http://www.goodshelp.com/wp-content/uploads/2017/01/TINEDOL-goodshelp.png На интернет има многу позитивни коментари за кремот ТИНЕДОЛ. Дали некој.има слушнато за оваа маст. Кај нас ја нема .
Стави на памук содабикербона,вински оцет и се нанесува секоја вечер на ноктот и така стои,на тетка ми така и помина,ама упорност треба и тоа мн.две години вака хги лечеше,и ги излечи
И јас го имам истиот проблем бев на лекар ми рекоа ексодерил и денес прв пат ставив, но требало да го користам 6 месеци се додека не падне овој нокт и нов здрав да израсне тогаш значи е уништена габата, само треба трпение немој да губиш надеж. Сепак нема штета ако пробаш. Бидејќи неочекувано начекав една статија на фб за габична инфекција со несакани последици можело да се прошири во внатрешните органи бидејќи тоа е внатрешна инфекција што се уплашив премногу и веднаш отидов на лекар и само се молам на бога да помине од ова... Не ми е терет да го користам толку месеци само треба трпение, а не поминало едена недела и се прашуваат зошто не помага и повеќето се откажуваат. Но не! Требало со месеци да се користи секако дека неможе веднаш да помине не е мала работа внатрешна инфекција веднаш да помине луѓе се прават и операција ради вакви ствари а ова е едно избегнување и спас од операција. Ради тоа бидете упорни и потрудете се и не се откажувајте. А јас обавезно ќе ви пишам резултати после користење долго време, дај боже да помине се надевам на позитивно па ќе видиме.
Помош девојки.. што ми е со ноктот и како да го излечам. Мачкам маст Канесен и ексодерил капки земав... ама ни ронка ефект нема..
Не знам дали ова е за тука, но ќе напишам. На двете нозе, ноктите на палците ми влегоа во мускулот(месото) бев на операција да ми ги исечат тие деловите кои влегле внатре. Но сеуште, после 5-6 години, сеуште под ноктите имам гној и ноктите ми се жолтеникави. Кога ќе ставам лак после кога ќе го тргнам, по неколку дена почнува нов нокт да ми расте одоздола, но и тој е жолтеникав. Ги чистев нозете со хидроген, во солена вода сум ги ставала, не знам што да правам. Читав на интернет дека треба ноктите да ми ги извадат, ама некако ми е грозно тоа. Мислам дека и истото и на доктор ќе ми го кажат. Плус на едниот нокт многу длабоко влегле, што нервот ми е повреден и ми е страв вака ако ми го извадат ноктот да не се направи нешто полошо...
На палците на нозете имам на краевите како кафеави точки. Имав само на еден, потоа забележав и на другиот, а еве сега гледам уште една веднаш под таа. Обично ги забележувам после пешачење. Читам се и сешто, се преплашив
не е воопшто ефикасно лек за габична инфекција е само сода и јаболкова киселина на ноктите се става сода и потоа одозгора се тура јаболкова киселина секој ден дур да заздрави ноктот за две недели има резултати
Оди на лекар и ќе ти каже. Не читај ништо на интернет бидејќи ако читаш за кафеави цртички на ноктот излегуваат стварно неубави работи. Ако ти е габична инфекција, таа е многу досадна и треба време за да исчезне. Мислам дека ќе ти препишат терапија дифлуконазол, зависи од површината на зафатеност на габичната инфекција можеби и подолго време ќе се лекува. Поздрав.
Веќе една година ставам гел на моите нокти, вчера додека работев ми се скрши ноктот и имаше што да видам (ноктот ми беше повеќе од пола скршен) здебелен ноктот и жолт,а кај котекулата црвен и отечен (отоков го имам веќе неколку дена ама дека не ме болеше не обрнав вниание) Дали некој знае за што се работи?
Можно е да се работи за габична инфекција на ноктите. Почнува со задебелување и пожолтување на ноктите. Отиди на кожен лекар. Или купи капки Ексодерил, крема Канестен.
Ako moze podetalno da mi objasnis kako se stava soda na noktot direkno ili? I kolku jabolkova kiselina?
прво ставам директно од кесиче сода на ноктите и потоа во една чаша ќе турам јаболкова киселина и потоа на содата на ноктите турам и ќе почне да жубори,и дотурам колку да ја допие содата во ноктот, секој ден и имаше ефект одма за две недели ми беа црни и ми се обелеа ама потоа не продолжиив сеуште ми се задебелени, ме мрзи
Kakvi ti bea tebe noktite odnosno kakva infekcija? Jas imam no kako pobelen noktot odozdola izmegu mevceto i noktot kako da mi se roni i osnovata mi pocnuva vdlabnato... mozam li da go koristam vo ovoj slucaj?
И мене ми се задебелени, растат како слоеви, еден над друг. Ги турпирам со турпија, но тоа не е решение. Во последно време забележувам дека воопшто не растат во должина. Дали имал некој ваков проблем, и чаре има ли??