А на што ви гледа мајка Стоја на кафе или на икони и дали ви погодува ? Многу е тоа бре 500 евра... Љуѓе сакам да одам кај Сашо Стојановски или попознат како Сашофакторх, дали некој од вас бил и дали да одам или џабе е. Jas bev ama ne mi pomogna voopshto Јас бев ти опишува се околу местото што е направено тука погодува, а за другото не сум баш сигурна дека погодува, си оставш пари колу што мислиш. Не оди, џабе е. Jas planiram da idam.
Во темата https://forum.femina.mk/threads/Дали-верувате-во-магии.290/ Барајте го мојот пост, пуштив извадоци од една православна книга има објаснето се во врска со ова.
Тоа е тој македонски синдром... секогаш некој друг мора да ти е крив за моменталната ситуација. Не дај Боже човек да се преиспита кај греши, како да ја оправи работата, да посети лекар... најлесно е да мислиш дека некој друг ти е крив за твојата несреќа, дека си нагазил, дека ти направиле нешто, та инаку без тоа ќе бевме среќни и се ќе беше прекрасно. Животот е живот, заебан е за сите, секакви периоди идат. Човек треба да се испрај цврсто и да се избори против лошото, да си ги реши своите внтрешни проблеми, да си ги преиспита своите грешки, и да се помири со тоа дека животот е маратон со препреки, а не чудесна земја со магии. Најлесно е да бидеш жртва, и комшиите да ти се криви оти си несреќен - оти ти љубомореле па ти фрлиле магија.... Тогаш се оградуваш од секакво решение да превземиш нешто против својата несреќа, туку си велиш, направено ми е - посилно е од мене, јас сум си ОК, другите не чинат, ми фрлиле магија... нема што да направам за да се подобри работата, магија е - нека ми забаат, ќе помине. Не поминува така!!!
@jacqueline.s мислам им иде таква идеја заради што се немоќни да се справат со нивните проблеми, можеби и повредено им е егото што не им оди работата како што сакаат тие и сакаат да е по нивно,или заради што во љубовта немаат среќа или заради болест наместо да бараат решение на лекар тие одат по гатачи каде што ќе им кажат дека стрина им или јатрвата или комшивката им фрлила магии во двород или во некое цвеќе Сметам дека човек кога ќе има мака секаде ке си го бара чарето, но не верувам дека постои гатач што може да им ги реши проблемите За секој проблем има решение но тоа не е ниту еден гатач или бајач
Тоа е болест. Ќе се прелажеш кај еден за гатање, ќе отидеш кај друг за баење, па ќе слушнеш во Свирипичино имало некој магии што растурал па и таму ќе отидеш. После во Долнодупени имало некој за пород баел, во Стрежовце од уроци, во Огњанци некоја ќе ти види што не ти иде у живот и совети за бољи живот. Некој од веќе посетените ќе те прати кај некој олово што топи, тој ќе ти стопи ама ќе те прати во Клечовце кај пријателот кој е специјализиран за вадење жива, бидејќи тој со оловото не работи со тој хемиски елемент. Па пак ќе те пратат кај некоја да ти "види" дали си исчистен од тешки метали така што ќе те однесе на некој извор демек извира од очи на некој светец, лажно ќе се повикува на икони додека во ходник има залепено постер од лепа Брена. Ако од сите овие не најдат спас автоматски го повторуваат тој магичен круг. Евентуално ако отидат по помош кај психијатар, тој ги праќа во лудница и ги спасува.