Не сум против а и зошто некој би бил против уствари, секој човек си знае што е најдобро за него. Доколку смета дека би бил среќен со некој покрај себе why not, зошто да се осуди на вечна осаменост. Читам у темава некој пишал како после година дена членката нашла друг партнер, као демек има одредено тачно време после кое ти е дозволено да најдеш друг партнер, малограѓанштина
Мајка ми не се "осуди" на тој чекор, иако остана без татко ми на 33 години, иако има/имаше потполна поддршка од мене и брат ми.... Да си се омажеше повторно полесно ќе и беше во животов.... Ама тоа е
Прекинете да зборите за верноста! Не го изневерува починатиот сопруг ако продолжи со животот. Како не ви е некогаш срам да се криете под маската на "јас сум предобра, верна, премногу сакам и се поврзувам" пошо она може била сите тие работи. И на крај мислам дека сите се премногу самоуверени во изјавите дека никогаш не би биле со друг. Тоа не можеме да го знаеме, а факт е дека луѓето најчесто продолжуват со животот, што и треба. Немој непродолжувањето со живот да го маскирате како љубов, толку бев заљубена што никогаш не можам да продолжам со друг. Тоа не е љубов, тоа е психолошки проблем и луѓе одат на терапија ради тоа. Постои нормално жалење, нормална тага, и постојат проблеми кои ги продавате како "јас тоа од љубов".
Јас реално не би можела, но сепак е индивидуално, секој има право на среќа, и ако тоа е друг партнер е во ред. Меѓутоа како што прочитав една година е мал период за таква работа, не дека треба години да поминат, но според мене сепак е мал период, и таквата одлука би ја препишала на нејзините години. Како и да е бидо среќна и со Господ напред.
Па ја за себе си кажав мислење и како ја би постапила. Секој има право за својот живот да си одлучи ако си е среќна нека се премажи, која сум ја да и кажам да не се мажи пак. Нема што да се тригнернувате толку за џабе од едно мислење во кое за себе си зборев. Не се грижи немам маска зад која се кријам, не ми е потребна.
Тоа е сосем нормално според мене, посебно за постари луѓе. Во животот неможеш сам, во тие години е потребен пријател, да имаш со кого да сврзиш два реда муабет и кој да ти подаде чаша вода
Не се чуди. Знам за случај кај што мажот се ожени со друга после неполна година од смртта на сопругата. Немаа деца.
Тоа е лично право на девојката од погоре Сака после месец сака после година сака после десет години а може нема да сака да се омажи никогаш и јас помлада коа бевсе раав дека после мрт неа да имам друг партнер као верна до гроба ама не било така Како растеш созреваш паѓаат тие розеви наочари и ледаш дека е поинаку така да секој нека си праве како со мисле дека треба ако згреше се изгоре она ке се изгоре не ние ако и е убаво и погодено на неа ке и убаво затоа оладете
Така нѐ научи општеството, да го ставаме акцентот на моногамните романтични врски, и со егото да си припишуваме своина (да мора да се има љубовен партнер), кој себично и ,,верно" треба да се чува. Реалноста е дека не мора, и сосем е легитимно ако родителот одлучи да го посвети животот исклучиво на децата по разводот/смртта на другиот родител, ако тоа го прави среќен. Секако, под услов таа грижа да не премине во гушење.
Еве да се појавам со образложение зашто се одлучув на таков чекор толку краток период после смртта на маж ми. Заминав во странство после 8 месеци од погребот, сосема случајно и непланирано се запознавме, се пронајдовме како карактерно така и со слична животна приказна. Поддршка кон мене и целосно прифаќање на моето дете имаше од сам старт. Што значи под прифаќање - менување пелени, хранење, готвење, заеднички игри, бањање и целосна грижа за моето дете. Исто така и финансиска поддршка откако се вратив во мк, бидејќи како самохрана мајка со 9000 денари помош сама во нашата македонија не можев да опстанам. Поддршка имав само од него и ваму таму од моите. Од другата страна, свекорот и свекрвата, немав никаква помош, освен ако не сметаме за помош две три чоколадца и едно млеко кога го носев детето кај нив. Во целиот тој период со него јас не го преболев, заборавив или отсакав маж ми. Само научив да живеам со тоа дека него веќе го нема. Одам на гробишта кога можам, често го спомнувам, го мислам. Никогаш на моето дете не сум му рекла за мојот нов партнер у стил еве го тато и слично, секогаш го бикам по име, што е и многу нормално. Поентата ми беше дека на моја возраст, искрено што се вика никогаш не сум знаела сијалица како да сменам, многу ми дојде од помош да имам некој што ќе може да го врши тие т.н. машки работи. Меѓу нас има почитување, разбирање,, договор и љубов. Тоа ми е целата поента со отворањето на темата, затоа и сакав да слушнам мислења и искуства.
Не се мисли, млада си, ќе си родиш уште деца. А свекорот и свекрвата доаѓаат ли кај вас? И нив им е тешко, ама барем да се грижат за тебе и внучето малку нема да им штети, таткото живее преку детето. Имаш поддршка од нас тука.
Не доаѓаат, ниту они ниту девер ми. Еднаш во две недели ќе се јават да прашаат кога ќе дојдеме кај нив и толку. Фала на поддршката
Gledaj da ste srekni so deteto ic ne se zamaraj koj so i kako mislis i zboruva tvoj zivot tvoe pravo kako ke go zivees. Soprugot nemozes da si go vratis no ti ostanuvaat spomenite od vremeto so nego i detenceto. Vi posakuvam da imate sreken i ispolnet zivot.
не р исто кај жените и кај мажите оваа ситуација. Свекор ми е преженет меѓутоа со претходен развод на "свекрва ми", не е вдовец. Има и 3 деца од тој брак. На прашањето што му требало жена и толку деца одговара дека на старост кога син му (маж ми) ќе порасне некој ќе треба него да го гледа. Р за жена тоа е друга приказна. Жена се и сите ќе ги изгледа ама не и себеси,на крај за неа не ќе остане ништо. Многу различна ситуација. Еве и јас се сметам за личност која не можам да донесам или да појдам кај друг маж,посебно со децата. Не можам да им наметнам да живеат со "туѓ" човек. Не можам ни јас. А сепак заслужуваме,секој заслужува партнер и да си продолжи со целосно исполнет живот. Познавам една жена,девојка - 30 тина години. Пред 3 години го загуби сопругот, беше мајка на 10 месечно бебе. Да не чуе за друг. Живее со свекрва и свекор. Не ни планира да оди од тука.
Postoi period na taga koj e individualen za sekoja I site razlichno se spravuvame. Kolku e pomlad chovekot I decata se pomali treba da se vrati pobrzo na normalniot zivot. Podobro e decata da ziveat vo normal no semejstvo Od kolku so depresiven roditel ili roditel koj ke menuva partneri ne sakajki da se premazi ili prezeni poradi x prichini.Vo kolku IMA razbiranje I ljubov so nov chovek trebala da odi zivotot ponatamu.Polesno I poubavo e zivot vo par. Mrtvite ne mozeme da gi staneme.Spomenot ostanuva no ne e neverstvo ako se obideme normalno da ziveeme. Na 23 god da zivee so negovite ili nejzinite roditeli nosejki crno do grob ne e normalno . Dete da raste vo takva sredina tazno e.
Еден автор на времето кога му починала сопругата ја објавил најубавата и една од неговите најпознати збирки поезија, од тага и болка. Кратко време по тоа (некои велат дури две недели), се преженува со жена којашто ја запознава на погребот на сопругата. Нема правила ваљда.
Според мене секој има право да одлучи како би сакал да продолжи со животот . Секој различно го доживува тоа и не е мое ниту право на никого да одлучува дали е за многу брзо или за многу подолго време .
Нема никакво правило за тоа дали треба или не треба втор брак на вдовец или вдовица. Јас искрено сега мислам дека не би можела да се премажам, но никој не знае што ќе ни донесе утрешниот ден... За мм сигурна сум дека би се преженил во таква ситуација. @detelinka123 жал ми е за твојата загуба. Но твојата одлука е само твоја и додека мислиш дека така е најдобро ич не се замарај со тоа што ќе кажат "комшиите" дали било брзо или не тоа е твое. Болката и тагата никој нема да ти ја земе, но животот оди напред и маж ти сигурно би сакал неговото дете да расте со некој кој ќе се грижи за него. Ви посакувам долг и среќен живот понатака.