Гастритис

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од srcence18, 5 декември 2009.

  1. srcence18

    srcence18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Ke ve zamolam ako moze nekoj da mi kaze sto vsusnost e toa gastritis??? Me interesira dali se lekuva i so sto??? :? dali e neso opasno???
     
  2. magic

    magic Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Гастритисот претставува остро или хронично воспалување на стомачната лигавица, предизвикано од внатрешни и надворешни фактори. Лигавицата на стомакот е многу здрава и е во состојба да издржи на дејството на многу силна киселина. Но понекогаш поради многу причини се појавуваат воспаленија. Првата причина е неправилното хранење, втората - поранешни заболувања и стрес. Постојат неколку видови гастритис:
    - Хроничниот гастритис се развива како резултат од дејството на различни фактори како лекарствата, се појавува при бактериски и вирусни инфекции. Тој е придружен од течење на крв. Често се среќава кај луѓе кои пијат многу алкохол.
    - Остриот гастритис се јавува како резултат на некоја тешка болест.
    Не се препорачуваат следните храни: кафе, какао, пржени и конзервирани храни, супа во коцка, туршија, чоколадо, лути зачини, риба, црн и пресен леб - тој треба да биде испечен. Забранети се алкохолот, многу ладни и жешки јадења и пијалаци.
    Гастритисот се лечи, а целта е намалување на нивото на лачење на стомачни киселини и избегнување на горенаведените храни.

    Се надевам помогнав. Поздравче
     
  3. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    281
    Jas imam akuten gastritis 2 godini kaj mene se pojavi od zemanje jaki antibiotici podolgo vreme.Inace ne e opasno porano piev apcinja a sega samo po potreba koga me boli zeludnikot ili koga imam gorusica obicno nasabajle.Malce ti e poosetliv zeludnikot i treba da vnimavas kakva hrana vnesuvas :)
     
  4. srcence18

    srcence18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    fala mnogu na informaciite :):):) a za kolku vreme moze da se izleci godina,dve ili...????
     
  5. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    42
    Дали гастритис може да има девојче од неполни 18 години,кое никогаш не пиела активно лекови,се случувало,еднаш-двапати во месецот,по потреба. И колку е точно дека од нервози се стварало тоа :^)
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    935
    Јас имам гастритис добиен од стрес на 14 години и деновиве страшни болки имам во желудникот. Дали има некои други апчиња освен Фамосан за гастритис?
    И каква храна би ми помогнала (освен супи)
     
  7. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    715
    Можно е да. Тоа што стресот има удел во настанувањето и тоа е точно. Кога си под стрес се лачи повеќе HCL во желудникот влијае во настанокот. Сепак денес гастритот и улкусот на желудник (чир) се повеќе му се препишуваат на Helycobacter pilori - бактерија во желудникот. Се пренесува преку плунка, и најчесто ако еден од членовите на семејството е позитивен, тогаш и останатите имаат голема веројатност да ја имаат оваа бактерија. Сепак не е страшно воопшто, се лечи. Само сепак треба да се дијагностицира прво од специјалист гастроентерохепатолог кој и ќе даде соодветна терапија. До тогаш само може само да избегнуваш кафе, цигарци, зачини (посебно луто), а и аспиринот, андолот, кетоналот и повеќето аналгетици имаат лошо влијание на лигавицата на желудникот. Ако имаш болки тогаш се пие ранитал, ранитидин, ланзол, тие ги смируваат болките во желудникот.
     
  8. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Пред еден месец ми правеа гастроскопија и дознав дека имам Хроничен гастритис. Секој ден имам болки, посебно навечер, некогаш не помагаат никакви апчиња. Моето прашање е дали некој/а од вас (што има ваков вид гастритис) имал/а проблеми со икањето? Веќе неколку дена по ред маки мачам со икавицата, дури мислам дека цел хранопровод ми е надразнет.
    Некаде прочитав во темава дека мојава болест ја добиваат тие што пијат алкохол, но во мојот случај морам да кажам дека не пијам. Сега се обидувам да си го средам желудникот со правилна исхрана ,свежи сокови и со Ланзул (препишан од доктор) меѓутоа нема некои големи промени. Поздрав до сите па доколку некоја од вас има некој совет како да ги ублажам болките и икавицата, би била неизмерно благодарна. :)
     
  9. causevsku777

    causevsku777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    9
    гадно ли е да ти прават гастроскопија?
     
  10. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Гастроскопијата во Воена ми беше одвратна, не даваат ништо за да се намали рефлексот за повраќање, но заврши брзо. А во Велес кога ја правев, беше сосема поинаква приказна. Исто заврши брзо, но не беше непријатна. Претходно ми дадоа инекција за да се намали рефлексот, а и ми прснаа спрејче во устата како локален анестетик. Такво нешто во Воена немаше, дури ми се изнасмеаја докторите кога прашав за тоа. Ок, како и да е, не боли, туку е само непријатно. :)
     
  11. plazma

    plazma Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    16
    Кај мене понекогаш,ама ретко се јавува некоја болка во желудникот, не многу јака, ама те тишти.Поголем проблем ми е кога ке ми се појави надуенот, како топка да сум голтната и тогаш нормално не ти се јадеИмам приметено дека после еден голем стрес ми се јавија симптомите..Дали ова може да се симптоми на гатритис? Поззз....
     
  12. causevsku777

    causevsku777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    9
    здраво сакам да прашам многу често стомакот ми се дува и осекам болка во пределот над папокот кога ке се претиснам со раката и некогаш имам и гасови незнам што е проблемот некогаш ми се појавува а некогаш не. дали некој знае од што може да биде?
     
  13. Ej-bi

    Ej-bi Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    16
    Да ве прашам.. Имам грчење на желудник дури и по една мандарина да речеме, само како некои турбуленции во стомакот и во желудникот. Дали се работи за гастритис? Како да го лекувам..?
    п.с Првпат вака да почуствувам ваква болка..
     
  14. Rebeka-1

    Rebeka-1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    2
    Decki Vase iskustvo za gastritisot,koi siptomi gi imavte i za kolku vreme go izlecivte,jas pijam lekovi ama nekako ne cistvuvam nekoe podobruvanje :(
     
  15. Sunshine1988

    Sunshine1988 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3

    Здраво Ребека. Јас имав проблем со гастритис веќе една година. :( Треба многу многу да се внимава на исхрана. Треба да избегнуваш секакво пржено, луто, премногу зачинето, алкохол и газирани пијалоци. И заедно со ова внимавање на исхраната ти треба и подолго лечење со лекарства за гастритис за да ти се излечи лигавицата на желудникот. Јас лично пиев Улкопрол (бугарски) два-три месеца наутро пред јадење. Незнам какви се твоите апчиња, но најдобро е да отидеш на гастроентеролог и да ти препише лекарства отколку да се лечиш сама. Се надевам дека помогнав. Поздрав. :)
     
  16. Rebeka-1

    Rebeka-1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    2
    Jas gi pijam veke nedela dena apcninja za toa donperidon i norpaza i ne osekam uste podobruvanje,a gledam po tvojov primer treba znaci podolgo vreme da se prima terapija da se sredi problemot, a kazi mi ti bese li poduena vo stomakot,t.e koi bea tvoite siptomi?
     
  17. Sunshine1988

    Sunshine1988 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Здраво Ребека. Да, бев подуена во стомакот, само што тоа беше наjмалиот проблем, проблемите беа тоа што имав силни болки во желудникот... Потоа болките се префрлиja од десната страна на желудникот и диjaгнозата ми беше гастритис. Ако ги имаш истите симптоми ке треба лекарствата да се пиjaт повеке време, но штом тие лекарства што моментално ги пиеш не ти помагаат треба да се консултираш со лекар и да ти препише други. Стискам палци се да е во ред.
     
  18. Rebeka-1

    Rebeka-1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    2
    Ti blagodaram mnogu,jas pa nemam mnogu bolki vo zeludnikot,ke vidime za edna nedela na kontrola do kade e lekuvanjeto
     
  19. Fex

    Fex Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас имам хроничен гастритис од својата 14,15 годиншна возраст најверојатно го добив од стрес бидејќи и јас како тебе не сум по алхохолот многу :D мене најчесто ме боли кога ќе дојдат посончеви денови,на пример од јули до септември ,,зборам со господ'' но во преостанатиот дел од годината се чуствувам одлично.Пробај на сабајле јади по 10 зрна од брусница и околу еден час не конзумирај ништо,пробај исто така со вода,кога ќе станеш наутро испи 160 мл вода и исто така во наредните 60 минути не конзумирај ништо (ако ти дозволуваат финансиските средства ти препорачувам тоа да биде купена обична вода затоа што лично од чешма вода не смеам ни да помислам да пијам зошто знаеш какви болки ми следат.. затоа и тебе може така).А ако сакаш моментално да ги ублажиш болките земи греј ги нозете со фен,но мора да се грееш на гола кожа значи да немаш ништо во пределот на бутовите облечено,и така греј се но само пределот на бутовите не стомакот затоа што ризикуваш преплет на црева ако го грееш директно стомакот значи САМО БУТОВИТЕ.Ова за жал јас сам сум го открил :D и кога ќе размислам фенот ми помогнал повеќе од сите апчија во тие моменти... нешто слично како морфиум :D и нормално води ред на исхараната,на пијалоците посебно (алхохол,кафе,газирани води/сокови) и цигари.Исто така препорачливо е да пиеш 8 чаши вода на ден.Труди се да вежбаш почесто и тоа е тоа :) за жал не знам дали се лечи целосно хроничниот гастритис иако сеуште го имам,но ова што ти го кажав ќе ти помогне многу верувај :)
     
  20. srna1234

    srna1234 Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    денес праев гастроскопија...МНООГУ НЕУБА РАБОТА.....од одвај издрзав и испадна гастритис со појацана киселина ааа една година незнаеја д ами казат со ми ее оти имав болки во зелудникот и белите дробови и сето то од ова билоо .......онака да си казамм колку е кајнас спремна дрзавата .....зато на ПРИВАТНО ДА СИ ОДИТЕ ПОЗЗЗЗЗ