Здраво. Ќе може ли да добијам мислење/искуства за Canesten капки за лечење на здебелен пожолтен нокт на стапалото? Благодарам
Моментално ги користам, веќе потрошив едно шишенце. Го суши пределот околу и под ноктот. Тоа е првично што приметив. Во упатството пишува 4 недели да се користи, плус уште толку за да не се вратат габите. Мислам дека споро оди но ќе видиме...
Лекувањето на габична инфекција е многу спора. Треба многу голема упорност. Ноктите на нозете растат само по еден милиметар месечно и треба време за да се види резултатот.
Незнам дали си го реши проблемот ама во случај да не јас ти препорачувам да одиш во DR. Vajs некаде на Водњанска се мислам. Специјализирани се за здравјето на стапалата. Другарка моја имаше проблем со враснати нокти многу брзо и го решија. И читам сега што пишуваат другите членови и се слагам дека Nailner пенкалото врска нема. Хидроген 3% е безбеден и чисти и дезинфицира, само што тоа не е трајно решение. Што повеќе стапалото на отворено и НИКАКО тесни обувки.
3 години ги лекувам. Прво ми дадоа орална терапија тербинакс и плус капки ексодерил. Малку се подобрија но не можеш со години да си на орална терапија. Ако не ги пијам, за некое време се враќаат одма. Девојче каде што правам маникир ми препорача прво да ставам хидроген 3% па после канестен капки под ноктот. Месец дена практикувам наутро и навечер. Цело лето сум со сандали токму од овој проблем, сменив и кондури и патики. Не знам уште колку време треба да помине за да се излекуваат целосно...
Дали ти имат земено примерок за да видат каква инфекција имаш? Јас пред неколку години го имав истиот проблем. Ми земаа примерок и утврдија дека е кандида. Долго време пиев флуконазол апчиња една неделно, ставав и некоја крема три пати во денот ама го заборавив името. Мој предлог да бараш упат за државно
Да... Кај Др. Старова се лекував. Он ми зема примерок и потврди дека е габа. Ми препиша и терапија, но три години не е нормално да не се излекуваат. Напредок има но не и крај...
Zdravo, sekogas koga stavam nadogradba na nokti, bez razlika nalivni ili gel, mi se desava pod noktot kozata (od kutikulite pa nadolu do pola prst) da me cesha, ako se cesham se vcrvenuva mestoto i kako vodicka potekuva malku od pod kozata. Pauzirav edno 2 god ne pravev nisto, i pred nekoj den pak napraviv, ne e tolku strasno no pak kako da me cesha. Bez nokti nemozam gi grickam moite, nemozam da se odviknam navika od dete, a i so nokti sekako racete izgledaat poubavi i zenstveno. Dali nekoja od vas go imala ovoj problem? Pozz
Zdravo , dali e ova gabicna infekcija ? Da napomenam 2 godini stavam gelni nokti i slucajno go primetiv ova denes , pred 2 nedeli go nemav
Не е габа. Гелот пуштил воздух затоа и е позеленет ноктот. Не ставај гел некое време дур не израсне делот што е позеленет.
Девојки здраво! Дали ќе можи да ми кажите дали се работи за габична инфекција, откако го извадов гелот забележав жолт дел на ноктот кој слегува на кај почетокот на ноктот.