Хм... Јас пак имам различно сфаќање јас би стапила и во втор трет брак да би имала деца ,ако не бива и така ќе си посвојам сепак и тоа е дете и тоа заслужува љубов
За да стапиш во втор брак доколку се нема деца нема разлика од стапување во прв брак,но доколку имаш деца малку е посложено.Како нобиот партнер ке ти ги прифати децата,како децата ке го прифатат него,дали тој има деца,обврските што ги има кон нив..има многу работи кои се јавуваат подоцна како проблем.Јас лично не сум за втор брак.
Jas ne bi se slozila na vtor brak,(licno jas) ednostavno zasto moite 3 deca nema da moze nikoj da gi saka kako sto bi si gi sakal negovite ili eventualno decata od noviot brak. Ne bi mozela da se prepravam(ako se razvedam,i najdam nekoj drug -hipoteticki) deka sme zaednica,deka ziveeme zaedno, Ama eve ne sme vo brak! Mn malku im veruvam na lugeto za da se vpustam na toj nacin na zivot. Ne sum naivna,ne mozam so sekogo da komuniciram, nemozam da se doveruvam, nepostoi nikoj osven mm sto me poznava tolku dobro,pa ni moite roditeli(so ogled deka odamna ne ziveam so niv). Porano ne mozev da premolcam nisto odma se karav i raspravav sega veke ne e taka,brojam do 10 pred da kazam sto bilo na kogo,no toa ne znaci deka ne vazam inaet(za zal) kako moja mana. So ogled na taa karakteristika sto ne se iskorenuva lesno samo se ubalazuva,(ako sakame neli),ne e lesno da se zivee so takov karakter pa i jas si priznavam deka mn mu treba na mm da se spravi so mene a ne pa doprva nov covek da baram i da se naviknuvam i jas i toj na mene.. Ne bi! Ne gi osuduvam lugeto koi se slozuvaat na toa,si ja nasle srekata i mozat da ziveat povtorno nemam problem so toa,samo sekako dokolku se svesni i dokolku svakaat kakva e odgovornosta na toj poteg i kolku bi trebalo prilagoduvanje,razbiranje,napor,zivci,razgovor,kompromis....za da se toa lici na familija.
По кое правило, прво ќе те огрее сонце? Ако му бил сонце прв брак на некого, би му останал и последен (освен кога станува збор за смртен случај).
Доцна е за редактирање. Моја другарка е во врска со разведен човек со дете. Спојлер Детето е кај него плус. Со првата жена ретко се слуша, незаинтересирана за дете максимално. Во една прилика дури го вратила од врата. Ја прашав што како. Ми вика да го видиш каков си е со детето, бескичмењаци колку има што на глава ќе стојат да не дадат една мизерна алиментација, вика ова способен човек е, ќе знае да ме чува. ,,А детето?" ја прашуваат. ,,Шо детето, од големи луѓе маки си имаме, деца не се закана, а од големите не се варкаме." Ме замисли да ви кажам.]
Голема е разликата помеѓу вдовец и разведен. Поинаква е и психологијата на децата кои го загубиле родителот а многу подруга каде се развеле од хх причини. Ова е сосема поинаква ситуација и дајбоже се да остане како досега. Сигурно немало да ти биде исто доколку бил разведен, па децата одат натаму наваму, сепак станува збор за деца кои и така би биле повредени од разводот. Тебе не би те гледале толку пријателски бидејќи би имале жива мајка. Можеби грешам но за мене се различни ситуации.
Е баш поради ова јас би се плашела доколку би била помлада па да размислувам за втор брак. Моето дете доколку не биде прифатено како што треба нема простор за компромис и дискусија. Во годините во кои сум сега не би ни помислила за втор брак во случај на развод. Сме дискутирале на темава со мм како што во случај да ми се случи нешто и моето мислење било и тогаш и сега дека нема да стапам во втор брак зошто мислам дека така ќе си ги повредам децата.
Не сум против втор брак, секој нека прави како што му е убаво. Јас лично, не би се мажела по втор пат, можеби би имала некој во животот, но не би влегувала во брачна заедница.
Ако не сакате брак седите си заедно така невенчани. Секој не може да прифати туѓо дете, а и секое дете за родител не може да прифати било кој. На некои деца им фали еден родител тие полесно прифаќаат друг на тоа место и се приврзуваат.
Мене ме интересирс овие што се христијани што се венчани во првиот брак и сега сакаат да имаат и втор брак и да се венчаат со вториот маж. Тоа можи да биди или само едно е венчанието?
А што е разликата брак или живеење заедно вон брак? Парче хартија само е бракот, тоа е разликата. Ако некој ве прифати доволно за да живее со вас и да создава живот и да сака да се ожени со вас без разлика какво минато имате мора да ве прифати со се него, ако не ве прифаќа нема што да бидете со тој човек, ниту мажени, ниту во врска. На крај краева децата се најбитни ама не се само они битни, битна е и вашата среќа, па ако не мислите на неа и не сте среќни, нема ни децата да бидат. А и децата нема да се деца цел живот, ќе си пораснат и ќе си одат од вас, пак ќе останете сами. Со ова јас не гледам проблем за втор брак, па и трет брак, не ми е ниту себично, ниту чудно, безразлика дали е со разведен или вдовец. Децата ако ги воспитате добро ќе прифатат, оти ќе знаат дека не е само нивната среќа најбитна и дека вие сте исто така индивидуа, покрај тоа што сте родител, па заслужувате среќа. Јас стојам на тоа дека ништо не трае вечно и чувствата може да се сменат, иако на почетокот се било супер и убаво и сте биле убедени дека тој човек е за вас, тоа може да се промени и не сте должни да бидете несреќни, туку да си ја барате среќата во друг, освен ако не претпочитате да сте си сами. Не сте осудени на цел живот несреќа оти сте згрешиле или оти едноставно веќе не оди, а имате деца.
Тоа да. Ама изгледа се плаќа многу скапо,како што имам слушнато 40.000 ден било и затоа не се венчавале. Ова со ценава можеби не е вистистина. Не ми е логично да е толку скапо.
Цела британска цивилизација на тоа е базирана Скоро речиси Се се може денес, само против човечките предрасуди тешко
Не знам дали е точно. Ако е точно, за мене тоа значи дека за црквата како институција мојот брак не е важен, туку во тоа гледаат само шанса за профит. Иако, мислам дека не е точно. Ама нека каже друг ако знае
Сакав да кажам им е гајле за духовноста на бракот. А колку е за прв? И која е логиката да е различна цена за прв и втор? Демек под казна, да не ти текне да се разведуваш следен пат, не капирам