Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Втор брак ДА или НЕ?

Дискусија во 'Брак' започната од nesa, 2 септември 2010.

  1. Brunhilde

    Brunhilde Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    31.064
    Пол:
    Женски
    Секој заслужува да е среќен.
     
    На Justicija, Alisa22, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.367
    Допаѓања:
    20.608
    Пол:
    Женски
    Зошто да не секој има право да биде среќен.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lostinparadise

    Lostinparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    2.030
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против. На кој како му е убаво нека прави ;)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. butterflu

    butterflu Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Zavisi zosto zavrsil prviot brak
     
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Кога партнерите се разведуваат, а од тој брак имаат деца, фокусот треба да биде ставен на децата прво и со што тие се чуствуваат комфорно прво. Особено ако станува збор за повозрасно дете кое веќе разбира.

    Јас не би прифатила нова персона во семејстово никогаш. И кога би била, ако би била некогаш, во таква ситуација, децата ќе ги ставам над моите потреби.
     
    На anaja1, Nigredo Odor и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    3.770
    Пол:
    Женски
    Разведена си? Мислам дека не е проблем за децата ако родителот е среќен со новиот партнер. Децата се секако најбитни, ама ти треба да го најдеш партнерот за тебе, а да биде и фин со нив. Премногу табуа во државава, а 50% бракови разведени. А повозрасно дете секако ќе те разбере. Поз
     
    На KuklickaSk и poenta им се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Не сум разведена, не дека тоа е важен фактор тука.
    И не се согласувам дека повозрасно дете ќе разбере.

    Не се работи за разбивање табуа, а за одлуки, последици од истите и човечки животи се во прашање.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.643
    Допаѓања:
    18.983
    Пол:
    Машки
    Да и јас така како тебе размислував, ама мене ме остави сам, без никаков збор, да го чувам моето помало братче (кое е аутистично), и да ме врзи дома да не можам да излезам и поминам времето со моите другари и слично, а истовремено и да учам за на факултет, а да не заборавиме за болката и шокот што го добив моментот кога дознав од друга личност дека го оставила татко ми, а истовремено и мене и брат ми.


    И простив и си комуницираме, ама колку и да сакаш не е е исто....
     
    На Lady Maria и Ostaveniot им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Се соласувам со Сноу.
    Во ред е родителот да продолжи со љубовниот живот, но тоа да се одвива надвор од видикот на децата, и да не бидат никогаш доведени во ситуација да патат поради родителските нови партнерски избори што е многу чест случај денес.

    За жал другиот партнер никогаш нема да ги сака вашите деца. Можеби ќе ги почитува, но да дарува љубов и да мисли за нивно добро не. Децата не се предмет, туку живи суштества и секогаш приоритет.
     
    На Alisa22, shz и Snow-Star им се допаѓа ова.
  10. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    80.894
    Не смееш да генерализираш.Во ред е да изразиш субјективен став,но не и да генерализираш.
     
    На Sejfullai, Ostaveniot, dayla и 5 други им се допаѓа ова.
  11. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    3.770
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е чест случај. Секако секој има право на избор, по втор или трет пат.
     
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.045
    Допаѓања:
    55.389
    Пол:
    Женски
    Зошто да не? Секој заслужува втора шанса за среќа.
    Децата се битни секако, но нема да бидат зависни од родителот засекогаш. Ќе имаат свој живот еден ден, и родителот кој останал сам заради нив може да се чувствува осамено и да се кае за тоа што не си дал втора шанса за среќа, а сакал. Јас така гледам на ова. :)
     
    На christinnn, Ostaveniot, GirlRose и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Објективен е, не живееме во бајките. Поголема е веројатноста ако имаат ќерка адолесцентка нивниот партнер сексуално да ја перципира отколку да ја гледа како девојка во развој на која и треба помош и родителска љубов. Жал ми е ако не ви се допаѓа, но многу често таква е ,,машката" психологија само никогаш не би зборувале отворено за тоа со општеството и партнерката.
     
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.355
    Пол:
    Женски
    Тоа може истото да се рече и за маж што има син па девојка му така да гледа на син му. Зошто одма жената жртва автоматски ја правите не ми е јасно.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Многу малку личности постојат кои навистина ќе се заинтересираат за деца кои не се нивни, но секогаш тука ќе постои некоја доза на резервираност, дури и кај тие малкуте, секогаш.
    Можеби и ќе бидат сакани до одреден левел, почитувани, згрижени итн., ама на крајот се почнува и завршува со фактот дека тоа дете(или деца) не е(се) негово(/ви) и некои линии се повлечени.
    Што е норамално, за подобро функционирање на двете старни, но сепак не секогаш го дава комфорот кој му е потребен на некој.

    Всушност се' тоа звучи супер океј, ако се случи нешто со партнерот, пробај повторно, биди среќен, не треба човек цел живот да се биде сам, доаѓајќи до "децата ќе пораснат, ќе сфатат, ако не се океј, ќе се помират со ситуацијата со време итн. итн."... ама не секогаш е така.
    Тврдам, и сум пример за горе наведеново.

    Немаше шанса од сам почеток и за двете кхм трите страни.
    Али уатр андер д бриџ.

    Поентата ми е, размислете подобро за потребите на децата после разводот, особено ако во сликата се доде и трета непозната.
    За да се избегне точка од која нема враќање.
    Тоа е се'.
     
    На Nigredo Odor и anaja1 им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    179.187
    Многу ми се допаѓа како резонираш на разни теми ама овде ќе се согласам со @Ordinary . Можеби дека перцепцијата не ми е базирана на мк искуства и предрасуди. Ако некој се развел, од какви и да е причини, зошто не би требало да се стреми кон барање и наоѓање на среќата/животниот сопатник по втор пат. Грубо да апроксимирам, скоро 50% од луѓето во моето опкружување се во втор брак, формален или неформален. Децата на партнерот се прифатени како свои, нема твоето и нашето дете, двете се наши ако живеат во заедничко домаќинство. Може до менталитетот е.
     
    На Ordinary и LiliBoz им се допаѓа ова.
  17. Ostaveniot

    Ostaveniot Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.907
    Пол:
    Машки
    Нема да мисли за нивно добро? Абе ајде.|(
     
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Нема потреба да се носи темата во друга насока но, ќе ти одговорам. Затоа што жената е секогаш потенцијална жртва статистички евидентирано. Малку сексуални, вербални и физички семејни насилства сведочиме на дневна база од страна на мажи? И од родители и од очуви и од старатели, нема правило. Но, сега зборуваме за факти, не хипотеза.

    @Ostaveniot

    Не е воопшто генерализација доколку се каже дека луѓето се денес себични. Алтруизмот е во потполност непостоечка вредност и секој претпочита сопствен интерес. Незалудно процентот на жени кои стапуваат во брак со разведени мажи кои имаат деца е поголем, наспроти мажи кои се одлучуваат на ваков чекор. Мажите ретко имаат љубов и одговорност кон децата. Биолошка инфериорност не е во прашање, повеќе е менталитетот како негативен фактор причина и лошо етаблираните односи од минатото.

    @Biljarkata

    Однадвор може да делуваат како совршено семејство, но бројките (повторно статистиката), зборува дека неретко децата живеат во дисфункционален амбиент исполнет вербално насилство. Не мора секогаш да е очувот предуслов за нивните можни психолошки проблеми, но често е. Што значи, ваквите аранжмани со причина спаѓаат во ризична категорија за нашите општества и се потенцијална несигурна средина за децата.

    Патем, никој во потполност не ја забрани љубовта како човекова интеракција која родителот дефакто може да ја продолжи после разводот или смртта на првиот партнер, само рековме дека децата треба да се приоритет и да се размисли дали родителскиот партнерски избор е најдобар и е во сооднос со семејните потреби - потребите на детето доколку се во план да креираат заедница. Најдобра солуција во случајов можеби би била родителот да ја држи што е можно по на страна сексуалната врска/врски од очите на детето ако процени дека другата страна не го сака или прифаќа детето. Проблемот е што често родителот за да не ја загрози сопствената среќа и шанса за реализација на љубовен план потсвесно го занемарува негативните особини на партнерот, и кај детето потоа се јавуваат низа проблеми.

    Исто така, не знам дали сте забележале но, многу често децата после навршување на седумнаесеттата година од животот ги напуштаат домовите доколку живеат со очув/маќеа. Зошто е тоа така постојат илјада причини и одговори, но нема да навлегуваме во истите. Дали поради негрижа, злоуставување, тинејџерска бунтовност не е важно.

    Важно е дека не ги напуштиле домовите од убавина, или само затоа што станале полнолетни, психо - физички изградени личности подготвени за ,,полет", туку тука има една многу посериозна позадина вредна за согледнување и дискусија.
     
    Последна измена: 19 октомври 2019
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.104
    Допаѓања:
    87.911
    Пол:
    Женски
    Од мое опкружување познавам семејство кое се формира со донесени деца,таткото 2 деца(3 и 2 год.)по смртта на сопругата и мајката/маќеата едно на 3.
    Денес децата имаат околу 40 год.
    Маќеата и очувот беа мама и тато за сите ,максимално посветени и семејство кое и денес иако сите си имаат свои семејства си организираат заеднички летувања.
    Нигредо.
    Не можеш да тврдиш дека другиот партнер нема да ги сака и да се грижи за донесените деца, постојат многу примери кои би те демантирале.
     
    На Dadusicka, cresa-jagoda, jarec6 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    10 функционални семејства со очуви и маќеи наспроти 100 дисфункционални.

    Знам дека често не се согласуваме низ темите, се разидуваат нашите гледишта, но кажи ми дали тоа едно среќно семејство може да ја засени несреќата на десетици други? Дали вреди ради тие неколку добри да ги негираме фактите и изолираме десетици други кои не чинат, а секојдневно ги читаме во категоријата криминалистика како облици на психолошка, сексуална и крвна девијација?

    Едит: Дури и биолошки (генетско) поврзани семејства. Ова со очувите/маќеите е екстрем, и ради темата се споменати како "bad influence" во highlight.
     
    Последна измена: 19 октомври 2019