1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Втор брак на вдовец/вдовица

Дискусија во 'Брак' започната од detelinka123, 20 август 2019.

  1. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против, секој има право да биде среќен, но не по секоја цена.
    Познавам луѓе (и мажи и жени) кои си го оставиле детето кај баби и дедовци затоа што новиот партнер/партнерка не го прифатил.
    Тоа е тежок дебилизам, никој не е побитен од сопственото дете.
     
    На baby-star, stetoskop, candy.cane и 9 други им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.963
    Татко ми почина неколку години по мајка ми, не знаејќи што со себе, се разболе од ретка болест. Звучи романтично што ете не се прежени, буквално овена без неа. Ама отидоа двајцата во гроб пред нивни 45год., а камо да успееше да продолжи со животот и да најдеше некоја друга. Уште ќе го имавме бар него.
     
    На Lacibube, mal.ecka, happygirl и 14 други им се допаѓа ова.
  3. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Дали некој ќе се одлучи на втор брак првенствено зависи од околностите ,па потоа од самиот ментален склоп на личноста и од тоа колку е спремна сама да се бори низ животот.

    Ретко кој маж останува да ,,доседи" у жал за починатата сопруга и за нив секогаш е она:кутриот,нема кој да го испере,да му зготви дрн дрн јариња |( ,додека од жена вдовица се очекува ,,да гледа куќа" ...ама тоа е само народ и уста никад нема да им се затвори па дали она стапила у втор брак или седнала кафе да пие со некој си таму братучед од 5 колено -ќе и се пушти муабет секако |( така да ,што и да се одлучи ,само напред (fingers)-за народ не се живее.

    И уш нешто ,кој како сака нека сфати ова -не секогаш може да се долови правата слика дали личноста има партнер или нема ,баш ради таквите злобни јазици и хушкање од страна .

    Има едно место у срцето ,со доживотна љубов и почит кон починатиот партнер и тоа место никој неможе да го превземе ... само што ,ете,прост народ неможе тоа да го сфати и разбере ,а и немора .
     
    На MoiMadame, LiliBoz, poenta и 31 други им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.754
    Допаѓања:
    72.664
    Пол:
    Женски
    Браво за мислењево :clap: Јас неможам да ги сфатам како даваат коментар воопшто дека би можеле и не би можеле (facepalm)

    Животот оди понатаму, треба да бидеш среќна @detelinka123 Ако ти мислиш ве прифатил, се разбирате, се сакате, треба да си дадете шанса. Ви посакувам се најубаво, дај боже само убави работи да ви дава животот понатаму :hug:
     
    На mal.ecka, Milobebence, zalosna и 6 други им се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.754
    Допаѓања:
    72.664
    Пол:
    Женски
    Дедо на маж ми, сопругата ја изгубил на 50тина год... по некоја година запознал друга и до 83 год беше со неа, се додека не почина дедото. Ептен беа мили, си се дружеа, одеа на одмори заедно, на бањи, шетаа, едноставно не беа сами, беа среќни :)
     
    На candy.cane, mira.mira, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  6. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    По смрт на едниот партнер,другиот треба да најде сила да продолжи понатаму со животот.Ако се премажи/прежени не е дека не постоело љубов кон претходната личност,иако така се гледа на целата работа од страна.
    И да секој му треба некој со кој ќе сподели добро и лошо.
    Постарите генерации се поинаку воспирани,и затоа ретко наоѓаат нов партнер.
    Ако се има деца реално работата е потешка за пронаоѓање партнер.

    Баш со колешлка вртевме оваков муабет.Вика новиот партнер треба да е подготвен да ги сака и чува децата како да се негови,а секој реално не го може тоа.
    И реков или некој кој несака да има свои деца.
    Вика види има разлика некој ако несака свои деца е себичен и не верувам дека би сакал воопшто да одгледува деца.
    Кога размислам има право...
     
    На poenta, stetoskop, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    Ја почитувам одлуката на мајка ми да остане сама,иако не се сложувам. Мислев дека јас лично не би прифатила да биде со друг, но како минуваше времето , сфаќаш дека назад нема, а сам е тешко да живееш, па и спомнав дека треба да размислува во тој правец... лошо реагираше па сфатив дека не е мое да се мешам,чисто сакав да и дадам до знаење дека би ја поддржала доколку се одлучи да биде со некој друг.
    Сестрата на мажот ми, мн.млад остана сама, брзо најде друг. Индивидуално е,но сепак дефинитивно повозрасните потешко се одлучуваат на тој чекор.
    И нашиот менталитет ! (кој секако не смее да влијае на нас,но....) -
    На золва ми идниот втор маж е помлад од неа,не е женет претходно,нема деца.... Колешките на работа знаете што искоментираа: Они да биле мајки на дечкото, не би ја прифатиле неа ( со дете)
     
    На candy.cane, mal.ecka, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  8. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    797
    Пол:
    Женски
    Не знам што би направила ако се најдам во таква ситуација( и дај боже да не дознаам),но ете ќе си дозволам да коментирам од аспект на нечија ќерка.
    Мислам дека секој има право да си продолжи со животот и на секој му треба другар, посебно во подоцнежните години. Кога некој од моите родители би останал сам, јас прва би го поддржала да си најде партнер. Животот оди напред, првенствено на него, а потоа и мене ќе ми биде поубаво да знам дека има кој да му подаде чаша вода, да му направи муабет, да прошета, наместо да е сам во 4 ѕида.
    Ете мајка ми починала на пораѓај,кога ме раѓала мене. Неколку години подоцна татко ми се ожени, и женава ме гледа исто како нејзина, значи јас неа ја викам мајка и тоа од душа. Но кога би останал татко ми вдовец, не дај боже,пак би го поддржала да си најде партнерка. Што требаше тој 24 години да биде сам? И да останеше сам мајка ми немаше да се врати, вака кога го гледам среќен јас сум уште посреќна.
     
    На stetoskop, candy.cane, mira.mira и 15 други им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    глупости. Зошто? (facepalm) е ама бидејќи карма ис бич да не бидат тие со деца кои треба да се прифатени од дечкото и неговите родители.
     
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.693
    Пол:
    Женски
    Секој заслужува втора шанса и да биде среќен.
    Поддржувам (y)
     
  11. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    A od koga toa dokolku oni ne prifakale toj sto prifatil treba da go smeni mislenjeto radi niv.
     
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Затоа најубаво е во животов да си ја ставиш во некој период кариерата приоритет, да најдеш убаво платена работа, ако можеш да си купиш барем и гарсоњера од 25 квадрати ама да е твоја, ако не, и под кирија да можеш да си дозволиш, за кога ќе сакаш во животов да направиш нешто со кое нашите заостанати роднини не се слагаат, да можеш да ги откачиш во два чекори. Немало да ја прифатат ако они биле мајка на дечкото. Пошо нив некој ги прашува. Тие немаат што да прифаќаат или не прифаќаат.
     
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    Не те разбрав баш... што има врска кариерата,станот со ова?
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    има врска,ако се премажиш со дете испаѓа како да бараш некој да ве гледа и издржува.
     
    На Amelia, cresa-jagoda, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    Ех сеа
    Па еве она има и стан и кола и стабилна работа
    Ќе живеат кај неа.
     
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    е тоа е друго. Затоа и жените - вдовици со деца наидуваат на такво осудување како што кажа погоре
    слично нешто и се деси на сестра на една моја другарка. Се породи со второ дете и дозна дека мажот има вонбрачно 2ипол годишно дете од друга жена. Следуваше голем шок се развдоа замина кај мајка и да живее и сега блиската фамилија и пријатели зборат ( вероватно зад грб ) дека спас за неа било да се премажи оти инаку каде ќе оди со две деца.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Кога едниот сопружник починал, другиот мора да продолжи да живее, пред се' за себе а особено ако имале деца за нив. Тука стапува на сцена она - додека смртта не не' раздели. Со смртта на едниот, не умира љубовта на оној што останува вдовец, тоа посебно место во срцето засекогаш ќе биде резервирано за него и никој никогаш нема да го завземе. Но сеедно дали на 30 или 60, потребата да имаме покрај себе некој е иста. Особено на повозрасни години, кога децата си имаат свои семејства, добро е да се има покрај себе друштво макар за муабет. @detelinka123 што се однесува конкретно до тебе, прво, жалам за твојата загуба. Друго - среќничка си. Од него, од твојот сакан, за цел живот си го имаш покрај себе неговиот најубав подарок - ваше дете. Секогаш споменувај му го таткото со љубов, гордост и почит, за детето таткото е еден и незаменлив, одржувај контакт со неговото семејство, барем внучето да си биде блиско со нив, да си ги знар корените по татко а и за нив е тоа еден жив споменик на загубениот син, а што се однесува до тебе, ако сметаш дека човекот со кого си е виатинскиот за вас - држи го и чувај го. Колку штк тебе ти е потребен маж во животот, толку и на твоето дете му е потребна татковска фигура. Доколку тој човек те сака и почитува тебе и еднакво толку го сака и почитува твоето дете - тогаш не размислувај и уживај во животот.
     
    На Охрид88, sj *O*, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    eli25, сакав да кажам замисли во обратна ситуација, немаш свој кров над глава, си живеела со сопругот кој за жал починал, ти си сама со дете, без работа и живеалиште, и најдеш маж кој има веќе дете, ама твоите не го прифаќаат тоа, и уствари испаѓа дека на некој начин зависиш од нив пошо ако не ги послушаш нивните глупи барања, можеш да останеш на улица. И многу мажи се во таква ситуација, реално немаат свое место на живеење становите/куќите се многу често уште на родителите, и ако најде некоја која веќе има дете, и ако неговите не ја прифаќаат може да биде проблем затоа што он живее кај неговите, или живее на место кој е на име на мајка му или татко му. Искрено, за мене е презаостанато да не прифаќаш синот/ќерката да биде со некој кој веќе има дете, она најпримитивно, како лавовите, кога едниот лав ќе го победи другиот, ги убива сите негови лавчиња, животински и примитивно. А се правиме најцивилизирани суштества

    Не е себичен тој што не сака да има деца. Една од најсебичните работи е да сакаш да имаш деца. Потребата да си родител си ја исполнуваш преку децата. Природна потреба, ама себична. Себичен е тој што има деца, и што ги оставаат по 8 сати во денот да седат пред екран, или *ме мрзи да внесам труд* па ќе го удрам *само малку по газето кога не слуша* и така натака, пошо другата алтернатива е всушност да се грижат за децата. Ама не, сите мајки ги сакаат своите деца исто, кога ќе ми речат коса ми се крева. Како се дрзнуваат децата да ги критикуваат своите родители, па дали знаат тие неблагодарни дечишта колку нивните родители се жртвуваат за нив, и такви слични филмови што родителите им ги продаваат цел живот на детето, во име на љубовта а уствари тоа е себичноста, она кога родителите раѓаат деца со цел нивниот живот да се разубави, децата да им се оддолжуваат цел живот и никогаш да не ги разочаруваат. Многу деца не живеат за себе, туку за родителите. Ние и така сме научени на балканов наш тажен. Една свадба кога правиме најубавиот живот на младенците, тука се родителите да те пукнат, тие треба да кажат како да биде, и тоа со полно право мислат дека треба да кажат мислење, пошо свадбата нели е за тие да си поминат убаво, а не оние што прават свадба. Е тоа се себични родители, а овие ги има многу, кај нас над 80 посто се такви, а може и 80 посто е низок процент. Не се себични оние кои се свесни дека не сакаат да имаат деца и дека би биле лоши родители. Не можеш да му наштетиш на непостоечко дете. Избегав од темата малку, но не е фер да се етикетираат оние што нејќат деца ко себични
     
    Последна измена од модератор: 27 август 2019
    На eli25, sj *O*, kalinaka и 5 други им се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Секој заслужува втора среќа. Од најдобрата другарка вујко и , остана вдовец , откако сопругата му почина од рак на желудник . После 3 години тагување , решил да побара нова среќа . Се прежени со жена со две девојчиња , а пред три години добија и заедничко дете . Него му е прво , со покојната немаа дечиња , ама сега го гледам човекот , се радува што ете има и сопруга и дечиња , и мислам дека процвета после толку години тага . Иако немаа деца со првата , сепак ја сакаше , а таа душа од човек , со секој имаше муабет , со мајка ми највеќе . Вторава исто е многу добра личност , која немала среќа во првиот брак , па се развела . Во вториот нашла среќа .

    Мислам дека секој треба да продолжи понатаму со животот. Мртвите секако не се враќаат , а верувам дека ако некаде постои следен живот , нашите сакани кои починале , би сакале да не видат среќни . Секако , не треба да ги заборавиме покојните брачни другари , но не треба и да починеме со нив .

    Секоја поддршка за женава од мене. Јас сум за да се обидеш да бидеш среќна со новиот избраник . Штом го прифатил и малото , само напред . Секое добро .
     
    На sj *O*, zalosna, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  20. EDNAEMAJKA

    EDNAEMAJKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    7
    Во тоа нема ништо лошо ако поминало доволно време да не се навредува покојниот и неговото семејство
    и второ ако си ептен сигурна дека вреди да влегуваш во тоа дека тоа ќе те направи посреќна тебе и малото