1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Втор брак ДА или НЕ?

Дискусија во 'Брак' започната од nesa, 2 септември 2010.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Јас лично доколку ми се распадне бракот, не би се мажела повторно. Би имала врска / партнер, сигурно, ама пред матичар јок.
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Калиас -
    ти под итно треба да расчистиш некои работи пред да стапиш во тој брак затоа што очигледно не си спремна да прифатиш дека има дете од првиот брак. Ако не го сториш тоа, ке имаш големи проблеми со него во иднина. Вашата љубов и страст со време ке избледи, ке ви остане само почитта, разбирањето, а љубовта кон детето секогаш ке остане. Што ке сториш ти тогаш? Ке застанеш меѓу нив? Никогаш нема да победиш во таа битка и затоа ти препорачувам да го смениш односот кон детето. (Зашто дете е, и јас како и некои тука не можам да сфатам да ти се превртува стомакот. Сум била со слична ситуација, јас сум го потсетувала на роденденот, му кажував каков подарок да купи, како да постапи, да оди на родителски, врски сум фаќала за детето, па ништо не ми фалеше, само уште повеќе ме сакаше).
    Ако не го сториш тоа, жалам, но мислам дека животот ќе ти стане пекол.
    Поздрав и се најубаво.
     
  3. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Сега видов дека Калиас се омажила и се надевам дека се е во ред!
    Се најубаво!
     
  4. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    195
    Те разбирам Калиас, не знам што е толку тешко да се сфати овде?! се гледа дека мајка и е некоја тешка ороспија и го учи и детето да зема пари од новчаникот на татко и. Сигурно дека тоа дете нема да ги истроши парите туку ќе и ги даде на мајка и. Или пак така го учи за да им прави проблеми на Калиас и дечко и. Тешко на децата со вакви мајки. Тешко, тешко....

    И Да! Може дете да не се сака, јас вакво галениче попрво би умрела отколку да го сакам....Ниту сум била размазена ниту пак ке ги размазувам моите деца.
     
    На artemis му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски

    Ми се гади од вашите размислување. Калијас драга ако си сакала невино момче си требала да го најдеш таков, чист без деца..момче, не разделен маж. Јас сум разделена, ќерка ми никому не е виновна за се што се случило, а најмалку би сакала да помислам дека онаа наредната која ќе биде негова наредна жена има размислување како тебе. Тоа што тебе ти иде одвратно е од твојот мозок и ништо друго. А ако си толку умна и ако твојот маж, дечко што и да е, не е способен да се грижи за неговото дете научи го како се прави тоа.. Многу е нечовечки да напишеш ваква работа за дете. ДЕТЕ! Ние како родители ги креираме какви ќе бидат понатаму, тоа што тој имал избор пред тебе не е за осудување. А ако веќе си тргнала свесно со него, си требала да бидеш спремна за се, буквално.. Многу си ја сакала Пепелашка да ја читаш ко мала, изгледа трајни последици имаш. И она да не сте у моја кожа, пу пу не ти важи. Оти како што јас сум го направила изборот и не ми успеал бракот, и ти си го направила, така да приказни за сожалување на друго место. Се што би ти посакала да станеш човек.. оти еден ден на твоето дете може да му се случи исто, како што ти му се случуваш на другото. А она со мајката негова што си имате меѓу себе си е меѓу вас, но не и причина да го мразиш детето. Ако не драга имаш слободни момци без обврски колку ти душа сака..


    И да не отскокнувам од темава, еве сега кога сум разделена И СО ДЕТЕ, не ми текнува дека сакам да се замислам како невеста и слично. Би живеела во заедница и се.. зошто би си ги спречила благодетите од Животот, затоа постоиме да ги минеме деновите со некој..
     
    На fairy88, tinan, nena2010 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Јас лично...со цела сила би го бранела првиот брак да не ми се распадни ама веќе ако не оди..не би имала втор брак..би била со некој и тоа како отворена врска...а посебно не чини ако имаш деца..па и тој деца како би му објаснела дека треба да живеат заедно аа не се брат и сестра тоа многу тешка ситуација пред се за децата аа после компликации и за нас така да втор брак никако
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Се извинувам што се вмешувам во ваква дискусија, но ги прочитав сите мислења и се најдов некаде меѓу тие редови.
    Јас сум дете на разделени родители и кога го прочитав мислењето на Калиас, мене ми се преврти во стомакот. Зошто?
    Затоа што мама и тато се слободни луѓе. Можеби еден од нив (или и двајцата, сеедно) утре ќе се реши на втор брак. Дали треба да мислам дека на маќеата/очувот можеби им се превртува во стомакот од мене?
    Дали знаете како изгледа сето тоа од гледна точка на дете?
    Тоа ем го преживеало разводот на родителите, ем сега не е прифатено од некој со кој живее заедно.
    Мое мислење е дека ако не си спремен да прифатиш дете од друг брак, барај си ерген. А ако се решаваш да го земеш тој со дете, тогаш пробај со детето да си пријател. Не мајка не татко, не го превоспитувај бидејки си има родители, туку биди пријател.
    Никој не вели дека треба да го сакаш како свое, бидејки еден ден ќе дојде и твоето и не можеш ти туѓото да го сакаш повеќе, ама прифати го и воспостави коректен однос со него.

    Инаку на темава: мислам дека со втор брак не треба да се брза. Треба да се земе доволно време за размислување, сепак не е мала работа... Можеби живот со заедница-да, ама втор брак само ако си целосно сигурна во новиот партнер и знаеш дека никогаш нема да си замине или да ти плесне в лице дека си разведена, дека имаш дете и сл. На почеток може се да изгледа супер, ама после се може да се смени. Затоа велам дека треба добро размислување за повторно застанување пред матичар.
     
    На Noemi, Irida, sweet25 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. pcinja

    pcinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    8
    Јас сум татко на две деца кој се кај мене и ги сакам најмногу. Но сакам да се уклучам во разговорот . Може не е за оваа тема но пак би пишал . Мојата сопруга си отиде самостално кај нејзините родители се разбира заради неверство што го открив значи остај мене туку и децата не ги зема со неа со образложение дека таа не ги донела од таму. Каква мајка е таа .Е сега се кае заради тоа но си ги слуша мама и тато. Сака да се врати но како ќе ги погледне децата во очи и што ќе им каже. Сега сака да се врати али децата не ја сакаат тие имаат 12 и 9 години . Е сега каква е таа мајка која своите деца ги остава кај таткото и сега после 2 месеци почнува да се кае за тоа . Значи не секогаш мајките се во право еве и јас како родител сум се поставил со децата онака како што треба. Но јас мислам за оваа тема дека сепак не би требало да има втор брак заради децата заради тоа не се знае дали таа особа ке ги прифати децата и како ќе се однесува со нив. јас лично мислам дека не би требало да има втор брак ако неможеш да си го спасиш првиот.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    КОј не верува во љубовта се плаши од втор брак/врска.
    Има многу фактори од кои зависи таквата одлука. Секој свесен и разумен ќе мисли прво на децата ама има и такви кои се себични и гледаат само за себе. Тука се наметнуваат и многу други прашања.
    Се додека не е расчистено со минатото не би препорачала втор брак. Дури и да потиснеш некои свои желби и илузии кога тогаш ќе излезат на површина. Чиста работа е кога знаеш што сакаш.
    Сите сме луѓе и сите правиме грешки. Најубаво се учи од сопствени грешки а честопати сме попаметни за другите отколку за себе. Секој кој се нашол во таква ситуација си има своја приказна и ситуација.
    Децата се најмалку криви и должни за таквите ситуации. Со нив треба само пријателски да си настроен и да ти биде јасно дека никогаш никој неможе да го замени местото на биолошки татко/мајка. Иако понекогаш билошкиот родител е само на лист хартија а повеќе се цени и сака тој што навистина ти пружа љубов и грижа (има и такви ситуации).
    Каква и да се донесе одлука нека биде разумна. Ако е втор брак не значи дека ќе биде најсјајно, нека има компромис за било каков проблем.
    Ако навистина неможе да се спаси првиот брак, тогаш секој по свој пат и со своја среќа. Тој втор потпис немора ништо да значи ( а и онака ништо не значи освен хартија пред државата) ако нема поштовање и разбирање меѓу партнерите.
     
    На ljubam, nesa и soco им се допаѓа ова.
  10. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    184
    Еве потполно се сложувам со ова мислење на оваа Г-га .Таа има повисок стил на пишување и изразување и знае точно како да се изрази за да се свати суштината на нејзиното мислење . Значи да не должам секој има право на втора шанса но тоа да не биде со последици кон трети лица ! пр. деца и блисли роднини !
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.073
    Накратко ќе кажам дека сум за. Верувам дека во втор брак и те како е потешко да се стапи, пред се поради страв од неуспех, но мислам дека секој треба да има човек покај себе што ќе му дава подршка, љубов и внимание.

    Туку ми одвлече внимание расправата за Калиас. Не треба да си светица за да запазиш некои основни човечки норми. Да не бидеш себичен и да размислуваш малку за другите луѓе околу тебе. Особено па во овој случај кога станува збор за дете! Нема ни да влегувам во туѓа кожа, ниту па да се ставам во таква умрсена ситуација ако не сум спремна за тоа. Разбирам и љубов и се, но да ти се превртуваат цревата од неговото дете? Па затоа тие бракови и не се за секого и се голем залак за оној што не може да го проголта. Што ли ќе биде ако имаат дете од новиот брак? Едното дете сакано, мазено, чувано, а другото вечно отфрлено и запоставено од едниот родител. Па после следува ривалство и љубомора помеѓу децата. Да, можеби не го родила, но не може да се однесува ко да и е некое комшивче од улица.
    Но го окривувам и мажот. Треба многу да се пази каков човек носи во домот каде што му расте детето.

    Не сакам вакви егоистични размислувања и тешко на тие деца што треба да поминуваат низ вакви моменти. Место да се ставате во кожа на невестата, пробајте малку во таа на детето.
     
    На baby-star, ViktorijaMari, hunny-bunny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Јас мислам дека не би можела,само би била во врска...
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Секој заслужува втора, трета ...шанса која според него ќе му го подобри животот.
    Секој заслужува среќа, љубов, внимание, почит...
    Кога сме во врска, ако ни е убаво остануваме во неа, ако не ни е ,бараме човек покрај кој би се осеќале среќно, сакано и исполнето.
    Која е разликата од брак до врска??? И во бракот треба да се има врска помеѓу партнерите, жално е тоа што 90% тоа го забораваат, веројатно поради тоа што сега нема веќе потреба од докажување и искажување љубов, чувства, зошто нели партнерот сега ни е сигурен. НЕ , НЕ Е ТАКА.
    Една врска, дали е на хартија или не се негува постојано, за да трае.

    Некој ќе каже “не е така, во бракот има деца“. Да, има деца но, што кога тие деца ќе пораснат, што ќе прават двајцата партнери, вечно ќе останат сами??? Ма ајде, малку реално да погледнеме, на кое живо суштество му е убаво да биде вечно сам?? Пак ќе каже некој , “не е сам, има пријатели, деца, внучиња“.
    Да сите ние имаме пријатели,али ај сеа малку реално, колку тие пријатели се тука секој ден да се гледаат со вас, на 50-60години, зарем вас ќе ве тинтрат? Е за тогаш ,за тие денови е потребно да си имаш “другарче“ до себе, а уште поубаво и помило е кога тоа другарче ќе те сака, почитува и кога би имале некои прекрасби заеднички моменти на кои би се присетиле. А тогаш, децата ќе се далеку со своето семејство.

    ДА , јас сум за втор, трет, четврт брак, јас сум за среќа, љубов, разбирање, без разлика со кој партнер ќе го пронајдам тоа и ќе го барам се до оној момент додека не го пронајдам(иако сметам дека веќе го пронајдов :inlove: ).
     
    На elena.mak, Fallin-ForHisSmile, daddys.princess и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Jaс искрено се надевам дека мажот на Калиас ќе го прочита ова.
    Кога веќе не му кажала дека од детето негово таа добива нагони за повраќање, тогаш тој добро ќе биде да го знае тоа
    Во брак сепак мислам дека се влегува со човек со кој ќе те врзува и неговото минато и твоето. Треба да се прифатите како такви, а ако не за друго треба барем да го почитуваш детето затоа што е дете на твојот маж.
    Згорзена до немајкаде сум.. тешко на детето..само тоа ќе кажам.

    Инаку да. Сум и за втор и за трет брак. Ако не оди, зошто да се нервираш непотребно.. кога и за тоа има решение?
    Не би сакала тоа да го доживеам нормално, но и да би..нема да се затворам во себе.
    Со македонските старински сфаќања, секоја што има втор маж.. сигурно во бракот со првиот се курвала.
     
    На maca78, ljubam, Hipica и 4 други им се допаѓа ова.
  15. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    Се согласувам :!:
    секој има право да биде среќен
    ете може првиот пат се избрзало,не се познавале доволно.... :tmi:
     
  16. bibitri

    bibitri Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    18
    Јас сум ну втора жена на мм. Тој има ќерка 18-годишна од првиот брак. Кога се земавме таа имаше 14 години. Јас родив дете кое сега има 4 години, и се сложуваат многу убаво со сестра му. Ние го учиме дека таа му е сестра (што и вистина е) и тој така ја доживува. Одлично функционираме. Девојчето многу ме почитува и цени, ме прифатила како жена на татко и, свесна е дека нејзините се развеле бидејќи не можеле да функционираат заедно, и секој си тргнал по својот пат. Од кога сум дојдена кај маж ми, таа (поќерката) не ме ни погледнала лошо, а камоли да ме навреди или рече нешто што не треба, но и јас враќам со иста мера. Мила ми е, и ја почитувам, се трудам околу нејзе во секој поглед, се грижам дали и е добро, дали јадела, како е во школо.....значи скоро како да сум и мајка, зошто таа си има здрава и жива мајка со која контактира, и јас си имам мое родено дете, и не можам да речам дека не правам разлика меѓу неа и него.
    Зборот ми е само напред, дали е прв или втор брак нема врска се додека има разбирање, љубов и толеранција. :!:
     
  17. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    зошто да нема втор брак па во кој век живеемее бе луге.Лугето се мажат и по 10 пати а вие прашувате за втор брак.
     
  18. Leika

    Leika Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    49
    Да секој има право на втора шанса, но само ако бидете 99% сигурни, за да немора да се мажите трет пат :lol: ... на секој му треба партнер, љубов и подшка во животот зашто да се лиши од тоа задоволство макар и 5 пати ;)
     
  19. traumhaft..90

    traumhaft..90 Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    20
    Ми се гади од такви себични злобни жени,да не ме сфати некоја погрешно значи никој не посочив,но да не го сака детето од првиот брак на маж и ...тоа е веќе злобна проста работа,уште па и да му го врти умот против детето,знаете што,таквите па и не заслужуваат деца греота за децата па какви сака нека се и најразгалени они не се криви да трпат само некои мажи неможат да увидат заслепени се ..еееј да не гледа дека најголемиот непријател на детето го подржува уште па и ќе ми кажува колку си го сака мажот :fubar:
     
  20. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    како може да не сакаш едно детенце...па тоа не е криво за ништо! мислам да не го сакаш ајде и оди некако- ама да не го поднесуваш...стварно не ми е јасно...
    еве јас имам дете..па ми е криво ако некој накриво го погледне...не пак ако мој потенцијален партнер не би го поднесувал...никогаш не би била со таков човек...на крај ако толку го сакаш ќе го сакаш и детето или во најмала рака ќе го почитуваш и ќе му угодуваш...и така е ретко кај вас
    ако не за детето, тоа треба да го сториш за тој што го сакаш( ако воопшто го сакаш) затоа што тоа би му било најголемата среќа...