетооо......и јас сега живеам со вториот сопруг,односно очувот на моето девојче па јас си знам како ми е,разговарај за детето,те молам......