Јас би ти препорачала ако не си сигурна да не брзаш за брак.И во основа што е бракот?Само една обврска плус запишана на хартија.Биди опуштена,ако треба да се земеш со него тоа самото време ќе го покаже.Би ти препорачала да не брзаш,да си го слушаш срцето кога ќе ти каже дека е спремно.Плус тука е и твојата ќерка и мораш да размислуваш и за неа.позз и со среќа
nekoj sto veke bil vo brak i toj brak ne uspeal normalno e da se custvuva taka zosto razvodite ne se ednostavna rabota i zivotot ti se menuva potoa i samata ti se menuvas znam po mene razvedena sum veke edna godina imam dete sto zivee so tatkoto .pomislata na vtor brak i vtoro semejstvo mie seuste nerealna .megutoa na sekoj mu treba nekoj nikoj nemoze da bide sam a najubavo e da imas nekoj od doverba sto saka da ti pruzi mir stabilnost podrska i da ti go prifati deteto kako del od vasiot zaednicki zivot.samo ke ti kazam ne brzaj zosto posle prviot razvod ako nesto i najmalku ti smeta kaj partnerot polesno ke se odlucis na vtor razvod toa ednostavno e taka a takvi traumi na deteto veruvam nesakas da mu napravis ......koga veke ziveete zaedno vie ste ja donele i odlukata ....so sreka neka ti e od se srce
Разведена сум и јас, а ова прашање како трн во око да ме погодил. Скептична сум многу. Имам страв од втор брак. Првиот заврши катастрофално, детето ми остана кај него. Инаку млада сум, 27 години, другарките не ми се мажени, па така имам друштво.
Jas ziveam vo vtor brak pa mi e super jas imam devojce od prviot brak a mojot maz ima sin i site sme zaedno .Ne velam deka e mnogu lesno imame i teski momenti ,no zaedno gi nadminuvame .Mislam deka sekoj ima pravo na vtora sansa . p.s. izvinete sto ne e napisano na kirilica [mod-kirilica:3dekv9jb][/mod-kirilica:3dekv9jb]
Немам ништо против втор па ете да речеме и трет брак. Не гледам причина зошто ако се пронајде некој кој би не правел среќни и со кого мислиме дека би сакале да бидеме како што се вика во добро и во зло,не би го презеле овој чекор. Не би требало некои грешки кои сме ги направиле да не спречуваат да продолжиме понатаму среќни. Посебно самохраните мајки,ако ја имаат таа среќа и најдат некој кој ги сака искрено и за нивните деца се грижи како за свои,нема потреба за размислување. Предрасуди од страна на малограѓанштината имало и ќе има...
Сме паднале неколку пати на муабет баш за темава.Повеќето се скептични кога станува збор за втор брак , посебно ако едниот партнер е - ерген или мома како сакате Се случува и љубовта и разводот , луѓето се менуваат па и неочекувано.Битно е да е отворат очите пред да се стапи во брак, но не и пресудно , ете се случува живот е , не успеало.Не гледам ништо погрешно во тоа. А кај луѓето , кај повеќето , на мое изненадување ...е неприфатливо.Зошто објаснување нема или пак звучи не еманципирано - Сум го родила здрав прав и да ми донесе дома некоја ОСТАЕНА !?! А што кога ќерка им ќе се разведе , што ако остане вдовица на некои си дваесет и пет. Зарем тука е крајот ?!
За тоа знаеш како велам, сите гледаат секаде само не во сопствениот двор, а во него купишта г*мна ни куќата не се гледа. Тоа е, македонски менталитет.
И јас ке се надоврзам на темава. Јас сум верена во странство за човек кој е разведен со ќерка која живее со мајка и. Јас живеам со него веќе година и пол и за сега е се ок. Јас инаку не бев никогаш мажена и ете се одлучив да го поминам остатокот од својот живот со тој човек во кого се влубив на прв поглед, размислував многу за тоа што ќе ме очекува во иднина и се уште мислам на тоа, но лјубовта е посилна од се, колку и да не ја сакам ќерка му и колку и да не ја прифаќам, јас не можам да си го замислам животот без него!!!! Ретко ја зема тој да ја види, но кога и да ми ја спомне, дека ќе ја земе мене ми се превртува во стомакот и не ми е се исто и до ден денес ми е тешко многу кога ќе помислам дека има дете......но тоа е тоа, разговаравме многу пати на таа тема и ми вика јас сум таа што одлучувам и што сакам да правам во животот. Инаку тој е толку мил со мене, предобар е, превнимателен, премногу ме сака, има направено безброј работи за мене, едноставно душа човек е...мислам дека и така ме освои, со добрината. Сега спремаме документи да се регистрираме, моите сеуште не знаат дека тој има дете затоа што ми е страв да им кажам, не знам како ќе реагираат пошто ги знам многу добро и така оставив на времето како ќе биде така, понатака може да им кажеме но за сега нема шанси.....тоа е мојата приказна!!!!
Калиас како бре го сакаш него а ти се превртува стомакот од неговото дете!! Не сум овде да ти судам ама размисли дали вистински го сакаш или сакаш како се однесува со тебе. И јас сум во брак со личност која има детенце од претходен брак кое живее со мајка му. Ние се обожаваме со малото.Кај децата нема лаги. А кога ќе видам колку тој е полн со љубов кон детето свое знам дека е добар човек и дека го сакам бескрајно. Одвај чекам да имаме и друго дете. Знам дека не е исто, ама јас ова го сфакам како екстра љубов. И така е. Незнам како мислиш да бидеш во брак вака? Тоа детенце не е овде за еден ден, цел живот ќе биде дел од вашиот живот.Кај мене дома многу се бунтуваа, ама јас од почеток им кажав се. И тој разговараше и им објасни како функционира неговиот свет денес и кај е моето место таму. Сега се пресреќни зошто знаат дека сум со некој кој ме сака и ме чува. Јас навистина неможам да се изначудам на твоите сваќања..
Се сложувам со маченце85 . Ти ако го сакаш него ќе ја прифатиш и неговата ќерка . Тоа не е мана или нешто лошо . Си имал човекот пред тебе живот и од тој живот ќерка има .
Како можеш да кажеш дека од дете ти се превртува стомакот??? И јас сум девојка, не сум мажена ама ако се заљубам во некој кој што има маинато треба да му речам да се откаже од детето заради мене??? Јас мислам дека ако мислиш да имаш иднина со тој човек , научи како да го скаш детето зашто тоа е дел од него инаку уште од сега ти е пропаднат бракот. Мислам дека и човекот ти укажува на нешто кога ти вели дека сама одлучуваш за твојот живот, зашто он никогаш нема да се откаже и не треба од неговото дете.
Дефинитивно...Боже какви не има по светов...како што вели мајка ми ако го сакаш него ќе го засакаш и неговото дете тоа за ништо не е криво и тоа е вистинската жртва во ситуацијава а не некоја девојка шо си ја испробува среќата со човек кој има минато а минато сите имаме некакво ако не сака некој тоа ќе го прифати нели?
Дефинитивно Да -и да сум имал 3 брака претходно ако најдам некоја што вистински ме сака и ја сакам би пробал ,се најубаво
јас знам дека е така како што ме советувате и вие и потполно го разбирам и него и неговата ситуација, но не можам се уште да се помирам со тоа дека тој веќе има свое дете, а јас немам и сум слободна.........не знам, тој не бара од мене да го засакам тоа дете и никогаш нема да го засакам, туѓо дете никој не сака како што вели и тој, но барем да ни се добри односите и да сум ок спрема нејзе и таа спрема мене, друго ништо не бара од мене, затоа што тој навистина, со сигурност можам да кажам дека ме сака и има направено многу работи за мене, исто и јас!!!!!!!
Луѓе што ви е вас? Од каде никнавте толку светци? Не дека ја бранам Калиас, ама нормална појава е да не го сака тоа дете. Ставете се во ситуација, реално како би ви било вас. Сигурно сеедно не. Лесно е да коментираме од страна кога не сме и во кожата, поготово за ваква сериозна работа. Заради љубовта се - но не е толку лесно како што мислите. Плус се си е до карактерот. Јас ја сфаќам и неможам да и речам било што, затоа што не е мала работа. Калиас и ти не не ме сфаќај погрешно дека ти велам да не го сакаш детето, но само кажувам како што е и те разбирам дека не ти е лесно.
Ти благодарам Offspring, се сложувам со тебе дека е многу лесно да се кажува и да се делат совети, а кога ќе ти дојде на твоја глава е тогаш не е ниту малку лесно....секако дека мене ми смета и си кажувам така како што чувствувам, би сакала и јас и се молам секој ден барем малку од малку да го сменам мисленјето и да го засакам тоа девојче, но залудно, не ми иде од внатре, што да направам А точно дека ако го сакам него ќе засакам и се што е негово, потполно се сложувам со сето тоа, но Дај Боже да се променат работите, т.е. да ги променам тие чувства за детето...
Никој не ти вели да го засакаш како твое, затоа што и не е твое. Ама од старт да имас толкав аминозитет према дете не можам да сватам. Гледај на тоа дека и ти кога ќе имаш дете со него тоа дете ќе му биде сестричка. Зар би дозволила да не се знаат??? Што толку ти пречи детето сега кога ти од старт ти знаела дека тој човек има минато. Мислеше дека со магично стапче ќе го снема??? Помири се дека тоа дете постои и ќе постои. Колку побрзо си го решиш ова сама со себе подобро ќе ти биде. Оффспринг, не сме светци, само едно не ми иде во глава. Свесно знае дека типот има минато. Ако не може да се носи со тоа нека најде некој кој нема!!! Јас не би можела туѓо дете да сакам како свое особено при жива мајка, но би се трудела да развијам пријателски однос. За доброто на иднината моја со тој човек.
Разбирам јас нена, ама многу и се нафрлија, ако го сака него ќе го сакала и детето. Епа не е така лесно, реално. Плус се си зависи од карактерот, од каде знаеме каков карактер е Калиас? Неможе така да се каже ако го сакаш него ќе го сакаш и детето, сум за тоа да развие пријателски однос со него и потполно се согласувам со тоа што ти го напиша, само не се согласувам дека е така лесно како што другите девојки тоа го прикажаа. Затоа реков лесно е да се коментира од страна, ама малку потешко е да се биде во нечија кожа при ваков случај, затоа што не е мала работа. Плус можеби Калиас си е малку терсене карактер.
и уште нешто. Што ако не дај боже детето остане без мајка, или едноставно таа не е во состојба да го гледа. Таткото тука мора да го земе. И ете ти девојчето мора да живее со вас дома. Што би правела тогаш?? Нема да дозволиш?? Реално зборувам зашто животот се носи!