1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Габички на нокти

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Suzeto, 9 јануари 2010.

  1. arsenija

    arsenija Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Прво за да ги излечите габите од ноктите треба да подготвите неколку работи:
    1.трпение
    2.упорност
    3.воља
    Габите се многу упорни а апчињата против габи се многу штетни за црниот дроб.
    Пред да одлучите да ги лекувате габите, треба да ги дезинфицирате сите чевли. Најдобра дезинфекција може да направите ако ги соберете чевлите во црн најлон и поставите натопено парче со формалин внатре. Доволно е да преседат една вечер и чевлите ќе ви бидат дезинфицирани.
    После тоа може да почнете да ги лекувате ноктите.
    Имам слушано дека доса успешно се лекуваат габите со формалин- Ги мачкаш ноктите и стапалата, чекаш да се исуши и потоа ги миеш обилно. Оваа процедура се прави само еднаш и толку.
    Треба само да внимавате да немате отворени раби по нозете, испукани петици и слично затоа што формлинот е токсичен. Нозете може да би станат бели и да почне да се лупи кожата, но тоа се габите и мртвата кожа,
    Исто можете да ги мачкате нозете со масло од чаено дрво два пати на ден ги мачкате ноктите и стапалата.Ова е исклучително ефикасно масло. Стапалата треба секогаш да ви бидат суви. Може да ставате и сода бикарбона во чорапите, многу помага и тоа.
    Секогаш дезинфицирајте ги инструментите за педикир и маникир со шпирт и обгорувајте ги. Во спротивно само ќе си ги пренесувате габите и ќе се вртите во магиченн круг.
     
    На RedWine му/ѝ се допаѓа ова.
  2. D-r Globil

    D-r Globil Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво народе! Пред 10 месеци (во јануари 2015) го потфатив прстов (палецов) на врата од автомобил. Ноктот нормално ми поцрна од засирената крв под него, и како што растеше новиот нокт се мачеше (не можеше да доизрасни), па почна да ми гнои кај коренот и отидов на хирургија да ми го отстранат парчето од стариот нокт. Новиот нокт ми ратеше со мал деформитет, и како во друга боја (зеленкаста)... набрзо израсна во целост, али од пола па до врвов почна да ми се двои од месото и ми зафати како кафеава боја... Ноктов ми расти најнормално од корeнот, чист како да не сум бил повреден на прстот никогаш порано, но највероватно поради некоја габична инфекција, на која што и не се сигурно дали е габична инфекција (во ординацијата кај Д-р. Анчески ми рекоја дека може да се работи и за скриен меланом на кожата после траумата на ноктот, во што јас ниту 1% не верувам во тоа). Моментално го мачкам ноктов со маст Exoderil 1% два пати на ден и со капки Exoderil 1% еднаш на ден, но не гледам некое подобрување, бидејќи ноктот како што ми расти, ова "чудово" не се повлекува, т.е. се шири наназад кон коренот на ноктот. Ве молам за совет од некој што имал слично искуство или проблем, или барем од некој што знае кај да се обратам за во наредниве неколку месеци да успеам да го корегирам овој проблем, бидејќи многу непријатно изгледа на десната рака во која човек држи пенкало врвот од палецот да му е како скапан и распаднат, народно кажано како "крастосан" шо би рекле старите... Поздрав! :) gabicna infekcija.jpg
     

    Прикачени фајлови:

  3. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.651
    Пол:
    Женски
    @D-r Globil globil што направи со ноктот, го реши ли проблемот?
    Можам да ти препорачам една приватна ординација во Скопје, специјалист за нокти Dr. Vais, се наоѓа спроти државна болница. Јас сум многу задоволна од таму, после 10 годишна борба со габичната инфекција таму ми го најдоа лекот
     
  4. D-r Globil

    D-r Globil Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    10 годишна борба!? WTF, амаан бе !!? :( И фала ти многу за советот и препораката...
     
  5. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
     
  6. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.651
    Пол:
    Женски
    да да толку години, 2 пати ми е ваден ноктот, и при второто вадење ми го оштетиле коренот на ноктот.
     
  7. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    http://www.101foot.mk/antigabicen.php#!/
    Феминки, знаете нешто во врска со производиве ? Освен ласерски третмани имаат и креми.
    Ако некој има искуство со овие производи,споделете!
     
  8. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Jas so godini imam problem so noktite na palcite.ne mi rastat mnogu boli i se zolti. Neznam dali da odam kaj maticnata ili da odam na dermatolog
     
  9. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    903
    Матичната мора да ти закаже на дерматолог. Не можеш директно.
     
  10. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Mislev na privatno da odam.
    Sepak prvo ke pojdam kaj maticnata da vidam so ke mi kazi, pa ako treba ke odam i na dermatolog
     
  11. charlotte_0000

    charlotte_0000 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    42
    [​IMG]
    Познато ви е вакво нешто? Ве молам некој што се разбира ако може да ми каже што е ова и како е настанато..
     
  12. blondegirl87

    blondegirl87 Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2017
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    не можам да ја отворам сликата инаку со задоволство би ти помогнала :) прикачи ја пак
     
  13. blondegirl87

    blondegirl87 Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2017
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Како и да е имај на ум дека габичките се лекуваат долг временски период потребно е трпение бидејќи некогаш третманот трае и цела година и повеќе. Хируршкиот третман т.е вадењето на ноктот не дава 100% гаранција дека ноктот ќе биде здрав, со размножувањето во околината многу лесно и новиот нокт се афектира и така се изгледа безпотребно особено претрпената интервенција и болка. Многу ретко значи исклучително ретко може да дадат некои посериозни компликации а во 99,9% од случаите се безопасни и само прават естетски проблеми. Причина за долгата терапија е тоа што многу лесно се размножуваат, а местата каде што се појавуваат им даваат скоро совршени услови за брз раст. Сакаат влажни и темни места. Поздрав
     
    На Polsko му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
  15. len4e

    len4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    60
    Јас го купив и еве веке две недели ама резултат како рекламираат за недела нема. ке ти кажам за месец два барем.
    Цената е 615ден во ВИОЛА аеродром а верувам го има на др места..
     
    На Polsko му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mony18

    Mony18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2017
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Девојки ве молам за помош...Веќе некое време неможам да ја излечам габичната инфекција на ноктот. Ноктот е задебелен тврд и жолт иако употребував некои масти капки и слично и се повторува цело време...Дали имате некој совет што може да си користи или ако сте се соочиле со ова што ви помогнало.Ви благодарам однапред.
     
  17. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    23.002
    Пол:
    Женски
    @Mony18 штом толку време не се лечи отстрани го хируршки. И после отстранувањето ко ќе зарасне води грижа за него и редовно мачкај го со кремите кои ги користиш бидејќи може повторно да се појави.
    Ако не си спремна на таков чекор продолжи да мачкаш ама биди упорна и држи ги нозете во вода со сода бикарбона.
     
  18. Mony18

    Mony18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2017
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    @Skorpija25 еднаш го имам отстрането и после долго лекување повторно се појави..
     
  19. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    23.002
    Пол:
    Женски
    Оф... Не знам што би можело да помогне освен повторно вадење. Или пробај со кремот мачкај некое време па види дали ќе има подобрување.
     
  20. EraBon

    EraBon Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    595
    Vaka iam jas gabicka na bolecot od nogata..Pred nekolku denaa sedev so edna moja komsika..i mi kaza dzabe e kolku i da se odstranuva i toa pak ke si se pojavii taa imala nekoja nejzina drugarka...i mi kaza deka veke nokteto takvo i ke si ostane :( zatoa ne se obiduvajtee ..
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.