Нена и тоа го размислував и можеби тоа би било полесно, да знам дека детето нема мајка туку само татко тоа мислам дека полесно би го прифатила отколку да знам дека тоа е со мајката и од каде да знам какви се глупости му кажува и го учи затоа што кога детето доаѓа кај нас е многу разгалено и паметот му е само во парите, го прашува татко и каде му е новчаникот да земе 50 евра, 100 евра и требале као демек нешто да си купи, а има само 8 год.така што ние и двајцата мислиме дека мајката го учи на многу неубави работи....но, што е тука е, времето ќе покаже се
Не сум светица ама никој не ми става нож под грло да земам некого со дете ако не сум сигурна дека можам да се справам со тоа. Знам по мајка на еден другар и таа така вика па еднаш не издржав и и реков а само татко му ли од другар ми беше единствен на цел свет и она вика ама тој кај мајка му живееше тогаш ама човекот се разведува од жената а не од детето...ако прифаќаш ок ако не...there are plenty of fish in the sea. Не напаѓам никого но мој совет е нека се потруди да и се подобри комуникацијата со девојчето ни тоа не е криво за ништо како ни Калиас. Погрешно ме разбравте не мислев да ја засака како своја туку ете да има некоја комуникација и пријателски однос, таа е сепак дете и ако прави нешто можеби таа не е ни свесна дека тоа не е правилно. Затоа треба пријателски однос и самата нека почувствува пријатна атмосфера додека е со Калиас и со татко и па ќе видиме после дали мајка и би смеела да и ја полни главата со глупости. Значи не сум светица и не ја советувам Калиас да го менува својот карактер туку едноставно да постапува помудро
Мој совет е Калиас да не се меша и завзема страни во воспитувањето на детето. Ако зима 50 или 100 евра или како и да се однесува си има ТАТКО и МАЈКА кои треба за тоа да се грижат. А Калиас на тоа не треба многу да обрнува внимание. Таткото, детето и мајката си се посебна фамилија. Во неа за Калиас нема место. Сурово е но за жал тоа е вистина. затоа се комплицирани тие бракови кога си втора жена а позади себе самата немаш брачно искуство, немаш деца и сакаш да си почнеш нов живот, а тој веќе има еден таков живот. Плус детето СЕКОГАШ ги поврзува бившите сопружници.
Извини нена но не се согласувам со тебе, секако дека детето си има мајка и татко кои треба да го воспитуват, но кога гледам дека мајката по цел ден е излезена и не знае на кој к*р да се закачи да ми извинеш, надвор се прави слободна без дете, што можеш да очекуваш од таква мајка? Какво воспитување ќе има тоа дете? А од друга страна овој татко не е многу запознаен со тоа како треба да се воспитуваат децата, т.е. кога го зема детето тогаш само се оди на шопинг, играчки, надвор на ручек и толку......офффф широка и долга е мојава ситуација не можам ни до утре сабајле да ви објаснувам затоа што никој не е во моја кожа и не знае но во секој случај јас ќе си го трпам што и да одлучам
Да се меша никако, како прво за нејзината врска со мажот е лошо тоа. Но таа се сомнева дека постапува девојчето како што постапува зашо мајка и и зборела за нив 300 чуда и затоа според мене тоа што треба да се направи е да се овозможи пријателска, сепак ненападна атмосфера на која нема да има причина да се пожали на мајка и. За парите стварно, друг муабет е, никој не може да знае зашо ги бара. Е тука веќе е најмудро да се молчи. Сепак татко и е кој ќе и даде ако не тој, лошо е ако мајка и ја тера да ги зема за мајкава да си ги троши али ипак тоа е тоа. Допрва ќе треба тој да дава, матура, дипломска, свадба дај Боже, без помош од родителите во тие моменти ништо. Знам по себе., моите ниту дојдоа ниту помогнаа за мојата свадба и тоа никогаш АМА НИКОГАШ нема да им го заборавам. Зашто? Затоа што планирале со друг...Така да крвта ништо не значи ако не е твоја не значи дека не може да ти стане барем малку пријатна како свекрва ми и свекор ми на пример кои се покажаа како родители и пол во таа ситуација и на маж ми и мои, за разлика од моите “биолошки“ кои лицето не сакам да им го видам, посебно на мојот “биолошки“ татко кој ме удри пред маж ми. Крвта ништо не значи Значи имај верба се ќе си дојде на место, најважното е што се сакате и се разбирате.
Широка е темата воедно и чувствителна.Станува збор за бројни различни животни приказни , и околности , деталите ја прават сликата целосна.Вреди ли секогаш да настојуваме себеси да си дадеме уште една шанса ?! Ако се земе за пример деверот на мама и тато , се женеше цели седум пати за на крај да открие дека е геј .. Оди разбери го, ете него можам само да го нашамарам и да му објаснам дека доста е со заведување , не е бракот тинејџерска афера , порасни почитувај ! Ако сака да се пронајде себеси , самиот нека го направи тоа , бракот па ни разводот не се мала работа !
Како прво секој свесно одбира да биде со човек кој веќе има нешто зад себе. И мене ми е прв брак овој и немам никакви обврски наспроти мажот ми.Никој не вели дека е лесно, ама е грев да кажеш дека ти се превртува стомакот и незнам шо се од едно детенце.Значи тоа е најмалку виновно за се што се ислучувало. Ако веќе си се одлучил на такво нешто е богами нема зошто да превртуваш со очите сега кога ќе му дојде детето. Тоа е дел од него и не сфаќам како може да ви е нормално да каже некој не го сакам?! Никој не вели да глумите мајка на тоа дете, но да го неќите е незнам колку е во ред..
Ако се сметате за христијани , прочитајте што пишува во Библијата па ке видите зошто не е добро да се разведува , а полошо да се стапи во брак по втор пат или повеке .... за било каква кавга потребни се двајца кои немаат трпение.
А ако не оди во бракот? Ако е неподносливо? Ако не сме знаеле дека така ќе биде? Грешки сме луѓе правиме after all
Е мене од вакви муабети ми се префртува стомак, ми се крева коса и све. Како бре е лошо да се разведува?? Кога маж ја тепа жената треба она да си ја гушне Библијата и да рече Господе прости му??, кога ја навредуваа да се моли Оче наш и да трпи се?? Кога ја изневерува да се прави дека не гледа и да оди да носи масло во црква за да му дојде памет да се скраси??? Извини ама тоа не е брак.Не религија, не библија не црква не знам што да е ,не можат да ме убедат дека е грев да се раведам. Па на крај краева мој е животот, еден ми е и не мислам да го поминам во стрес, во страв и во депресија. Ако имам судбина да се разведам би се омажила повторно ако најдам човек кој мислам дека е вреден да бидам со него. И не, не е грев да се мажиш повеќе пати! Уфф ама се изнервирав од вакви пуританци!!!
Штом се такви околностите со мајката и таткото на детето, јас искрено би се запрашала каков е тој човек, и каков татко би бил на моето дете !! Очигледно дека не го бива баш за татко, или се лажам?? Сепак биди внимателна со кој влегуваш во брак!!!! И сама рече , има 8 годишно дете а не знае како да се воспитува дете??? Заинтересиран ли е тој воопшто за тоа дете?? мајката на страна ама тој е родител и тој подеднакво треба да го воспитува детето , не е само мајката !! Јас лично познавам примери каде што татковците се предадени на воспитување на децата после развод, заради тоа что мајката е изгубен случај. А дека она ќе збори 300 чуда, оооо уште колку ќе збори!!!! ама за неа он треба да му ја мисли ти не !
Зошто да е лош татко? Едноставно не го гледа многу детето и сака кога е со него да мму удоволи се. Не велам дека е тоа правилно, секако дека се трпат последици од тоа угодување, ама го разбирам човекот. Додека за мајката ако е навистина таква немам што да коментирам, навистина...
Затоа јас се чудам, за возачка да земеш треба да имаш дозвола до психијатар, а родител може секој. Па после децата патат од такви родители како мајката на тоа кутро дете
na prasanje za vtor brak moj odgovor e-DA Sekoj ima pravo na vtora shansa iako bev protiv razvodi koga osetiv na moja koza kako e sega za mnogu raboti promeniv mislenje...drugo barem vo moj slucaj e dobro shto vo prviot brak (3 meseca samo ) nemav ni dete nitu pak beh vo crkva vencana...koga posle nekoe vreme od razvodot si dadov shansa pak deckoto mi kaza samo edno nesto: ne si pred Boga bila vo brak taka da mene tie tvoi 3 meseci brak ne mi smetat toa go gledam poveke kako zaednicko ziveenje samo i eden potpis koj i na kraj ispalo deka e bes vrska sepak mnogu znaci i kako noviot partner ke go prifati poimo da imas etiketa (po balkanski ) razvedena [mod-kirilica:hikgw55m][/mod-kirilica:hikgw55m]
Мојот одговор е со сигурност ДА, значи секој зслужува втора, трета и .... шанса. Еве ја мојата приказна.... Јас сум оставена неполни 4 години и имам синче 3 ипол години, сама го издржував со помош на моите родители и тие ми беа најголема подршка која ја имам. После 3 години решив да си дадам втора шанса. Сега сум верена за дечко кој ме сака и ме почитува и ме прифати мене и моето синче. едноставно го обожава исто како да е негово. заедно сме 9 месеци и секој ден сме заедно и едноставно неможеме еден без друг. За брак ке почекаме малку зашто имав смртен случај во фамилијата и затоа ке почекаме зашто баш не сум за прослава. Затоа само напред и што побрзо свадба. Ти посакувам се најубаво ....
И јас мислам дека секој заслужува втора шанса, па и трета..... Лично сум против разводите, но не дај Боже да дојде до такво нешто, недоразбирања, насилства, неверства мислам дека секој би посегнал по развод. Така да никогаш не ги осудувам луѓето, секој си знае како му е во бракот и како треба да постапи.
Па да , секако дека ДА , неможеш да бидеш сама засекогаш сепак прв брак си е прв чувството како на првиот брак неможе да биди како во вториот .
Секој има право да го продолжи својот живот. Ако порано не успеало не значи дека и сега ќе биде така.. Јас сум за втор брак.
Секој има право на втора шанса, па и трета, односно секој има право да се чувствува среќен, сакан , но тоа не мора да биде потврдено со брак...... Порано верував во бракот , повеќе не... Бракот е важно да постои во срцата на оние кои се заедно.. Љубовта, почитта и взаемното разбирање се тие кои ги држат саканите заедно, а потписот е толку незначаен.... бидејки во моментот кога срцето ќе се откаже од љубовта, потписот исто ко никогаш и да не постоел... Познавам околу себе многу парови кои живеат во вонбрачна заедница а тоа не им прави никаква разлика , односно се многу посреќни од некои што се во брак... Дури почнав да се прашувам дали таа неизвесност и помислата дека саканиот или саканата може да си замине во секој момент ги мотивира повеќе да се трудат за врската и да ја негуваат таа љубов.... Можеби никој не треба никого да го земе здраво за готово....
Ќе се вбројам во “светиците“. Како може дете да не се сака? Од дете да се превртува стомакот? Калиас јас нема да те осудувам, ќе ти кажам само да пробаш да најдеш заеднички јазик со тоа дете. Па дете е побогу ... дете на човекот кој го сакаш. Верувај ми дека твојот сакан секогаш ќе го сака тоа дете и секогаш, дури и тогаш кога ќе биде девојка, за него ќе биде мало дете, негово дете. Љубовта меѓу сопружниците може и да избледи, но љубовта кон детето... е тоа е нешто друго. Од тоа што го кажа би те прашала зошто мајката ја осудуваш врз основа на нешто што сум убедена дека со свои очи не си го видела, а таткото го браниш што не се справува со татковството онака како што треба (не е оправдување тоа што само на шопинг оди со нејзе ... ако сака сигурно може и други работи да прави штом има мајка која е ...таква каква што викаш, контрадикторна си) ? и зошто те болат парите потрошени за детето ( наведуваш суми, потенцираш дека се тоа лоши работи)? Малку сум и под импресии од еден филм што го гледав вчера за едно дете кое целиот свој живот трагаше за едно ТЕ САКАМ од мајка си ... па извини ако бев поостра од што треба. Спојлер аеродром остави не да живееме онака како што мислиме дека треба, тука нема ни злоставувачи, ни убици, ни крадци...аман веќе како дух се појавуваш. Се поставуваш во улога на месија а само гризеш по форумов... кога малку повеќе би зрачела со љубов (ако знаеш што е тоа) и топлина, можеби некој и ќе сака да ги слушне твоите совети он - Ако не газиме по лешеви и ако сето тоа е од потрага по љубов и спокојство, ДА за втор брак.... со сиот терет и пакет од минатото кој тој го носи.