Во последно време многу размислувам на темата. Татко ми е вдовец 18 години. Јас пред две години се преселив Словенија, а ова година почина баба ми (мајка му) која живееше со нас, и по пола година брат ми се жени и се пресели во стан. Сега татко ми е буквално сам цело време. Мислам брат ми го посетува, ама најчесто е сам. И многу му зборам во последно, ама демек стар бил 60 години кај ќе најдел сега.... Стварно не знам колку е реално да се најди, ама шо се однесува до мене ако сака ќе пробаме. Се надевам дека ќе сака оти многу е жално да е толку сам.
Болна тема е ова за смрт на партнер. Јас не би била заинтересирана за нов брак, не е бракот се во животот. Поготово ако партнерот ми бил драг сме имале детенце. Сепак во животот треба да се има некаква почит и кон фамилијата и кон него.
Не значи дека не ја почитуваш врската со партнерот кој починал или неговата фамилија ако продолжиш со животот и се премажиш. Не драмете колку сте заљубени и полни со почит пошо почитта не е ова ти што го наброја, ај не се мажам пак заради почит кон неговата фамилија е големо срање. Никој не рече после 2 дена да се мажиш, само речи си да не си во кожата на оние кои изгубиле партнер, вака многу е лесно да солиш памет, во тие моменти треба да и посочуваш кои се причините да продолжи со животот а не зошто да не продолжува.
Нема потреба да се убедуваме ни јас можам да те убедам, ни пак некој може мене да ми убеди. Само си го кажав мислењето. Чао пријатно.
Јас сум ЗА ! Зошто па да не ? Инаку ниту мене не ми преставувало да се мажам за вдовец, па и вдовица ако бидам ако најдам друг би се премажила ..инаку годините не се битни за љубов
Некои и морал и верност упетљале во темава. Набивање survivor's guilt e неморалното, само да си знаете. Бидејќи постои таква состојба и се лечи некогаш со години. Многу тешка душевна состојба којашто како црв го разјадува целиот систем од грижи. Не плукаат на гробот на починатиот мајку му, продолжуваат со животот според потребите.
Ама они тој филм го продаваат као морал и љубов како од приказните. А јас велам луѓе што не можат да продолжат со животот после смрт на близок им треба професионална помош али некои тоа го промовираат како здраво. Од почит на фамилијата негова. На кого му кажуваш, за ова ли да дискутираме дали треба или не треба
А што имам јас со неговата фамилија по неговата смрт??? Тоа никогаш не ми било јасно. Да се имало осет спрема неговите. Ма немој. И да се премажам што има неговите да се гледаат со новиот сопруг. Немам намера да останам сама за да не речат нешто другите.
сериозно,изгледа немаш во опкружувањето луѓе во таква ситуација па не знаеш како функционираат работите. Живееме во таков свет каде сите за нешто сме етикетирани. Не дека некого го засега што мисли народот ама има и такви кои не сакаат луѓето да зборат за нив.
јас сум во брак како и секоја една жена што е во брак. А вториот брак претежно така го гледаат. Сите што досега ги знам се премажиле/прежениле поради таа причина. Ретко некој на вториот брак да гледа исто како и на првиот.