1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ)

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од MacaLove, 28 јули 2019.

  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Гастроезофалгеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) е заболување предизвикано од навлегување или враќање на желудочната содржина во храноводот. Претставува едно од најчестите заболувања од областа на гастроентерохепатологијата.
    Интересен е фактот што од една страна мал е бројот на пациентите кои бараат лекарска помош од ваков вид, а од друга страна има голем број на лекари што не обрнуваат внимание на симптомите од ова заболување.
    Поради таквите обострани пропусти доаѓа до влошување на состојбата кај пациентите со што процесот напреднува, а дијагнозата се поставува релативно доцна, па шансите животот да се доведе во прашање стануваат повеќе од можни.


    ГЕРБ има типична симптоматологија.

    Најчесто постои печење или жарење позади градната коска, враќање на желудочната содржина во грлото без напор, гадење и подригнување. Поретко може да има отежнато голтање, болка при голтањето, градна болка и зголемено лачење на плунка.
    (текстот е преземен од доктори.мк)

    Ја отварам темава затоа што ова е многу често заболување, кое е сосема игнорирано од пациентите, а и од докторите.
    Како додатни симптоми се :

    • Грутка во грлото, непријатно чувство дека нешто стои.
    • Постојано кашлање, налик настинка.
    • Течење на нос, често поврзано со алергиска реакција.
    • Подригнување.
    Би било убаво ако има некоја членка/член да сподели искуство.
     
    На Ahilias му/ѝ се допаѓа ова.