Господ сака со еден да останеш до крајот на животот, да ти биде чисто телото Ако се венчаш вторпат, влегуваш во тој брак прљав/а, скината, како и да е. Затоа..ваљда
Сигурно појќе света вода прскаат, да те исчистат од грев, затоа Незнам точно, кумот плаќаше, мислам 100 евра беше пред 12 години. Па рачунај инфлација, социо-економски параметри итн...
Попуст нема. Може рекламација кај мајката на првиот оти ти дале фалш роба, па да се затвори некако со цесија
Не знам како би искоментирала на оваа тема. Не ми беше сеедно кога татко ми ме праша дали сакам брат или сестра на 11 години и ме упозна со тогаш девојка му. Не ми беше сеедно кога се роди првото, кога се роди второто, кога ми се бранеше пристап до чоколадо оти едното јадело вакво, другото онакво, кога ќе ми кажеа дека нема место за мене да спијам таму. Трауми 300 од детство си имам. Као не се страшни дека ги пикам под тепих преку 20 години. Ама боли. И не знам дали деца заслужуваат вакви ситуации. Себично свој гз да си гледаш, тоа што си го создал ќе си порасне така и така. Не знам само зашто не се оставија вторите да растат и така и така. За жена му немам збор. Божица. Ѕверка. Ја обожавам. Тоа е веќе друга тема и брат ми и сестра ми кои ги сакам најмногу. Ама траумите од детството никад нема да се избришат.
Не навлагам во детали, татко ми ќутел обично, друг зборел, жена му е срце. Со нејзе никогаш сум немала проблем ни сега возрасна ни како дете. Не би да навлагам во моите проблеми, површно пишав, има мн повеќе од ова, ама ќе си го задржам да го споделам на вистинско место кај стручно лице. Само муабетот ми беше секој си го гледа неговото, поготово маж, деца секогаш ќе направи, а мајка кога ќе роди од срце кине. Не е секогаш ваков случајот, имам другарка каде па мајка и е луда скроз и татко им ги гледа, ама е поретко. Бар беше. Сега веќе не знам во овој наш 21ви век што е нормално што извитоперено.
@LadyC жал ми е што си минала низ тоа, никој не заслужува да се осети запуштен во било која ситуација и комбинација, ама ете според мене не бил проблемот што се преженил и што довел друга жена и што имаш брат и сестра од неа, проблемот е кај татко ти оти не е добар човек очигледно. Само лош човек може да гледа вака и да се однесува вака во ситуација, а верувам повеќето од нас не би избрале таков човек за маж, така да пак не е проблемот до вториот брак.
Лејди, никој не може да ги избрише траумите на децата, точно. Ама тоа нема многу врска со темата втор брак. Прашањето е , дали кога од било кои причини, заврши првиот брак, би влегле во втор. Мене лично прашањево ми е исто апсурдно како прашањето дали да се омажам за првиот дечко ама ок, секој со своите идеи. Од искуства во околината знам дека може и без брак да се живее, и во брак, и подеднакви се шансите за среќа и за несреќа, и вака, и така. И деца се имаат без брак, и брак без деца, и на младост и на старост, луѓето си ја бараат среќата. И нема апсолутно никаква врска прифаќањето на децата од партнерот/ партнерката со некакви правила или капацитет за љубов. Единствено е прашање на менталитет. Ова од перспектива на партнер, за перспективата на децата во некоја друга тема.
Ценава е како да бараат приоритетно одобрение од Господ По ценовникот на МПЦ стварно не ме чуди и да е така.
Jas ova prv pat slusam deka se plaka za vtor brak.nie nisto ne plativme Osven svedocite sto platija,svekorot i tatko mi Ne fati 9000den deka imavme 5 popa
Малку оф отидовме, ама што е битно кој платил, муабетот е дека венчавка во црква се плаќа. Односно технички веројатно го плаќаш попот. Ама исто се плаќа и за крштевка, веројатно и за погреб.
Se se plaka i koga se nosi lebce za slava si ima kytija i pisuva peenje lebce 200den. Si imaat tarifi a toa ne e ubavo. Koj kolku ima treba ili da se odnese zejtin ili taka nesto
@Biljarkata епа баш затоа и искоментирав. Луѓето влагаат од еден у друг брак, си гледаат нив да им е погодено, многупати зборат против екс партнерот на децата нели пошо они се најдобри и не грешат и на крај децата испаштаат. Мојот одговор си е на место за темата, само зависи кој од кој агол гледа. @1209 не анализирај на површен муабет, не ме сфаќај погрешно, ама тоа што го пишав е само еден мал дел од мојот живот и по тоа не можеш да знаеш кој е добар и кој е лош, зашто јас вина наоѓам кај двајцата мои родители. За се. Нејсе, и те како мене вториот брак на татко ми ми направил траума. Најдобра на свет да е (а жена е сонце оти мн се грижи за мене , некад повеќе и од сопствената мајка) сепак јас на 11 години не бев спремна да ми влезе у живот. У секој случај луѓето си тераат како им одговара само и само да ги задоволат своите потреби без да размислат кој се ќе биде повреден од нивните постапки. Не дај боже на нечија глава. Секој си гледа од свој агол. Ама брак "моето и твоето го истепаа нашето" не знам колку функционира. Друго е без деца, кој колку и да се мажи и жени нема никој во средина да си го влече подебелиот крај. Тогаш поддржувам. Но во секој друг случај втор брак не поддржувам. Мое гледиште, нормално не мора секој да се сложи.
Многу интересен аспект за размислување фрлаш во темава. Навидум толку едноставно прашање на кое секој би одговорил со да го претвори во ризница од муабети во повеќе насоки: - од очите на детето - од очите на маќеа/очув - од очите на мајката - од очите на бабите/дедовците - од очите на средината Некогаш не е само дете да направиш туку и да го одгледаш во здрава средина како најбитна ствар. Ако веќе е нездрава за партнерите и детето несомнено е подобро да се прекине веднаш. Поддршката во смисла љубовна и сексуална би била секогаш добро дојдена од нов партнер. Но дали, како и кога да се воведе во животот на детето е многу обемна и тешка тема која бара многу логистика и тргање од себе си од пиедесталот. Пред дете никад не размислував вака, но со дете е сосем поинаку пристапувањето кон вакви прашања. Мислам тотално е небитно со кој се плескаш/љубиш на страна додека тоа се држи далеку од детето. Стварно твојот сексуален/љубовен живот не е основата за растење на дете. Тоа дете бара внимание, љубов и здрава средина. Новите личности би требало многу многу да вложат во запознавање и пристап кон детето. А тоа за жал не го прават и проблем, трауми. Мене делот измеѓу прв и втор брак ми е дискутабилен. Многу од нив влетуваат во нови врски и ги претставуваат пред децата. Ова е новата девојка/дечко. Потоа ликот исчезнува иде друг и друг..и на крај втор брак. Како тоа се изгледа од детските очи можам само да замислам.
@LadyC не ми беше намерата да те навредам или татко ти, не те познавам точно, ама како и вртиш пак не е бракот како брак проблем зошто е втор и со маќеа , проблем е што не ти се посветиле доволно и не те подготвиле доволно за да немаш трауми од прифаќање на него и неа. Ние тука дискутираме за тоа дали сме за втор брак или не, а како, кога и зошто, ради кој е само додаток на темава. Апсолутно сексуалниот живот на родителот не мора да биде никаква тема на дискусија со детето и проблем за него, ама родителот е тој кој треба да биде доволно созреан и паметен да постапи на начин на кој не би му предизвикало трауми на детето, а сепак да мисли и на себе, а не детето да е единствен центар на неговиот свет. Имам и од двата случаи во близина. Едната фамилија беше познајничка, маж и дете, се земаа млади и се разведоа оти мажот почна многу да се коцка и губеше се, одлична одлука беше разводот, паметна, ама таа остана млада мајка со дете и секако дека не сакаше да е сама и притоа секој дечко го запознаваше со син и, по краток период врска, нормално дека ова не е здраво и не е за пофалба, ама пак не е врската проблем туку нејзината несериозност. Последниот кога го запозна чекаше цела год пред да го запознае со синчето, па уште толку да каже на дете дека ќе се премажи. Сега се супер, што значи до пристапот е. Втор случај имам со најдобра другарка и мајка и, разведени се со татко и преку 30 год веќе, никогаш, апсолутно никогаш таа не беше со друг маж пред нив, тие кога потпораснаа дури и сами и и викаа зошто не најде некој, зошто да е сама, таа викаше срамота е, плус нема да е татко ви, ама тие не ни сакаа да е како татко им, оти беше пијаница и никогаш немаше време за нив. Пак проблем е недоволна комуникација во случајов. Сега тие си го избраа својот пат, таа живее сама и жената е многу исфрустрирана некако, не беше таква ама вајда тоа незадоволство со тек на годините се таложи, вајда имала сексуални врски некои пропратни ама сепак не доволни за среќа оти било срамота, не оти не сака. Зошто да е така, зошто да не си ја најде среќата со друг и сега да си ужива во животот. Пак ќе кажам бракот како брак не е проблем, ниту врската, проблем е начинот на однесување на родителот со детето и неговата индиферентност кон тоа како влијае на детето и како да го спрема детето за таков чекор.
@FreeMind баби, дедовци, средината што ќе каже, ич не е битно. Ама детето како ќе прифати и се осеќа и те како е. Не е битно, туку е НАЈБИТНО. Ниедно дете не заслужува да се осети помалку сакано и запоставено ради туѓи потреби. Се постои начин како може да се изведе, како да се пристапи и да се "изигра" малку понеболно. Ако има начин некаков. @1209 воопшто не помислив дека ме вреѓаш уживај. И доле што пиша е точно. Се е точно буквално. Ама мора да се има пристап. А не и мајката цел живот да му плеска на детето како не се премажила ради него и тоа да се осеќа виновно. И тоа знам. И кога ќе видиш па се родителите криви. И јас сум родител, само молам Бога да ми биде бракот во ред, имам прекрасен сопруг и да не мора никогаш да мислам на ова.
Размисли од аспект на булинг за средината и од аспект на помошници при одгледување на детето при раскин на брак. Сите тие алки се дел од детскиот живот и здравата состојба. Од аспект што рекле комшиите народски кажано е смешно како теза. Но токму тие комшии доколку детето е родено во мала и заостаната средина знаат да го пораснат детето со “мајка ти е курва”. Или баба и дедо трујачи. Затоа споменав обемна тема на која треба многу да се размислува ако веќе првичниот брак/врска не успеал. Се ради детето нормално. Се тоа се прави многу полека и со многу разговори и внимание во зависност од возраста на детето. Некаде читав дека тинејџерските години се најлоши за ваков концепт. Тоа ми е останато во глава како податок.
Децата не се проблем, верувам дека ќе будат среќни кога ќе го видат својот родител среќен. Децата ќе пораснат ќе си имаат своја фамилија и е греота и себично едниот родител после да остане сам на старост. Немаме право да се мешаме во туѓа среќа, сепак се возрасни и си знаат најдобро.