Здраво, дали знае некој дали е ова габична инфекција? И како да го третирам? Ноктите дома сама си ги правам.. не знам од каде може да сум фатила.
Здраво. Кај мене не е габичка на нокт, нешто измеѓу прстите е . Во случајов на малите прсти на нозете.Кожата е како здебелена, ме боли на допир и сега дека се носи затворени обувки буквално не можам да одам. Ме болело и порано, но кратко време и ќе поминело. Лани исто овој период ме болеше, се мачкав со канестен маст и 3% хидроген и ми поминаа. Годинава пред месец и пол пак почнаа да ме болат , пак се мачкав со канестен и 3% хидроген , но немаше подобрување. Сега моментално се мачкам веќе втора недела со ексо дерил крема и сеуште нема подобрување. Дали да одам на кожно или да продолжам да се мачкам со ексо дерил?
Дали ти се јавува само на ова место и дали те чеша плус? Прашувам затоа што мене како дете ми се појавија вакви меурчиња помеѓу прстите на нозете, додуша поситни и исто кожата ми беше задебелена и нормално ме чешаше. Отидов на кожен лекар испадна дека е габична инфекција и се мачкав 6 месеци со Канестен маст по препорака на лекарот и правев бања на нозете 2 пати дневно. Дури и откако ги снема, морав да се мачкам и понатаму затоа што докторот рече дека габичките биле многу упорни и често се враќале, па затоа морав упорно да се мачкам.
Не ме чешаат, одамна ми се имаат појавено, можно да е пред десет години и повеќе. Обично ништо не ми е, но понекогаш( кога е премин од носење отворени обувки кон затворени) ме болат и не можам да одам. Имам притисок врз малите прстиња и во затворени обувки ме болат. Сега гледам да носам еден број поголеми обувки, за да немам притисок врз малите прстиња , а продолжив да ги мачкам со ексо дерил и плус ги чувам во топла вода со сода бикарбона еднаш на ден. Мислам дека би требало да има подобрување .
Ти ја видов сликата дека ме интересира за габична инфекција на нокти затоа влегов во темава. Да ти кажам мене вака како тебе ми почна на еден нокт, и јас сама ги правев ноктите дома. Па продолжи на два три итн итн. Одмарав од гел , инаку долго време ги правев и нмав мака. Еве помина година не можам да ги управам. Пробав повеќе вида на креми , те молам ако ти помогнала нкоја да ми пишеш. Не дека скроз не ми поминаа имам напати вака. А многу сакам пак да ги средам. Може и да е до гелот што го користам. Мислев од ацетон да не ми е алергија, кај мене продолжи со чешање и црвенило од кога го извадив гелот. Но на лекар рекоа габична инфекција/
Што можам да ставам на прстот на ногата ми се јави оток и ме боли. На местото околу ноктот, поточно од таму каде што расте ноктот, најверојатно е габична инфекција. Што би можела да користам?
Мислиш на локум што е за јадење и малока најверојатно е некое растение заедно се става? Ставав лист од слоново уше, домата, маст канестен, лед, се што слушнав и џабе боли до бесвест, имам само црвенило и оток, загноено ако е најверојатно ќе се познава Денес купив и канестен капки и тоа да пробам, на почеток мислев се имам удрено вака ми е 3,4 месеци ама сега најмногу боли и најголем оток ми е, кондури не можам да носам само широки патики, пукнав
Не ти е габична туку ноктот ти расти во месото. Може да се среди на козметичар. Засега ставај хидроциклин.
Ноктот си е нормален знам на што мислиш, имав пред некоја година таков проблем ама со правилно сечење ги средив. Сега ми е кожата околу ноктот, местото од каде расте излегува ноктот, ме пукна
да локум ќе исечеш и врз него ќе стабиш лист listot od ovoj cvet p.s. ако немаш локум и малока (кај нас така ја викаме) стави кромид и врзи го со ќесе ,да не мириса цела соба а и ќе опушти побрзо
Дали црната маст за брзо ја извлекува гнојта? Капките канестен се добри ама бавно ми ја извлекуваат, има ефект само од нив почна да ми излегува, ама ми треба нешто што побргу ќе ми ја извлече. Мислев дека е само раничка а внатре сум имала загноено