probaj mackaj melem na prirodna baza na instagram se naracuva pomaga za kozni problemi pchelinmelem najdi gi
Не знам дали е прашањево за тука, после надградба на нокти забележав едниот нокт дека ми е малку позеленет - претпоставувам влегло воздух. Го истурпијав, и сега има само малку, меѓутоа не знам за што се работи, дали треба да ставам некоја маст? Искуство некое? Бремена сум да напоменам.
Имам воспаление на ноктите на нога. Ме боли. Некој совет што да ставам? Извинете за сликите. Ви благодарам многу.
Noktot na nogata mi bese vrasnat cel nokt hirurski mi go odtsranija bolkata prekina se dodeka noviot nokt ne porasna cel I pak isto mi zagnoja nekolku pati mi secea meso okolu noktot no problemot ne se resi seuste me boli.Dali nekoj imal vakov problem
Зрраво. Дали има некој искуство со ласерски третман на нокти во Др. Анчевски или на друго место? Како се движат цените, дали и после колку има подобрување.
Да споделам и мое искуство на темава, можеби некому ќе му помогне... Прво, правете разлика дали се работи за габа или друга инфекција на ноктот. Гледам членки ставале слики од нокт кој е позеленет, тоа не е габа. Најчесто се случува од гел на нокти. Ноктот со гел пуштил воздух и ноктот позеленува. Штом приметите одмарајте ги некое време дур не израсне зеленото на ноктот. Габа е многу попроблематична состојба, која не се лекува воопшто брзо. Јас ги лекувам веќе 3 години. Најчесто ми се појавуваат зимно време, кога ногата е затворена. Летно време исчезнуваат. Прво пробував природно да ги излекувам, со чајно дрво, кое не ви го препорачувам. Премногу е јако, во мојот случај ја изгори кожата околу ноктите и се направи дополнителна кожна инфекција. Од пенкалата кои ги рекламираат не бев задоволна, потрошив 4-5 пакувања... Задолжително посетете дерматолог, каде што ќе ви земат примерок од ноктот за да се утврди дали е габа. Бидејќи мојот резултат беше позититивен ми препишаа таблети тербинакс и капки ексодерил. Тербинаксот се пијат минимум 3 месеци. Во мојот случај немав никакви негативни последици. Резултати се забележуваат дури после вториот месец. Многу битно, габата не се појавува од нехигиена. Се појавува во средина која е темна и влажна. Затоа секогаш сушете ги добро ноктите, по потреба дури и со фен.
Здраво, дали имате искуство со 101foot, поточно за габична инфекција на палецот на ногата, расте еден врз друг и ноктот е навлезен во месото
Jas koristev, nailpro, exoderil, lamasil, canesten nisto ne pomogna ima terapija koja se pie 6 meseci ama e prilicno stetna. Se javuva gabata najcesto od zatvoreni obuvki koga nemoze da disi nogata. Ne e loso da zemes nekoja terapija moze kaj tebe ke ima uspeh i posakuvam da e taka.
Mene za zal nisto ne mi pomogna go imam nekolku godini. Gledav laserski tretman kaj Ancevski ama ne sum od Skopje sakam da se javam da vidam kolki cesto se sproveduva ako e mozno za vikendi da odam da vidam dali i toa ke pomogne. Posledno bev petokot na dermatolog mi prepisa nova krema spored nea so najgolem uspeh ako najdam recept ke ja spodelam.
Не знам дали вреди да одиш кај Анчевски ќе те ошурат од пари, барем од моето искуство. Преглед 2000 а на прегледот ништо не прават, јас очекував барем да земат дел од ноктот да видат за што станува збор, ми препиша терапија 5000 што ме косташе. Разочарувачки никаков резултат...за џабе се труев со апчиња. Сега пробувам со хидроген и канестен така ми кажаа на козметичар ама и со тоа немам некоја надеж.
Ќе ти падне ноктот, како тој расте одма под него нов си расте. Кај мене прво се појави болка на прстот и веднаш не ми текна дека може да е загноено. После неколку време го мачкав со канестен и црна маст. Откако излезе гнојта се исчисти и почна да ми пага, веднаш под него нов си излегуваше. Ама пред да почне да пага имав болка не можев ни да спијам. Година дена како ми е ок прстот ама јас лошо правев што постојано носев чорапи, дури и за спиење. Не се плаши додека пага нема никаква болка, за некој месец ќе имаш нормален нокт.