Јао @marchi-cool .... шо ти требаше ова... Сакаш да кажеш, дека сега јас сум во брак од интерес? Или од страв да бе останам сам во животот? И го извртевте смисолот на темава...
Па испаѓа и во врска сите влегуваме за некој да не' гледа и издржува. Што има врска дали е прва, втора или 10та.
Znam deka vtorite zeni podobro se chuvaat od prvite od mazot. P.S.Taka veli svekrva mi. Jas sum zaljubljiva priroda I 10ti pat da se muzam, sve za ljubav ke bide.
Па нормално... ако првиот вредел, немало да се прекине. Не си во право во поглед на мотивите... особено дека вториот брак се случува заради материјална интерес... врска нема тоа.
Одговорот е дека и маш и жена се потребни еден на дриг. Дали ќе биде брачен партнер или дечко/девојка, сеедно. Сам не се живее
Нa кoј штo му фaлелo вo првиoт брaк си гo бaрa вaљдa вo втoриoт. Акo се oпaметил. Ауу зa вдoвци се збoри. Се извињaвaм.
реков не мора да значи но 80% за жал така е. Еве во моментов сестра на една моја блиска другарка живее со двете деца кај мајка и разведена. Сите ја убедуваат дека треба да се премажи единствено "решение" да се вдоми е тоа а и за иднината на децата. Свекор ми се прежени баш од таа причина. Еден мој братучед на 50 год се ожени колку да не е сам една моја врсничка пријателка 30 годишна после разводот уште полош пат фати замина да му прави друштво на 52 годишен (врсник со татко и) гледам сега верени се и сето тоа ради што немаше кај да оди. Во ниеден од овие случаи јас не гледам она што ти ми го објаснуваш а многу убаво те сфаќам. И не велам дека не си во право туку дека мал процент гледаат на вториот брак како ти што гледаш.
Да не забегавте со постовите??? Имам слушнато секакви коментари. Демек срамота било жената да се омажи по смртта на сопругот. А мажот ако остане вдовец тогаш он треба да си најде жена. Не чини сам да остане. Често се коментираше зошто татко ми не се преженил? Му требало жена да му чува куќа и деца.
Од кај ти знаеш како тој се осеќа од внатре?! Имам пример, му почина жената на 25 години, он имаше 28. За 1 година се прежени со друга, си имаа и детенце набрзо. Фамилијата на претходната жена го збореше насекаде, не му даваа да оди на гробишта, тешкиот живот му посраа уште повеќе. Ама човеков на трипати го имам сретнато на гробишта навечер( маж ми исто е починат па и јас одам кога нема никој). Значи, човеков не иде на мртвен и други протоколарни датуми, ама на трипати плачеше на цел глас и збореше колку ја сака и колку ќе ја сака, колку му фали...неутешно плачење од 30годишен маж! И не судете за работи кои не ви се десиле, поќутете си и бидете среќни што не ви се десиле на вас, оти животот е непредвидлив.
Ај да го дадам и моето професионално мислење на темава. Потешко е кога си вдовец да продолжиш оти за разлика од разведен, кој се разделил од партнерот поради тоа што не идело, вдовците виша сила ги разделила. Починатиот секогаш ќе има огромно место во срцето на партнерот. Тој што ќе го најдат потоа,треба да е човек кој ќе биде ок со тоа да живее во сенка, дека секогаш на прво место ќе е дете(ако го има) оти тоа дете нема друг за да мисли на него. На второ ќе е споменот на тој кој прерано си отишол и кој е длабоко врежан во срцето на партнерот. Не е во ред ни да се влета во врска со кој било. Сметам дека прво треба да се напипа терен добро, да се види мислењето на другиот човек на оваа тема, дали е тој ок да прифати се па после да се размислува на чекор како врска/брак. А за ова си треба време. Млада вдовица сум веќе 2 години, имам 33 и мало градинско детенце. Сама сум откако почина маж ми, ама не исклучувам можност тоа да се промени еден ден. Едноставно сега фокус ми се детето и работата.