Познавам една имаше врска од 3 год. и се договориле за брак , се земале и од првиот месец катастрофа, кавги , недоразбирање, тој ги слуша другите, едноставно таа беше како роб како некоја слуга. И кога таа бара да седнат да видат каде е проблемот зошто е тоа така, тој и вика не бе супер е, ние си немаме никаков проблем, и таа вика ќе се разведеме и тој како ништо не е си мислел ако ја земал таа добра и фина ќе биде така засекогаш ќе го трпи. Тој би идел надвор по 4-5 часа, доаѓа дома си јаде го полни стомакот , ќе си легне после и ужива си седи на телефон!!! а прв месец од бракот!!! а вика во врска се беше ок, имаше мн љубомора од негова страна. И почна тој да ја вреѓа пцуе се и сешто , еднаш ја удрил ???? знаете од што???? што таа никогаш не го искористела во ништо , што вистината во очи би му кажала, што имаше лом во душа да му каже?!! и што таа имаше желба за сигурен човек пред се и живот со деца со радост и спокој,,,, ама што кога тој е животно од човек!!! мене лично ми кажала се со солзи!! ете се разведе среќа нема деца. и нормално дека заслужуваат такви души втор брак,, никој не сака да му се деси такво нешто!! ама такви се луѓето денес и сопствената мајка ќе ја искористат..!! Бог да чува.кога викаат како не го приметила три години!!! денес со маски живеат 10 години а не 3.
Зошто да не? Секој заслужува втора шанса. Има многу парови на кои им било супер, додека биле во врска, но бракот е веќе сосема поинаква приказна. Факт е дека не е воопшто исто, да се гледаш со некој макар и секој ден по неколку саати, и да живееш со него под ист кров. И без разлика на причини, еве доаѓа до развод. Зошто тие луѓе да не заслужуваат втора шанса да бидат среќни и да го делат животот со некој, и најбитно да си имаат дечиња(доколку немале дотогаш)? И секако ова важи за оние кои сакаат. За другите, тоа си е нивна одлука.
Што не ви беше јасно првиот пат , мене не ми е јасно мала шала , кој како сака нека си прави , ако сакаат и по 3-4 бракови нека имаат . Јас имам баба од дедо братучетка и има 4 брака и 3 деца од различни мажи ,али живее Аустрелија а овде да беше ке беше осудувана од околината .
Ne vtor, nego I pet I pored da mi bide ako treba,samo chovekot da mi se pogodi kako shto treba ..toa si e lichno I personalna rabota..Ne treba toa nekoj sasvim tret da go zanima
A ti koga se mazese neli znaese deka ke bides majka pa decata se najmiloto nesto.Vo red e toa sto si isplanirala ama taka trebalo da bide da imate dete pa ako ne naluti mu se na deteto so se rodilo moz i ono ti e krivo.A plases se da se omazes po vtor pat oti neznaes kolku ke izdrzes koga ke ti dosade i od nego Ne e loso da razgovarate i da rasmisles sto ponatamu i jas sum mazena i mojot maz isbuvnuvase za se i sesto ama eden periot otkako go ostaviv skoro bevme i pred razvod sega mnogu e smenet i posmiren povtorno sme zaedno zatoa sto sepak imame deca.E sega kolku ke trae taa smirenost ne znam,ne mu dozvoluvaj mnogu da izbuvnuva utre nedaj boze i raka ke digne na tebe Pa vtor brak ne e nesto loso samo tesko se naoga covek za brak,za celosno razbiranje,ljubov.....koga veke prviot pat si se izgorel nemora da znaci deka po vtor pat mozebi ke bide podobro nikogas ne se znae
Мислам дека се зависи од тоа зошто се одлучуваме за брак, за развод, како ја сфаќаме љубовта.. Мора да бидеме многу претпазливи кога го одбираме нашиот сопатник за да не дојде понатаму до разводи, втори бракови или што ти знам таму.
Kolku i da pazes nemozes da znaes dali ke izberes nesto za cel zivot zatoa sto lugeto se menat ima slucaevi kade vo vska se im e ok a otkako ke se zemat se se smene se im e pekol, katastrofa i nabrgu se razvedat.A se bile u vrska so mnogu godini nekoj 11-12god toa e dolg periot i od kade nekoj ke si pomisle deka nema da bide se dobro kako sto im e bilo vo vrskata
DA Vtor, tret i koj bilo po red se dodeka ne se naleta na pravoto. Seriozno mislam. Deka ke najdete se vo edno pakovanje, nema sansa. Nikoj ne nasol ni pa vie. Sekoj ke bide poseben vo vasiot zivot i po nesto nezaboraven. Sansa ima sekoj i najvazno netreba da ceka da mu se dade, treba sam da ja bara i zeme. Davajte ljubov, drzete se za raka, poglednuvajte so pogled koj bara ljubov i spokojstvo i nebarajte opravduvanje od drugite.
Разведена сум , од брак не ми е страв ама за да влезам повторно во брак ке поминат години. Само човекот да ме сака , почитува , цени и гледа со очи полни љубов а не за една загорена манџа раце да ми крева.. Секој сака голема фамилија полна љубов ♡
Повеќето од вас советуваат да бидеме претпазливи при бирањето на сопругот, во право сте ако планираш брак со некоја личност колку и да си заслепен од љубов мора да бидеш претпазлив. Но бракот е поразличен од врска, во врската секогаш постои страв дека партнерот може да биде изгубен, а тогаш си мислиш дека без него не можеш....во брак се чувствуваш многу посигурно, односите кај повеќето се губат...како и да е... ЗНАМ дека секој заслужува втора шанса, па и повеќе зошто да не? Еднаш се живее луѓе, криво ми е кога ќе помислам дека некое невино суштество го дава на дланка животот на мајмун кој не заслужува, се ежам од помислата... И најважно од се во било која и да си ситуација, најважна е подршката, роднина, родител, пријател....било кој и да е, подршка нека е.
Да живееш со некого, да ги прифатиш неговите добрини и мани, и притоа да се обидете да не се смените како личности е предизвик.Врска е едно, брак е друго, ако со некого идеш долго време, не можеш ни во врска,паа ни во брак да ги дознаеш сите доблести и мани.Взаемно почитување, решавање на проблеми, сослушување...Ако човекот те почитува,сака, има раазбирање.Секој има мани,боже мој, од многу чекање да дојде принцот на белиот коњ,да не доојде само коњот на крај.Затоа не чекај,што би било ако...тоа нема..ИЛИ што ќе речат комшиите...аако е така не треба да се живее веќе
Zdravo nova sum ovde pa sakam da prasam nesto.Ja sum razvedena veke 5 godini se razvedov radi semejno nasilstvo nad mene i moeto dete.Staratelstvoto pripadna kaj mene tatkoto go gleda ednas vo dve sedmici samo i ne e voopsto odgovoren,ne plakja redovna alimentacija veke se pomiriv so toa i koga isplakja ne isplakja se.Imam dolgogodisna vrska so decko mi toj poveke i se grizi za moeto dete od tatko mu koga e ovde ama toj e nadvor od Mk raboti naporno vo stranstvo i tamu zivee saka da se zememe neznam sto da pravam i saka da ne povlece kaj nego i mene i moeto dete kade treba da se obratam i ke mozam li da zivejam tam.Kakvi se procedurite dali mora i toj soglasnost da dava zatoa sto za pasos mi dade soglasnost Centarot za socijalni raboti bidejki toj ne davase vo nikoj slucaj.Pomos ako moze od nekoj...Blagodaram odnapred..
Се најдов и јас да коментирам на темата под сплет на околности. Мислам дека настрана од теоретско размислување како би функционирало живеење во заедница со потпис на хартија по втор пат, сепак останува единствено искуството на поединецот. Повеќето разведени евентувално повторно влегле во врска и речиси никогаш не останале сами до крајот на животот. Мислам дека за некој кој веќе минал низ искуството не е така лесно да се фрли в оган по втор пат. Повеќето се со резерва кога станува збор за официјализирање по втор пат, болниот процес за развод, лошите искуства па и полетниот оптимизам кој секако некако бил присутен на почетокот на првиот брак, врска претходно. Дали заљубеноста била фаталната грешка која не навела на носење погрешни одлики и е виновна за статусот денес ? Дали искуството ќе се повтори и зошто да се зема на ризик ? Дали секогаш вреди ? Тоа се барем и дел од моите лични дилеми и причини зошто евентуално би се согласила да живеам во заедница по втор пат, но не и во официјален брак. Но, заради истата таа резерва, постојат втори бракови кои се доста успешни. И секако постојат ликови кои бракот не го третираат како once in a lifetime и си имаат по два и повеќе бракови, како да е небитно. Не дека осудувам, ама дали се тие лабилни личности кои повеќе од еднаш ја нашле љубовта на нивниот живот ? Или се несигурни пред себе во врска со ставот околу моногамијата, имаат лични неразрешени дилеми и фалинки во карактерот? Дали се вечни оптимисти ? Или евентуално, едноставно несреќни во љубовта ? Да се надолнам, како и за самиот развод во Македонија има типични предрасуди и стереотипи каде не постои начин да се коригира грешка од минатото. Не задолжително грешка, ама животен влог со непревидливо лош исход. Ако евентуално се решите за развод па за втор брак , како потенцијално општо рурално земено, овде изборот станува тесен и мора партнерот за втор брак да ви биде исто разведен, препорачливо вдовец. Тоа се стереотипи по кои не се водам. Почесто себеси се идентификувам како слободна, него како разведена, меѓутоа не кријам дека сум била во брак. Ако изберете партнер кој веќе бил во брак, a самите вие не сте биле, треба да се подготвите на неодобрување од семејството и осуда од општеството. Ко да е нешто битно.
Никогаш не можеме да знаеме што ќе ни се случи "утре". Секој заслужува да си ја најде среќата. Лично, не знам дали би се премажила... не сум тип кој има надеж... од друга страна сега со дете поинаку размислувам, гледам нејзе да и угодам, ама, ако ми се случи љубов, верувам ќе сакам да ја крунисам. Затоа викам, никогаш не вели никогаш.
Јас се разведов. Ако тоа можеше да се каже брак. Само документ беше. Од таму имам едно дете. Сега втор брак, и живот од соништата. Жена и уште едно дете. Среќа. Животот после се продолжува
Зошто да не? Животот се случува за сите, па и за оние со неуспешен брак зад себе. Правото на избор и одлука е индивидуално, а среќата во вакви околности е неприкосновено чувство што или се достигнува или се бара друга форма на животна исполнетост. Разведена сум две години и немам дете. Од бракот имам искуство претворено во долга лекција. Од оваа перспектива си давам време себе си без конкретни планирања и одлуки, едноставно ако се случи. Не би да откривам ништо повеќе. Се во свое време...
Ако се најде вистинската личност и тоа како ДА. И многу ме нервираат тие стереотипи, не сум се извалкала, не едино разведен ќе ме сака, не ако сакам слободен нозете пошироко од чергата си ги пуштам. Затоа со сите сили ќе се трудам да најдам постојано решение надвор од границиве на нашава ми ти Недојдија Беспаќовска. И тоа категоризирањето на веќе разведените во класерот оштетена роба ми е толку дебилно размислување и само ми дава до знаење дека простиот и игнорантен народ потсвесно сака да биде измамен. Одаамна веќе у брак не се губи невиност, ако више и овој критериум ви е битен за разгледување. Комедии. Извинете, по кој основ разведените се различни? 1) Шо сум ја поразлична од колешка шо идеше на одмор со дечко од 15 години? 2) Шо сум ја поразлична од другарка шо живееше со 3 едно по друго? 3) Шо сум ја поразлична од пријателка шо напраи хименопластика пред брак? Шо сум потпишала некој лист? Или фактот шо овие три имале повеќе мажи во животот од мене? Што ни ова последново, апсолутно не ги категоризира во подобри/полоши. Не дека некој многу сака да бира, да менува, и слично. Започнување врска, запознавање колку да е убаво и возбудливо донекаде е и стресен период. Пред некој ден имаше едно другарче се чудеше зашто не може да најде сериозна врска/жена и вие го советувавте (како шо би го советувала и јас) ама на одредена возраст на некои им се стемнува од упознавање, излегување, поврзување, бла бла бла, си сака брак семејство и тачка. Не мењаме онака од убајни. Од убавина никој не избегал. Отсекогаш сум била со овој став и како девојче и мажена и сега. На таа храброст официјално да ставиш крај на нешто во коешто доволно си верувал за да се потпишеш во матично, нормално дека заслужуваш среќа. На сегашниов партнер од прво гледање му кажав викам ако си од оние шо сакаат во илузии да живеат, да си го допиеме кафето другарски и да се поздраиме. Он ми рече ако се разделиме нема дефинитивно да биде поради нешто што си преживеала туку поради некомпатибилност во карактери и очекувања. Ми рече и ова, баш ме замисли, „луѓето честопати повеќе гледаат што си преживеал отколку каков си, затоа има и толку разводи по мое. Јас не сакам во илузии да живеам, да давам претпоставки за карактерот твој според она што си го преживеала. Сакам да те запознаам преку она што го живееме и ќе го доживееме.“
Во право си, може да има ситуација една жена во животот два пати да е разведена и да имала двајца мажи, а друга жена еден брак, а тројца мажи. Исто е и кај мажите, еден брак, а швалерка настрана. Луди времиња.
Сметам дека секој има право повторно на среќа после пропаднат еден брак. Еве конкретно јас сум во ситуација каде што мојот партнер бил веќе женет и има две дечиња. Се оженил на 19години, младост лудост,ама тоа не значи дека нема право пак да биде среќен и да се ожени. Имам другарка исто се омажи ,роди и се разведе се во рок од 2 години, сега има 28,секако дека ќе сака понатака пак брак ,партнер,семејство.Нема на овие млади години да се откажува од животот. Јас сум дете од 4ти брак па што. Секој има право да прави како си сака.