ГЕРД и хијатална хернија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од littleflower, 10 април 2013.

  1. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    675
    Допаѓања:
    1.415
    Феминки, дали некоја од вас го има овој проблем? Би сакала да поразговарам во врска со тоа со некој што ја има искусено оваа болест...
     
  2. skinny

    skinny Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Имам Герд веќе година дена и променив начин на исхрана, земав апчиња, спијам на повисоко и пак и пак имам тешка горушница. Да бидат работите уште полоши Гердот ми ствара и кашлица (ми ги правеа сите истражувања потврдено е дека кашлам од киселините во желудникот, не ми пишувајте дека не се кашла од желудник). Правам се како што треба и пак имам тешки маки. Бев на лекар ми правеа гастроскопија и само ми препишаа прво Нолпаза и Реглан, а потоа Еманера со Реглан. (Нолпаза ми ствара тешки главоболки)

    Еманера е најдобар лек бидејќи можеш да го земаш кога сакаш без храна. Додека земам апчиња добар сум, штом престанам пак ми се враќа кашлицата и пак ми е лошо. Мислев треба малку да јадам, па намалив на големината на оброците. Јадам буквално две парчиња леб од оброк или слично. Постојано сум гладен и немам енергија. Се соочив дека ќе морам да одам на операција за да ми помине. Ми смета најмно кашлицата што ми ја предизвикува. Ме омалаксува и ми е многу лошо. Многу често не можам да спијам од киселините.


    Герд е измачување тешко и се надевам лапароскопска операција не е многу скапа инаку ќе се измачам во нардените неколку години.