1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Втор брак ДА или НЕ?

Дискусија во 'Брак' започната од nesa, 2 септември 2010.

  1. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    888
    Даваат втора и трета шанса на грешниците :)

    Нашата црква си стои на тоа дека само смртта може да ги раздели венчаните и таа со црковниот развод само констатирала нарушување на брачната заедница. Затоа молитвата за второ и трето венчавање (толку максимум дозволуваат) била различна од онаа за првото.

    Негде дури прочитав дозволувале и до четири црковни брака.
     
    На Milobebence и tessie им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ако има Бог, не е во проповедниците.
    Сами треба да си го најдете.
     
    На Milobebence, Mikha4, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ќе си преоѓа народот по други цркви за жал. Ќе вијат гнезда по туѓи дворови.

    Многу ми е интересно вакви строги правила во време во коешто венчавање со првиот е реткост. Јас шо сум се развела од првиот попогана од онаа што за првпат се венчавала со 21-иот.

    За последнава ангелите ќе се радувале, за мене ќе тажеле.

    Ајмо аршини, двојни, тројни, безбројни, изволтееее.
     
    На GirlLove, Spidy, Milobebence и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.659
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
    Нели во Библијата пишува дека исус и опростил на проститутката за гревовите бидејќи се покајала ,нели православието се базира на простување ? Жалосно е колку поповите направија бизнис од црквите , ја уништија вистинската суштина на православието и ги одалечија луѓето од црквата
     
    На Гладиоли, GirlLove, Just.do.it и 5 други им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Со подвиг и покајание еден куп порочни и светии станале.

    А што ако јас со тој развод сум спречила многу големи гревови? Пак ли сум лошата? Нечистата? Со тоа што сум спречила поганење и сквернавење?

    Јас многу си ја сакам нашата православна црква, источното православие е поинакво, за мене е навистина посебно и најмалку сакам да ја критикувам, но некои одлуки се навистина моменти коишто фрлаат во очајание. Загубената, а вратена овца наспроти незагубените е повредна.

    Чувството на припадност е многу важно.
     
    На Justicija и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.817
    Гревот и разводот не се исти, не ги мешајте.

    Грев е секс немажена ако има, не и омажена со маж и. И се простуваат сите гревови ако има покајание, освен убиство и абортус.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Како има црквата документ, регистар да не има, застануваат на компјутер и бараат?
    Во друга црква ќе одиш.
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  8. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.863
    Пол:
    Машки
    Грешниците? Секој што ќе се разведе е грешник значи, кхм океј. Ама кога ќе дадеш 3000 денари гревот автоматски се анулира.
    А ова последнава реченица, дозволува. Ејј црквата ти ограничува колку пати ќе се венчаш. Среден веку добредојде.
     
    На Nikolina35, hermosa, Skorpija25 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа какви работи се зборуваат за жената во моментот на венчавање, не можам да си објаснам зошто една жена со самопочит би одела и на тоа би одговарала ДА, ама тоа е.
     
    На Spidy, Skorpija25, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Да, братучет ми во Охрид живее, се разведе, се прежени, има документи за сите, он во една црква со едната се венчаше, сега со вторава се венчаа со друга, он тој документ попот го прати во зградата/куќата на Охридска Архиепископија да си го побара,плати таму околу 3000 ден, после еден месец отиде да си го земе документот дека се развенчани.
    Запишуваат исто како во матично, они ги чуваат документите, компјутерски имаат за сите граѓани кои се венчани, ако си имал претходно брак, кога не би им кажал, кога ќе те венча попот и кога ќе треба да внесе документ дека те венчал и види дека не си развенчам, неважечка ќе ти биде венчавката во црква.
    Значи, ваљда секој град или незнам како се поделени, имаат простории кај ги чуваат тие документи и вработени кои ги вршат тие работи.
     
    На Justicija, mira.mira и buba4e89 им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    То е.
    На здравје.
     
  12. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    888
    Тоа го пишав иронично, не дека јас го мислам, затоа и ставив смајли ;)
    Тоа дека дозволуваат исто го пишав затоа што го имам прочитано, не дека го оправдувам. Што се однесува до мене не оправдувам ограничување на бројка на разводи, затоа што мене ете не ми е логично. Ако веќе дозволуваат разводи и повторни венчавки, нема што они да кажуваат кој колку пати може да се венчава. Од друга страна и венчавање во црква со пет различни партнери ми нема смисла. Ама ако на некој му значи, зошто да не. Иако сум верник, не сметам дека поповите постапуваат правилно и треба за се' да се слушаат.
     
    На Гладиоли, Justicija и WildMk им се допаѓа ова.
  13. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.006
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, мислам дека ја за тука ми е прашањето..
    Разделена сум 2 години од првиот маж, разведени сме и имаме дете 2ипол год.
    Тежок развод имав, сакаше да ми ја земе на секој можен начин не успеа..
    Е сега доаѓа време, јас имам дечко со кој би сакале да се земеме и да живееме заедно . Мислам дека сум и бремена
    Проблемот е што сакаме да живееме сами, под кирија.
    Од мајка ми имам муабет ако ти излезеш под кирија 100% ќе ти ја земе керка ти, демек има зборено со адвокатката што ми беше за тоа, дека се блиски..
    Мислење? Дали може да ми ја земе под разлог дека немам услови за чување дека он има подобри..?
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.171
    Допаѓања:
    18.809
    Од кога кирија значи "немање услови за живеење". Да си провериш убаво со неколку адвокати ова ми е нелогично мене. Дете малолетно од мајка се зема ако таа е алкохоличар, ако има психички проблем, суицидна е итн... нема да ти го земе никој зошто си под кирија.
     
    На jarec6, Justicija, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Pebeka

    Pebeka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.405
    Незнам како мислиш сами да живеете,ако мислиш без детето,тогаш да постои шанса да ти го земе.Извини ако сум разбрала грешка.
    Ако си е детето со тебе ,не би требало.
    @Eni.r
     
  16. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.006
    Пол:
    Женски
    Не без детето.
    Јас и дечко ми со керка ми.
    Сакав да кажам без родители негови, мои, свекрви баби :)
     
    На Pebeka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. чупето*

    чупето* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Јас имам ќерка од 10 години. Со татко и сме разведени 8 години. Пред две години си дадов втора шанса. Убаво ни оди со сопругот сега. Се грижи за неа, пишува домашна, ја носи во школо, ја зема, и спрема храна. За мене беше тоа пресудно да го прифати таа а и тој. Со биолошкиот татко одржува редовен контакт али пред се никој не му го пери мозокот на детето дека не е сакано или малтретирано.
    Сака многу работа зборување и труд. Со него веќе една година се обидуваме да имаме наше дете, а и ќерка ми знае и сака затоа што е сакана милувана и расти во здрава средина со разумни луѓе, каде има секакви услови и не е минута сама осамена. Пред се условот за вториот брак беше дека јас детето не го оставам и дека што и да се случи таа за мене е се и сешто и на тоа се согласи тој и ни е супер!
     
    На Lostinparadise, Гладиоли, stetoskop и 9 други им се допаѓа ова.