1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гадафи е убиен

Дискусија во 'Политика и настани' започната од ludoto19, 20 октомври 2011.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Либискиот лидер, Моамер Гадафи, почина како последица на повредите со кои се здоби во приликата на неговото апсење во Сирта, пренесуваат светските медиуми, повикувајќи се на извори од Преодниот национален совет.

    Претставник на Советот рекол дека Гадафи починал како последица од ранувањето во приликата на неговото фаќање недалеку од неговиот роден град Сирта. Претставникот рекол дека Гадафи бил ранет во двете нозе и главата, како и дека им подлегнал на повредите.

    Претходно, Абдел Маџид, за “Ројтерс“ изјави дека Гадафи е ранет и дека е префрлен во болница.

    Веста за апсењето и за смртта на либискиот лидер ја проверува и сојузот на НАТО.

    Агенцијата “Франс прес“ цитираше изјава на претставник на преодниот Совет, Мохамед Леит, кој рекол дека Гадафи е уапсен во Сирта и дека е тешко ранет, но дека сеуште дише.

    Војникот, кој тврди дека го фатил Гадафи рекол за “Би-Би-Си“ дека полковникот викал “Не пукајте“. Во приликата на апсењето на Гадафи е убиен командантот на неговите воени сили Абу Бакр, пренесува “Ројтерс“.

    Апсењето на Гадафи доаѓа во ист ден со паѓањето на неговото последно упориште, Сирта.

    Преодниот совет потврди дека Сирта е во рацете на бунтовниците. Во центарот на градот веќе се вее новото либиско знаме.


    извор точка

    Не најдов ваква тема, ако сум згрешила клуч :)

    Што мислите за ова?
    Требаше ли волку далеку да се оди? Дали мислите дека Либија сега, после неговата смрт, ќе оди во погорна или во подолна линија? :)
     
  2. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Како по примерот на сите арапски земји у последно време.
    Ќе дојдат сега бунтовнициве на власт,а ќе бидат симнати од нивните досегашни поддржувачи САД,кои ќе си постават свои луѓе,за да оперираат свои бизниси.
    И ондак то.
    Најнова реприза од Египет.
    Или ако сакате Ирак,Авганистан,сеедно.
     
    На Bozica1980 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  3. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.440
    Пол:
    Женски
    Уште Ахмадинеџат остана и лидерот на Северна Кореја. Не дека овие ми се посебно симпатични но сево ова личи на дежа-ву!
     
  4. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Мижи Асан да ти баам му пукале во нозе ок де и после не можел да се движи е добро де ама пошо не им било доволно го упукале во глава и сега као тој жив бил фатен ама подлегнал на повредите :^) Ту штета :wasntme:

    И овој ќе го фрлат во море ?! :wasntme:

    Ајкулите лајк тхис ... :geek: ]:)
     
  5. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    А што е важно дали е стварно мртов или не?
    Исто како и Бин Ладен.
    Битно они си ја превземаа Либија.Дали Гадафи e жив или не ,небитно.
    А Гадафи не би се открил,добро му дошло за да се спаси и избега.
    Така да...
    Жал ми е само за народот по земјиве.Со години во војна живеат,без основни услови за живот.

    И кога некој ќе ми каже дека верска војна е ова..Ги заболе САД за ислам или муслиманите,а уште помалку за христијаните.
    Нафта,братче,моќ е у прашање.
     
  6. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Кога и да е ќе го нападнат Иран во блиска иднина. Е тогаш мислам дека официјално ќе почне Третата светска војна, ова е само подгревање на атмосферата. Ама Иранците нема така лесно да се дадат 80 милиони се на број, Ахмадинеџад добро ги држи под контрола и нема да дозволи НАТО да ги сврти против него како што направија во Либија.

    За мене тоа е проста и необразована маса луѓе (а и такви се) што дозволува друг да ги изманипулира и искористи за свои цели. 42 години Гадафи им беше ок, сега одеднаш стана тиранин, диктатор и сл. Па ако им беше толку лошо што не го срушеа со децении наназад, а не сега? Или немаа толку оружје и тенкови колку што им дадоа сега НАТО и САД? Све е ова политика и режирано сценарио на “големите“, кои се надевам ќе ја научат лекцијата од “помалите“. Секогаш се вадат на “демократија“ и ослободување на земјата од диктаторот. Ова е исто како некој да ви дојде дома во куќа/стан и да ви соли памет како лошо сте живееле и да ви воведува нови режими и системи. Ма све треба тоа да се исчисти, не знам кога Севена Кореја и Иран ќе го возвратат ударот. :lol:

    Ја не бранам ничија страна, неутрален сум, ама ме нервира што се врши неправда, терор, сила и не се бираат средства за да се оправдаат целите. Сега западњаците ќе ја кркаат либиската нафта и ќе ги спасуваат своите држави од криза, а либискиот народот уште повеќе ќе тоне во беда и сиромаштија. Мора некој да го подбере западот тоа е моја крајна констатација, премногу си земаа за право!!!

    П.С. А нели мислите дека сето ова е децениски унапред испланирано сценарио, кое конечно ги дочекува белите денови? :D Американски трупи се распоредуваат во Ирак, Авганистан, еве сега и во Либија ќе пратат, можда и во Сирија, Јемен ќе пратат, све ми се чини како да прават круг околу Иран кој еден ден ќе го стеснат и ќе го опколат ова екстремно стратешко важно парче земја за САД и светот? На тој начин се надеваат побрзо да го совладаат “нуклеарниот“ Ахмадинеџад, без преголем отпор. :lol: Има многу конспиративни теории...
     
    На zhap4e, Lilit, Jojoba и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Европската унија и Америка должат 200 милијарди долари за нафта. 2012 години истекуват концесиите на големите нафтени компании. Гадафи побара исплата на долгот и се заканил ... доколку тоа не го сторат ќе склопи меѓународни договори за влез на други земји и компании. Дали либискиот граѓанин имал причина за револт против режимот на Гадафи? Јас мислам не... Ако го погледнеме стандардот на либискиот народ и бенефициите понудени од страна на државата тој е многу убав и лесен Либија има 6,5 милиони жители, има 14 милиони регистрирани автомобили - Ако некој сака да студира во било која земја во светот, државата им обезбедува стан, храна, автомобил, бесплатни студии и месечна стипендија од 2,300 $ - Во Либија, не плаќаат вода, струја, гас и даноци, и кредити се дадени без камата.Автомобилите се купуваат по фабричка цена. Во Либија, за $ 10 може да се купи 85 литри бензин или нафта. Во Либија, храната е практично бесплатно, за 10кг леб трошите 0,15 $. Во Либија, нивните граѓани не работа физичка работа тоа го се прават странци. Либијците не одат на гурбет во белиот свет, бидејќи тие немаат потреба за тоа. Во Либија, Ниту еден граѓанин не е осуден, или му бил одземен стан или автомобил, бидејќи тие не би можеле да го отплатат кредитот, што не е случај во развиените ДЕМОКРАТСКИ... Искрено, жалам за либискиот народ како тие ќе бидат претворени во наемниот труд, дека ќе работат за 100 $ и каде тие бенефиции ќе им бидат укината, а тој пријатен живот може одсега да им биде само сон ... Америка и европската унија и должат на Либија 200 милјарди долари кои сега сакаат да му ги препишат на Гадафи дека ги изнел истите средства во странство пред да биде убиен..која траги-комедија на борците за човекови права..
    http://www.youtube.com/watch?v=Fgcd1gha ... r_embedded
     
    На PeachGirl, antilla, starbucks и 2 други им се допаѓа ова.
  8. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    е тешко дека лидерот на С.Кореја ке го чепнат зашо он знае и нуклеарка да фрли :!:
    иначе Гадафи беше убиен на грозоморен начин, каде се сега оние организации за човекови права :^) ама то ти е штом америка е умешана и стои зад терористите
     
  9. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Срамота. Многу ми беше жал кога гледав како го малтретираат. Целиот во крв, едвај се движи.
    И тоа зошто го убија? Си ја бранеше земјата чоекот. Е сега ќе им ја земат нафтата и нека си се чадат.
     
    На blond.bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    E тоа е луѓеее, кај замеша прсти Aмаерика така е секогаш...
    Cамо што мене ми е жал за тие американски војници што гинат секој дневно далеку од дома, заради некои си на фотеља, кои прават војни само заради материјалното
    Oд секогаш била таква Aмерика, тоа не треба да не чуди
    A тие бунтовницине што го убија гадафи ќе си ја чукаат главата, за 2-3 месеца војна со Aмерика ќе објаснат
    Aко ви текнува порано Pусите војуваа со Aвганистанците, дојде се умеша америка, беше на страната на Aвганистанците, ги протера Pусите, за на крај таа саматам да почне да војува со Aвганистанциве :)
    Tоа е Aмерика!
     
  11. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    ^^Не знам колку му било убаво на Либискиот народ со Гадафи..Се допишувам со еден дечко од Либија, од Сирт поточно и баш дискутиравме на оваа тема и вели дека денот кога Гадафи е убиен е празник за либискиот народ.Ај на страна тоа што крадел тоа е својствено за сите лидери, но никој не смеел да проговори збор против власта..кој не бил од негова страна бил малтретиран и многу народ бил убиен за искажување на незадоволство од власта..
    Сега пак Америка ќе почне командува со нив кога да видиш никакво решение нема..
    Америка се што допре пепел прави .
     
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    E да, гадафи може да се каже дека беше некој вид на диктатор
    истото се случува и во C.Kореа! па може да се каже и со Tито беше така, нели кој каже лош збор на голи оток (или како се викаше) ... иде :)
    Aма да видиме сега колку ден на славење ќе им биде со Aмериканциве
    A плус на либијците ништо не им фалеше, зборам од материјална страна!
    и од гадафи има полошо- прост пример Tалибанците
    Cамо Eгипет се крена во бунт, после и либијците
    е тоа е, политиката е таква!

    битно Aнглија франција и Aмерика си се договорија кој ќе ја дели нафтата...
    па да видиме, баш ме интересира што ќе биде со либија за месец-два
     
    На Hipster и oktavija им се допаѓа ова.
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Ќе надоместат тие со нафтата од Либија.

    ОН и НАТО се виновни за војната, се’ за таа пуста нафта. Јас верувам дека народот во Либија живеел добро пред да вмешат прсти Американците. 40 години бил добар, сега одеднаш не чинел.
    Мене ми е жал за Гадафи и неговото семејство, за начинот на кој е убиен, малтретиран, па дури и сексуално злоставуван.
     
    На Rose96 и antilla им се допаѓа ова.
  14. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Зависи како бил обоен дечкото.
    Мнозинството Либијци не сакаа да падне режимот. Либиската војска беше далеку поуспешна и имаше поголема поддршка од народот отколку бунтовниците. Всушност НАТО ја доби војната, а не бунтовниците, тие беа немоќни.
     
    На oktavija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Комерцијална прикаска за малце поголеми и ретардирани деца. На САД и гори,мораше да се убрза процесот,тие сакаа да најдат простор за похуман начин да го тргнат,но сега тензијата со светската депресија е поголема и кај нив влезе ѓаволот што би се рекло,народот почна да чувствува и да се бунтува,почната е блага инфлација,мораше да се оттргне вниманието и да се дојде што поскоро до ресурси и пари и бам,ете ти.Сега без трошка совест ги делат резервите на нафта,а пропагираат хуманизам и сочувствителност со либијскиот народ.Заедно со најмизерните европски земји кои го јадат лебот на Германија.Мизерно и ниско! А народот од Либија допрва ќе осиромаши и ќе биде во криза кога ќе ги исцрпат. Подобра им беше опцијата да ги води Гадафи,каков и да бил,отколку сега со гол гз и тоа напрчен да бидат пред цел свет.Ама ко нас се и тие...
    Туку отиде Садам,Ладен,Гадафи...туку кој да ги спаси американчиштата сами од себе е прашањето...
     
    На Bozica1980, Phyramide, Miss-Independent и 4 други им се допаѓа ова.
  16. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Кај замашала прсти Америка, од некаква корист е. Не е на арно.
     
  17. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    Зошто мораше да биде убиен Гадафи, еве зошто ...
    Sreta Dinic četvrtok, 20 Октомври 2011 во 23:17

    Европската унија на Америка се должат 200 милијарди долари за испорачана нафта! 2012 години од истекуват концесиите на големите нафтени компании.
    Гадафи побара исплата на долгот и се заканил ... доколку това не го сторат ќе склопи меѓународни договори за влезе на други земји и компании. Дали либискиот граѓанин имал причина за револт против режимот Muamera ел Гадафи? Јас мислам не... Ако го погледнеме стандард на либискиот народ и бенефиции понудени од страна на државата тој е многу убав и лесен - тие живееле како мали богови. Либија има 6,5 милиони жители, има 14 милиони регистрирани автомобили - Ако некој сака да студира во било која земја во светот, државата им обезбедува стан, храна, автомобил, бесплатни студии и месечна стипендија од 2,300 $ - Во Либија, не плаќаат вода, струја, гас и даноци, и кредити се дадени без камата. - Ако, во рок од пет години не може да го отплати кредитот, државата се отпишуваат или враќаат за вас. - Ако сакате да си купи автомобил, плаќате 20-30% од цената, а остатокот е субвенциониран од страна на државата. Во Либија, за $ 10 може да се купи 85 литри бензин или нафта. Во Либија, храната е практично бесплатно, за 10кг леб трошоците 0,15 $. Во Либија, нивните граѓани не работа физичка работа тоа го се прават странци. Либијците не одат на гурбет во белиот свет, бидејќи тие немаат потреба за тоа. Во Либија, Ниту еден граѓанин не е осуден, илиму бил одземен стан или автомобил, бидејќи тие не би можеле да го отплатат кредитот, што не е случај во развиените ДЕМОКРАТСКИ... Искрено, жалам за либискиот народ како тие ќе бидат претворени во наемниот труд, дека ќе работат за 100 $ и каде тие бенефиции ќе им бидат укината, а тој пријатен живот може одсега да им биде само сон ... Неколку размислувања за животот во Либија под Gadafijem: - бескаматен кредит, државата да ти даде стан или куќа - купување автомобили на смертка на фабриките, - да не должам секој денар, Европската унија и Америка и должи на Либиската држава 200.000.000.000$
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  18. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Јас познавам еден Турчин кој беше на работа во Либија пред да почне војната таму, па одвај се врати кога почнаа бомбардирањата...не е ни важно тоа. Вика катастрофа, баш таму се живееше добро, кризата не ни зеде некој замав таму, не се ни приметуваше...вели најдобро платена работа добил таму, најповолни услови за работа за странци-таму, а човеков и во Германија и во Белгија има работено. И рече, народов го затекна војната, изненадени беа Либијците, никој не ни очекувал вакво нешто и тоа до олкави размери да дојде. А овие бунтовнициве-проста маса, уличари, џганот на општеството.
    Тоа е... кога на Запад му треба нешто знае како да го добие, не те прашува како ти е тебе и како сакаш да живееш. Дури има земји за напаѓање и за манипулирање за нив нема зима. И веќе преку глава од оваа исцениранава криза, јас не ни знам што сакаат да постигнат со неа, голема депресија како онаа од 30-тите аха, да, само што за време на таа депресија во 30-тите луѓето умирале по улици за леб :^)
     
  19. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Изјавата на бунтовникот што го убил..
    Му удрив шамар ,ми рече Ти си ми како син
    Му удрив уште еден шамар,ми рече Jaс сум ти како татко,
    тогаш го застрелав.
    Мене искрено очите ми се насолзија.

    Иначе колку само за информација,во времето на Гадафи, Либија има стандард висок колку на сите екс-ју држави заедно.
    Граѓаните не плаќаат никакви даноци,ниту пак комуналии (струја,вода и сл.),со што имаат и многу поефтини производи,услуги...
    Имаат бесплатно здравствено осигурување.
    На социјалните случаи државата им го решава станбеното прашање,а добиваат и гратис кола ( и тука не мислам на Кока-Кола ;) ) .
    Да ,Либија може не беше демократска земја и не е развиена довлно,меѓутоа имаа живот подобар него ли на пример во Македонијава наша.
    Искрено,па тоа е и конзервативна земја,како и целиот арабски свет,и сосем ми е нормално што не се развиени,и верувам дека никаква демократија нема да ги "развие".
    Прееска баш на вести слушав еден српски политичар,Либија на студентите кои студирале во која било држава во странство,вклучувајќи ја и Србија, им давала стан,кола,им ја плаќала школарината ,и плус им давала 2300 евра МЕСЕЧНО!
    Кога тоа ќе ни го овозможат овие нашиве слободно нека бидеме под диктатура,ич демократија не ни треба.

    Сега ќе ги видиме бунтовнициве и нивниве поддржувачи,во каква "демократија" ќе живеат...Кога ќе ги кажуваат успатно мртвите само како бројки од 100-200 души на СиЕнЕН и БиБиСи.
    И кога Америка и остали тајкуни нема да ги крадат,пошто Гадафи ги шурел.
    Ахх што им прави простотата и необразованоста на луѓево... :x
     
    На CrazyGirl15, Bozica1980 и LittleDevil им се допаѓа ова.
  20. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Код:
    http://www.sitel.com.mk/video/svet/kakva-%E2%80%9Ediktatura%E2%80%9C-imashe-vo-libija
    еве го видео од вестите