Побара наше мислење и став за ситуацијата со која се соочува. Сигурно е спремна да прочита секакви мислења, добри и лоши, позитивни или негативни. Тоа што го кажа членот погоре вооопшто не е навредливо, баш напротив јас би го издвоила како еден од најискрените и најреалните коментари кои може да ги добие девојката. Не е во ред тоа што го пишуваш.
Далеку од тоа дека децата ќе го пополнат местото на починатата, но ете - според она што го знам е дека навистина многу ја сакал. Ама ете, си продолжил човекот. Секој за себе, лично ќе си увиди за што / како е спремен. Лично јас не поддржувам втор брак.
На почетокот сите се прифатени. Тоа е лесното. Прашањево е што е со прифаќањево понатака? И тука сигурно нема да ѝ пишиме коментари во розови облачиња. Ако некој/а побарал/а совет, нека си биде спремен/на да си прочита различни коментари. Барем така е ферски.
Знам неколку случаи. Првиот,не се омажи никогаш повеке, сама живееше со ќерката која беше бебе кога почина нејзиниот сопруг,а таа имаше 26. Сега има 40 и уште е сама. Вториот случај,остана вдовица,после 5 год.сретна нов човек, новиот партнер го прифати нејзиното девојче па им се роди и синче,15 год уште се во среќен брак. Ја подржаа и родителите на првиот сопруг. Животот за живите продолжува и потребна им е и љубов и партнер. Но и возраста е битна.
Не поддржувам втор брак ако се случи наскоро после смртта. Сепак си бил/а со човекот на твојот живот и големо непочитување е кон неговите и народски кажано ќе се превртува во гробот поради тоа. Дајте нека помине малку време, да ти избледее болката, да им се смири гневот и лутината на блиските околу вас. Но сепак животот продолжува, ти треба љубов и поддршка од некого. Спомените и раната останува за цел живот, ама имаш право да се потрудиш да бидеш среќен/на. Има многу примери околу нас во оваа ситуација ама се зависи од луѓето. Маж после неполни две години од смртта на сопругата се прежени со друга, низ муабет ја спомнува често ама ниеднаш не и отишол на гробот(ниеден мртвен,роденден,спомен). Значи после толку години брак ниеднаш, ни тој ни децата. Втор пример, сопругот умира после месец од свадбата. Сопругата е млада околу 25, остана да живее кај свекорот и свекрвата. Тие ја убедуваа да продолжи понатаму со животот, нема да се налутат и да се премажи ама таа несака. Може поматаму ќе се предомисли ама веќе 3 години сигурно живее таму и е без партнер.
Баба ми, по татко, остана вдовица на едно 25/6 години, со две деца. Извесен период сама се бореше за нив ама покасно се премажи со маж, исто вдовец, со веќе возрасни деца. Ради разлика на возраст кај децата татко ми и чичко ми со (полу) сестрите не беа блиски пошто веќе заминати од дом беа тие. Ама дедо ми беше многу добар чоек и ги изгледа ко свои. И до негова смрт баба ми живееше со него и се сакаа и јас многу касно дознав дека уствари не ми е биолошки дедо. Ама во срце секогаш ќе ми биди дедо. И тоа во мал град живееја, воопшто никој немаше лошо мислење пошто си нашле партнер после смрт на сопружник. Напротив, и тие и околината беа среќни дека тие беа среќни. Мислам дека ако некој сака, и треба да си најди партнер. Сепак, не мислам дека секој ја чувствува истата потреба за тоа и во секој случај треба да се почитува сечија одлука.
Зошто да не? Животот продолжува понатаму. По смртта на мајка ми, татко ми не се прежени. Не сакаше да донесе друга жена. Ни тетка ми не се премажи по смртта на тетин ми. Кој сака треба да си најде партнер. Си треба друштво.
Ако умрам сакам маж ми да си најде друга и да е среќен со неа..посреќен него ли со мене што бил. Ма најсреќен маж да е на светот Од друга страна гледано, јас мислам нема да можам да се премажам.. партнер може да имам ама маж не. И онака не придавам значење на таа хартија, ама кога веќе сум се потпишала - тоа е тоа за мене. Што не значи дека не би си барала животен сопатник..само не и сопруг
"Маж после неполни две години од смртта на сопругата се прежени со друга, низ муабет ја спомнува често ама ниеднаш не и отишол на гробот(ниеден мртвен,роденден,спомен). Значи после толку години брак ниеднаш, ни тој ни децата." Многу ја сакал човекот додека била жива
Прво да не се сватиме погрешно,девојкава велит имам 23 год. мало бебе и вдовица сум.. Значи по мое нејзиниот сопруг е сега брзо починат и таа веќе нашла друг со кој планират иднина?? Е сега во тој случај прашање да и поставам: Кога успеа толку брзо да го запознајш,да го засакаш и тој истиот да те прифатит со мало бебе од 1 месец ако не грешам??? Значи јас лично ова не го прифаќам и ваквата постапка ја осудувам!! Разбирам дека е млада и дека и требит друштво и љубов и поддршка и секое нешто ама дај прво нека поминит одреден период,година,две,пет па после прај шо ке прајш никој ништо не ти велит!
А зошто воопшто е пресудно времето? 1, 2 или 3 години, тоа е само време. Болката е болка и денес и за 30 години.. Еве јас маж ми нема да го преболам никогаш, не значи дека после 5 години таа ќе го преболи.. Ниту пак значи дека веќе го преболела, ако најде друг.. Едноставно животот продолжува и ако девојката сака да си има животен сопатник со кого ќе го одгледува детето и ќе живее во заедница исполнета со љубов, тогаш треба и да си најде. Џабе чека 5 години ако е несреќна, а со тоа го осудува и детето да живее до 5 годинки со несреќна мајка на која секогаш некој и е крив и е цело време тажна
Маж и починал кога она имала 23 г, а бебето 1 месец. Не дека сега има толку. На темата- прави како што чувствуваш дека треба. Сосема е во ред да продолжиш понатаму со животот.
Животот продолжува. И сосема е нормално да се најде сопатник/партнер. Но како што разбрав бебето има само еден месец. Премногу е рано и тазе за да се склучи брак. Посебно за фамилијата на починатиот. Бидејќи бебето е еден месец сметам дека е многу рано.
Добро луѓе читате ли вие што пишува? Едит- И разгледав на девојката по мислењата. Пред година и пол починал сопругот.
Само ако е спремна. Јас бев во врска со вдовец неколку месеци, не беше спремен ама не ми кажа. Имаше поминато време, и баш се испонаша сељачки као не било времето погодено, а во исто време се гледаше со други, па после и се венчал. Така да, све е до човекот, ако е спремна нека го праша дечкото дали и он би прифатил. Чисти карти ради детето.
Не знам на темава искрено, баш ме замисли откако ја видов, зошто е ептен тешка и со дечко ми дури зборев на истата, сакав да видам како размислува и он и имаме слично речиси исто мислење. Да се разведам секако дека ќе си продолжам со животот без размислување. Друго е, знаеш дека љубовта ја снемала, не си одговарате, сте се развеле и си продолжувате со животот. Ама да почине и до вчера сме се сакале и сме биле заедно...нема да ми е лесно да продолжам и да сум со некој друг. Мислам дека нема да сакам да ги расипам споменот кон партнерот, а поготово ако имам деца, јас ете на пример не би се осеќала убаво моите да имаат нов партнер ако се случи да почине едниот, може е себично ама ете не ми изгледа убаво... За мажење втор пат во ваква ситуација мислам дека не би се мажела со сигурност. А да имам онака партнер некој и тоа не знам. Како човек што премногу се поврзува и премногу сака, а верноста му е нешто најбитно, не би можела едноставно да сум воопшто со некој друг...