Феминки, дали некоја од вас го има овој проблем? Би сакала да поразговарам во врска со тоа со некој што ја има искусено оваа болест...
Имам Герд веќе година дена и променив начин на исхрана, земав апчиња, спијам на повисоко и пак и пак имам тешка горушница. Да бидат работите уште полоши Гердот ми ствара и кашлица (ми ги правеа сите истражувања потврдено е дека кашлам од киселините во желудникот, не ми пишувајте дека не се кашла од желудник). Правам се како што треба и пак имам тешки маки. Бев на лекар ми правеа гастроскопија и само ми препишаа прво Нолпаза и Реглан, а потоа Еманера со Реглан. (Нолпаза ми ствара тешки главоболки) Еманера е најдобар лек бидејќи можеш да го земаш кога сакаш без храна. Додека земам апчиња добар сум, штом престанам пак ми се враќа кашлицата и пак ми е лошо. Мислев треба малку да јадам, па намалив на големината на оброците. Јадам буквално две парчиња леб од оброк или слично. Постојано сум гладен и немам енергија. Се соочив дека ќе морам да одам на операција за да ми помине. Ми смета најмно кашлицата што ми ја предизвикува. Ме омалаксува и ми е многу лошо. Многу често не можам да спијам од киселините. Герд е измачување тешко и се надевам лапароскопска операција не е многу скапа инаку ќе се измачам во нардените неколку години.