Јас искрено не би избрала. Господ да чува од се, но не би стапила во втор брак. Би останала сама. За другите, не знам. Секој најдобро си знае. Но, ако некој не би издржал да биде сам, подобро нека стапи во брак, отколку да прави други неприлични работи со многу повеќе личности. Сепак тоа е индивидуално и секој си се знае најдобро како да постапи .
А знаете како велат??Прво дете и втора жена најубаво се чуваат Се шегувам... Туку зборот ми е,човекот како суштество е склоно на грешки.Во бракот некој ќе погреши,се појавува нетрпеливост и доаѓа до развод.Прашањето е нели дали да се влегува во втор брак?Се зависи од тоа што ти е потребно во дадениот момент од животот,и дали воопшто ќе сретнеш личност со која ќе сакаш да го потпишеш тоа фамозно ливче хартија.Ниту потписот ниту сите придружни фактори се гаранција дека бракот ќе успее.Има луѓе кои си се доволни сами на себе,и како да кажам,не им е важно дали ќе живеат во таква врска а има и луѓе кои по секоја цена сакаат да живеат венчани.Искрено не знам што е подобро,зашто сум имала можност да видам различни примери.Да се живее во еден вид отворена врска,без фамозната хартија,може да биде и благодет.Имам другарка која живее така,и како поминуваат годините се повеќе зборува како не знае на што е.Имаат некои заеднички вложувања,а вели јас всушност немам званично ништо мое.Друг пример,жена во посериозни години се решава да живее кај партнерот,како што викаше таа-сакам да имам маж барем сијалица да ми смени,и не можам да ја поднесам осаменоста-годините минуваа тие си живееја,вложуваа заедно во домот и за жал партнерот умира, а неа ја исфлаат неговите синови како партал на улица.И дозволија само да си ја земе гардеробата,и друго ништо,иако фактички таа ја направи куќата дом...и таа си замина на другиот свет сиротата живеејќи под кирија,буквално сама...Така да не постои напишано правило и секоја човечка судбина е приказна за себе. Да се надоврзам и на претхотните постови ,за присуството на дете од претходен брак.Не ми влегува во глава како може да се гледа само во еден правец.Ако сакаш некого навистина,ги сакаш и неговите вредности и неговите мани.Го прифаќаш севкупно.Зарем среќата може да биде разнишана од присуство на една невина детска душа,која патем не е за ништо виновна.Не разбирам навистина. Дали јас би влегла во втор брак ,ако не дај боже овој се распадне.Признавам во овие мои рани 40-ти години,тешко дека ќе можам повторно да се прилагодам.Мислам дека и годините се многу важни за таква одлука.
На крајот од животот, децата и внуците ќе си летнат од гнездото, и на секој му е потребна друшка. Можеби првиот брак бил грешка (сте биле млади, неискусни, или едноставно не одело ама сте замижувале на тој факт), па зашто да не се проба пак. Како викаат, падни 100 пати - стани сто и еднаш. Е сеа ако треба да се мажиш по 4-5 пат, више би се замислила каде е уствари проблемот.
Јас мислам дека ако не дај боже после првиот брак дојде до развод меѓу партнерите или смрт на еден од нив,а не сакаат да останат сами тогаш зошто да не се омажа/оженат т по втор пат.Или пак стар дедичко или бабичка која што е сама,а не сака да е така зошто да не си најди некој со кој што ќе можат да уживаат заедно во деновите и да си се посветат еден на друг. Во еден случај асистентка моја на факултет која што имаше тогаш околу 30 години и детенце наеднаш и почина сопругот,па таа по некое време се омажи по втор пат. Јас лично не би се омажила по втор пат,но не ги осудувам ниту пак оние кои што го направиле тоа бидејќи како што кажав и погоре можи да има повеќе причини за тоа,па на крај краева секој си има право на свој живот и како ќе се води низ него.
Не е ништо ни табу ни чудно ни срамота некој да се разведе и повторно да си оформи ново семејство,сме го констатирале ова и порано, нели ако неоди бракот помеѓу дотичните партнери најдобро е да се разведат за доброто и на децата и на нив ,се разбира треба да се проба предходно се за да се спаси бракот ама ако не иде не иде ,според мене е најдобро да се стави крај. (или не дај боже едниот сопатник да е починат) на секој му треба љубов,поддршка, внимание, заштита. И секој заслужува да ја добие! Тоа во исто време не значи дека тука застанува животот секој од нив има право среќата да си ја проба уште еднаш. Лесно е ова да се каже ама многу е тешко да се доживее ,со себе носи многу трауми за сите членови од семејството. Да си втора жена или втор сопруг на некого прво треба да си спремен на тоа затоа што во исто време тоа носи и многу жртви, сепак нетреба да се избрише со гумичка предходниот брак на еден од тие што е разведен, постоел еден заеднички предходен живот кој со себе носи многу и обрски, а ако има тука и деца е тоа е цела филозофија како сите да се прилагодат да живеат и со минатото и со сегашноста треба навистина многу трпение желба и љубов од оној што е втор за да сето тоа функционира како што треба.
Јас како и повеќето сум ЗА втор брак доколку партнерите навистина мислат дека така сакаат и дека така е најправилно. Дури не ретко овие бракови се и поуспешни од првите затоа што искуството неизбежно си го прави своето. Како што рече Лилит во слична тема: животот е премногу краток за да се осудиме на една шанса.
Иако сум разведен веќе 5 години, црковно се развенчав пред неполн месец. Отецот ми напомена дека ако сакам повторно да се венчам, процедурата е различна освен ако не и е прв брак на невестата. Во долга врска сум (веќе неколку години) и љубовта повремено ме напиња да се венчаме, но некако не се гледав себе повторно пред матичар, а во последно време баш такви мисли и ми се мотаат низ глава. Стварно незнам што да правам. Кога јас ја побарав на 18 години, ми кажа НЕ. Кога она ме побара речиси 20 години подоцна, јас несакав. Никако да се погодиме Дефинитивно сум за втор брак, но малку е тешко кога еднаш ќе се з.... и дефинитиво, вторите жени добиваат мноооооооооогу повеќе внимание.
Како што кажуваш дека веќе сте во долга врска верувам дека се работи за голема љубов која како што кажа постоела и пред 20 години јас сум за да си се венчаш со саканата особа не значи ако еднаш не успеало дека нема да успее пак сепак срцето твое знае најдобро ви посакувам да ја донесете вистинската одлука и оваа љубов да трае вечно
Иии после 20 год повторно сте заедно и се думаш дали да се венчаш со неа при тоа знаејќи дека таа сака?! Јасно е тука се. Одма спремај сценарио, купувај прстенче и делувај. Животов не може да чека ... И, со среќа!
Извини вака малце е надвор од темата, но какво е тоа црковно разведување? Пошто јас се имам венчано и во црква и ако постои и такво разведување, да го спроведам. Хаха, баш ќе го изнервирам бившиот. Спојлер Он стално ми викаше, и уште така си вика, не можело да го оставам зашто пред Господ сме се венчале. :geek:
Да постои црковно разведување. Се поднесува молба до синодот(мислам, може и грешам) или најдобро прашај си во црква ќе ти кажат се. Само знам дека процедурата трае подолго. И мене ме интересира ова, за колку време се завршува, знам дека зависи и од причината поради која се разведуваш. Инаку ако го немаш ова, неможеш да имаш втор црковен брак.
Јас веќе никогаш нема во ниеден маж да имам толкава доверба за повторно да влезам во таа заедница... Но, сепак мн ме интересира и за овој развод црковен.. Ако по црквата сум сеуште негова , морам тоа да го изменам. Ако дознаеш нешто повеќе за ова, пиши , ако не и јас ќе се распрашам.
Работата околу црковниот развод многу брзо се завршува но не сум сигурен дали тоа важи и за време на постите. Значи, потребни документи се: - Копија од судското Решение за развод, - Копија од црковната венчаница, - Такса од 1000 денари - Молба за која не добив темплате него сам си го составив текстот - нешто како: „Јас,------------------- со адреса на ---------------------, роден на ------, ја молам Македонската Православна Црква, врз основа на Решението бр...... од датум------- да ми одобри прекин на црковно склучениот брак на ден ---------- во црквата ------------- со --------------------- и бла бла... За се што е потребно може да се информирате во Скопската епархија (во зградата позади Соборна) и тоа до 18 часот попладне. За жал го немам телефонот со мене (дома ми е во папката со документи) а контакт лице е Ѓакон Златко. Јас го добив документот за ден или два, и плус ми требаше уште еден екстра ден за да извадам копија од венчаницата од црквата каде што се имав венчано. Мислам дека за препис на венчаницата платив 200 денари, но не сум сигурен. И уште една информација сметам дека е важна. Ако повторно се женам, обредот во црква бил поинаков, но ако невестата не била претходно венчана во црква, тогаш процедурата е иста како и за прв брак.
Ова ќе го заборавев. meU има право. Причината за разводот е многу важна, но денес скоро сите разводи се спогодбени. Ако со некој од заинтересираните тоа не е случај, ќе мора да си праша во епархија. Најјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјј добрата работа е што не треба двајцата да поднесат документи/молба. И мојата бивша тврдеше дека само таа ќе ми била пред господ за до крај на живот. Е не ќе да било така.
Мм нема земено црковен развод, а се венчавме без проблем. Попот само ми кажа доколку мене ова ми е прво венчавање нема да има проблем, а штом судски се е решено, немало потреба од никакви документи. Баш така.
Се е тоа супер, но има мал проблем. Малце ми е либето биполарна и одбива тоа (јавно) да го признае. На моменти мноооооооооооооогу е тешко. Ако некој знае со што си имам работа, јасно ќе му биде
E кај нас е друга ситуација, не дозволуваат во црква зошто нема документ, т.е. нема црковен развод. Зарем секаде е различно
Zdravo feminki. Vo vrska sum edna godina so decko mi. Poslednite 3- 4 meseci rabotime i na zabremenuvanje. Se sakame mnogu, a poveke me saka toj, barem po toaaa kako se odnesuva sprema mene. E sega ima eden drug problem. Jas ne sum bila mazena dosega a imam 34 godini a i decko mi tolku. Kaj mene doma se protiv vrskata nasa bidejki toj e razveden i ima dve maski deca( 7 i 9 godini ) i plus toa decata se kaj nego, bidejki negovata prva sopruga e nervno bolna i ne si gi saka decata taa da gi odgleduva, tuku samo povremeno gi zema na po nekolku dena. A napomenuvam deka decata pocnaa da odat kaj nea od koga pocnala da se lekuva, prima silni lekarstava pa malku i zdravstvenata situacija i e podobrena, a pred toa ni taa sakala da gi vidi ni pak decko mi planiral da i gi dade bidejki bila bolna. Razveden e veke 3, 5 godini i ne postojat nikakvi sansi da se pomirat. Napomenuvam deka decata mu se mnogu ubavo vospitani, za niv e toj avtoritet golem, mnogu go slusaat itn., a isto taka ima golema pomos od roditelite negovi koga e toj na rabota, gi cuvaat tie. Spremna sum da se omazam so nego i da ziveeme site zaedno, no odvreme navreme me faka strav kako ke bidi, dali ke imame problemi. Dosega ne sum pocustvuvala deka sum na vtoro mesto ili sum zapostavena, bidejki umee podednakvo da ni posveti vnimanie.Eve na primer krajot na Avgust ke odime na letovanje dvajcata, a na decata ke im plati toj da gi odnesat baba i dedo. Ne mu e bas seedno za toa no i toj misli deka jas nemam deca i normalno e da sakam prviot odmor da bidime sami.( neznam dali sum nepravedna vo ovaj slucaj , no razgovaravme i taka odlucivme) Najmnogu sto me vleci kaj nego e toa sto e mnogu dobar i odgovoren roditel, pa so samoto toa mozam da se potpram na nego i za naseto dete dokolku go imame. Pozdrav feminki i kazete nekoj sovet dokolku imate. - znam deka retko koj bi prifatil da vlezi vo vakov brak rizicen ...
По се` изгледа на нашиве простори понекогаш важи и онаа „Поблиску до црквата, подалеку од Бога.“ Како и тие да не знаат како треба па секаде различно...
Ќе си дозволам да ти дадам совет иако сум бааги помлада од тебе Зошто ризичен брак, кога самата си свесна колку е тој прекрасен човек и грижлив родител? Време е да престанеме да се грижиме кој и што ќе каже за нас! Велам во множина, затоа што кај нас уште е актуелно да се прави фрка околу тоа што ќе кажат роднините и пријателите Најбитна е твојата среќа и ако сето ова е вистинито што го напиша, не знам зошто не би стапиле во брак. Се надевам дека ти си подготвена да се грижиш и да ги сакаш неговите деца исто колку и твоето што ќе го имаш еден ден со него... Ако веќе бил еднаш женет, не значи секогаш дека не е добра прилика. Еве ќе ти дадам пример: Ако една жена се омажи и притоа бива малтретирана од сопругот со кој има деца - од причина што тој нема мозок во главата и ако утре таа се разведе, зошто оваа напатена душа би била помалку вредна од другите? Поздрав и секое добро.