Поради оваа тема направив профил на фемина.Го имам истиот проблем на нозете и на рацете но не на сите прсти,што се не направив да ги излечам сите работи што ги напишавте ги пробав само не ги извадив хируршски,овој проблем го имам со години и јас не знам од кога од апчиња од чаеви од вински оцет се пробав,сега користам едно средство како лак го премачкуваш ноктот каде што е заболен и секогаш го сечеш заболениот дел со ноктарица тоа го правиш откако ке ги омекнеш ноктите полесно се сечат ова средство го најдов во Турција во аптека им ги показав ноктите и ми го дадоа ке го написам како сто е па видете дали ке ви помогне мене за 4 месеци има подобрување ми расте цистбел нокт кој сто ми е до половина пораснат ама цело време го користам по три до 4 пати на ден. "Trosyd" така писува на шишенцето содрзи TIOKONAZOL ако некој го зема му посакувам успех во лешењето.Поздрав до сите
binski ocet ne e nisto toa e slabo jas koristev esencija....... a toj lakot kolku pari e go ima kaj nas.............
Инфекциите на ноктите се банална работа. Треба многу трпение и хигиена во лечењето. Јас многу време користев Лоцерил лак (малце е скап околу 40 евра беше во Грција ми требаа 2-3 пакувања) и го излечив ноктот кој после мала хируршка интервенција го заразив од одење по базенти. Секојдневно прво го турпирав ноктот со оние како хартиени турпии, ќе скинев едно парче и го користев за една употреба. После турпирањето има едни марамици кои содржат некоја состојка и со неа го бришев ноктот од струганиците и го премачкував на крај со тој лак. Понекогаш го киснев ноктот во мала пластична чаша со алкохолен оцет. Голем ефект има и морската вода. Секојдневно ги менував кондурите и не носев папучи исти, после миење на нозе и бањање нозете и ноктот обавезно сушење со фен. Прскање од тие средствата за кондури пред обување и понекогаш ставав пудра во чорапите за да не ми се потат.
i jas koristev loceryl no mene ne mi pomogna bas ......100 dolari go naracav od australija...........8 meseci no nemase bas nekoe podobruvanje .....najdobar efekt imav od soda bikarbona i esencija
ноктот на палецот ми е црн... шуплив,не ме боли од што може,каква габична инфекција би било како резултат на што??
Jaс имав габична инфекција на стопалата некојси позитивни габички (+++) бев на кожно ми отсекоа парче видоа под микроскоп и ми дадоа маст, па сега сум подобро
Мене единствено што ми помогна е Itriconazol(генеричко име). Кај нас го има како Орунгал. Лекувањето е долготрајно, околу 3 месеци, се пие само по една недела 2 пати по 2, па се прави 3 недели пауза, па потоа пак...и така 3 месеци. Но бидејќи имав доста напреднат процес мораше и да се направи екстракција,вадење на ноктите на палците од ногата. Операцијата воопшто не боли, се плаќа околу 700,00 денари мислам. Лекот,Орунгалот кај нас е доста скап, но постои можност да се набави од Грција, како Sporanox и е поефтино...
Јаболков Оцет!!! пребарајте на интернет како се применува оваа терапија! И како делува врз габични инфекции.
Имав задебелување на ноктот на палецот на ногата. Го лечев цели 3 години со бабски лекови по дома, се само да избегнам сусрет со "бел мантил". Но немаше ефект па видов-не видов си отидов на лекар. Матичниот ми препиша 3 месечна терапија со реконазол таблети. Ноктот порасна нормален. Никако не препорачувам да ги земете на своја рака. Ако некој има голема потреба да ги среди ноктите претходно обавезно нека консултира доктор.
Имав проблеми со ноктите т.е палците на нозете. Одпрвин ми гноеја а после постепено почнаа да се здебелуваат. Ги лечам 3 години на своја рака а може и повеќе и никако да поминат! И се тоа ради страв од болка. И си се замислив, подобро е да потрпам болка една недела отколку со скапани нокти цел живот. И решив, ќе појдам да се консултирам со лекар. Од другарка дознав дека во државна болница ноктите ги ваделе без никаква анестезија и таа била во приватна болница и поминала супер. Е сега, од премногу радости заборавив да ја прашам колку ја коштал цел зафат. Има ли некоја од вас вадено цел нокт? Боли? Колку би ме коштало цело тоа малтретирање? Сакам да поминат испитиве на факултетов и на раат да ги оперирам и на лето да седам дома таман со отворени палци без многу движење, па дотогаш сакам да соберам информации и на мира да си одлучам каде да појдам.
Значи вака мислам дека т.е сигурно имам габична инфекција на палецот на ногата ама не ми е зафатен целиот нокт. Првично ми беше како жолта вертикална линија по работ на ноктот и не обрнав внимание мислев ќе помине кога ќе порасне ноктот ама сега е проширено малце накај средината, дали уште ќе се проширува? И не ли поминува нагоре како што расте ноктот? Сега сакам да го лекувам зошто ми е страв да не се прошири, дали знае некој да ми препорача нешто што се купува без рецепт да не одам по лекари ама да е поекономично ако е можно? И дали постои и некој природен лек да не сте слушнале? секаков совет ќе ми биде од корист ако е можно во лп ако не тука. Благодарам.
Ја прочитав темата и водов дека најмногу ги препорачувате ламисил кремата и канестен, па сега се мислам која да ја земам, некој совет?
Кансен кремата јас ја користев кога имав вагинални габички (oд ладно ми се створија) и одма ми помогна , ја користев месец дена и од тогаш немам мака..штом за ова помага за нокти да не зборам..сигурно..
Ve molam za pomos, specijalno za ova se zacleniv vo forumov. Procitav se' od pocetok do kraj i nekako se' deluva konfuzno. Problemot so gabicna infekcija na edniot palec na nogata go imam mozebi 5-6 godini i uporno go ignoriram problemot, od nisto drugo, tuku od SRAM i KOMPLEKS. Sekoe leto odam na kozmeticar, mi stavaat gel-lak za kamuflaza, ponekogas se imam mackano so kanesten, no ne sum bila uporna. Sega sakav pak da odam na pedikir, no gledam deka noktot e pred paganje, pocnuva da se klati. Ne me boli, no e debel, potemnet i grd. Se javiv da zakazam kaj dr Vais, znam deka e skapo, no nemam zivci, niti vreme da se matkam po kliniki. Imate li iskustvo so dr Vais? Edvaj, ama EDVAJ se nakaniv da zakazam lekar, se nadevam ke mi pomogne. Poveke bi sakala da mozam barem uste letovo da isteram so kozmetika, ama mislam veke nikoj nema ni da se nafati na rizikot. Noktot inaku po malku mozebi raste, no epten malku. Sto e najdobro da napravam? Da odam na odmor bez nokt?
^^^^^^^Јас не знам со кој памет си чекала години да поминат и си дозволила да ти дојде до таа состојба целиот нокт Каков доктор Ваис оди си на 'обичен' доктор или можеби Анчевски, ова кога ќе слушнам доктор Ваис ми е синомим за перење пари Таму не се чуди ако треба една цела плата да оставиш уште при првата посета, и секоја наредна уште толку па сега ти види.. Инаку, да пишам јас со закаснување. Прво им благодарам на сите за советите, користев Канестен крем, не ми се веруваше како во рок од 5 минути габата се собра на едно место, односно во оној дел кај што беше раширено кон средината исчезна и се собра кон работ на ноктот. Не ми текнува точно мислам цела недела ставав и тоа поголема количина, таква сум јас секогас и оставав да се впие, или прво масирав па после дебел слој оставав, и после некое време забележав дека ноктот одоздола расте здрав па престанав со користење, незнам дали е тоа ок. Така да на сите на кои ви е во почетна фаза ви препорачувам Канестен.
Ве молам за помош за охрабрување, палецот на ногата ми пожолтуваше и се подготвуваше да падне , нејќев да одам на доктор мислев дека ќе падне, отприлика една година така ми беше. И конечно се решив да отидам на доктор, ми кажаа дека кандида сум имала на прстот , некоја честа болест онихолиза и хируршки ми го извадија , сега одам на преврски. Дали потоа ноктот ќе ми се врати во нормала или .. ако имала некоја искуство ве молам нека пише. Благодарам